Судиите пак ја украдоа Рома, Еспањол лудо се забавуваше против Лудогорец (Видео)

На Рома повторно ѝ се случи судиска неправда на новиот дуел против Борусија Менхенгладбах, а гостите од Рим вечерва се поразени со 2:1.

При акцијата за водечкиот гол на лидерот во Бундеслигата, топката беше во аут, но судиите не реагираа, па Фазио си постигна автогол во продолжение.

https://twitter.com/StepAsR/status/1192544571705692161?s=20

Истиот играч се извади за киксот со гол во вистинската мрежа откако ја смести топката зад грбот на Зомер во 64-тата минута, но Рома прими гол во судиското продолжение за пораз од 2:1 на „Борусија парк“.

На дуелот пред 14 дена во Рим беше досуден пенал за Борусија во последните моменти, иако топката го удри Крис Смолинг в лице, а не во раката. Од белата точка германскиот тим успеа да се спаси од пораз и освои бод со реми 1:1.

Највисоката победа вечерва ја забележа Еспањол во Барселона против Лудогорец со 6:0. Гостите од Бугарија играа со деветмина играчи, што го искористи шпанскиот прволигаш и им ја наполни мрежата.

На „Олд Трафорд“ лошо мина Партизан, а Манчестер јунајтед славеше со 3:0 и оди понатаму во следната фаза во Лигата на Европа.

Резултати: Борусија Менхенгладбах – Рома 2:1, Брага – Бешикташ 3:1, Еспањол – Лудогорец 6:0, Ференцварош – ЦСКА Москва 0:0, Феенорд – Јанг Бојс 1:1, Манчестер јунајтед – Партизан 3:0, Олександрија – Сент Етјен 2:2, Глазгов Ренџерс – Порто 2:0, Волфсбергер – Басакшехир 0:3, Волфсбург – Гент 1:3, Вулверхемптон – Слован Братислава 1:0.

- Оглас -

Најнови вести