Докса стравува од македонскиот голгетер во Кипар

АЕК Ларнака – Докса (Кипар, 18 часот)

Ова ќе биде македонски дуел во Кипар. За АЕК ќе играат најдобриот стрелец во Лигата, Иван Тричковски и стоперот Даниел Мојсов, а за гостите би требало да настапи Душко Трајчевски.

АЕК има подобар тим и е аспирант за горниот дом, па зошто да не и за титулата. Тричковски е во феноменална форма и веќе постигна 9 гола на осум натпревари, колку што одигра тимот од Ларнака во новата сезона во домашното првенство. Се врати во првиот состав и Даниел Мојсов, па сега и одбраната на АЕК е поцрврста.

Докса е последна само со 3 бода и 3 постигнати голови и заедно со Олимпијакос Никозија се единствените два состави што се без триумф досега.

Гостите имаат поразителен биланс против АЕК и немаат победено на 15 меча по ред во дуелите со тимот од Ларнака. Тричковски им даде три гола на последниот меѓусебен дуел во јануари годинава, а АЕК ја декласираше Докса со 5:0. Иван е во форма, типуваме дека ќе биде стрелец и победата на АЕК не би требало да изостане.

Предлог тип: 1&3+ (1.98)

 

Келн – Хофенхајм (Бундеслига, 20.30 часот)

Тренерот на Келн, Ахим Бајерлорцер, е под голем притисок и може и да биде сменет ако Келн не успее да победи или да избегне пораз во дуелот со Хофенхајм.

Се редат лоши резултати кај популарните Јарци, па неуспех вечерва може да значи збогум за тренерот. А што е уште полошо за домаќинот, ќе треба да се вади против тимот што моментно во Бундеслигата е во најдобра форма и нареди четири победи по ред.

Алфред Шрудер одлично го замени Јулијан Нагелсман на клупата на Хофенхајм и тимот игра сè подобро откако стартот беше скромен.

Гостите имаат големи проблеми со повредите на играчите, но успеваат да ги покријат сите позиции бидејќи имаат поширок и поквалитетен ростер од Келн. И имаат шест меча по ред без пораз против популарните Јарци, а двата последни ги добија со неверојатна вкупна разлика од 9:0.

Лани во март Хофенхајм и буквално го растури Келн со 6:0, а  во истата сезона славеше и на гости со 3:0. Келн ќе се обиде да му се спротивстави на разиграниот гостин, но ќе типуваме продолжување на серијата победи на Хофенхајм.

Предлог тип: 2 (2.75)

 

Сасуоло – Болоња (Серија А, 20.45 часот)

И двете екипи играат без пардон, на гол повеќе и постигнуваат, но и примаат доста погодоци во новата сезона во Серија А.

Доменико Берарди и сезонава игра одлично, го потврдува раскошниот талент според кој беше најавуван како еден од најдобрите фудбалери во Италија во неговата генерација. Постигна 7 гола и тој е главниот адут на Сасуоло и против Болоња.

Гостите имаат искусен тим со играчи од калибарот на Паласио, Медел, Сансоне, Поли… и воопшто не играат лошо. Напротив, избраниците на Синиша Михајловиќ им зададоа многу проблеми на фаворитите Јувентус, Интер и Рома, иако трите меча ги загубија со по 1:2.

Имаат шанси да остварат добар резултат против Сасуоло, но според нас, подобро е да се почитува традицијата од последните меѓусебни дуели, кога по правило имаше најмалку три гола.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.95)

 

Норвич – Ватфорд (Премиер лига, 21 часот)

Ова е битка на двете последнопласирани екипи во Премиер лигата, па бодовите ќе бидат исклучително важни и за Норвич и за Ватфорд.

Интересен е случајот со популарните Канаринци, кои пееја победничка песна додека финскиот репрезентативец Пуки даваше голови. Досега има шест во Премиер лигата, но не ја затресол мрежата од септември и дуелот со Манчестер сити, па машинеријата на Норвич зариба и нареди пет меча без победа.

Ватфорд почна лошо и продолжи во ист стил и е единствената екипа по 11 кола што нема победа во Премиер лигата. Не помогна многу ниту враќањето на Кике Флорес Санчес на клупата, а вистински поттик би бил капитенот Трој Дини да се врати, но неговиот камбек сè уште е далеку.

Интересно е што меѓусебните дуели на Норвич и на Ватфорд редовно во последно време изобилуваат со голови, но сега ќе имаме поинаков меч, во кој бодовите вредат двојно.

Предлог тип: 2>1 (1.92)

 

Реал Сосиедад – Леганес (Ла Лига, 21 часот)

Леганес игра очајно во Ла Лига и е последен на табелата, а ако продолжи во овој тренд, не му бега преселба во понизок ранг.

Луис Сембранос не успева да донесе позначајна промена, иако откако тој е именуван за тренер на клубот од Мадрид, забележана е првата победа сезонава во шпанското првенство.

Леганес има и скромен тим за силна лига каква што е шпанската, па на повидок е црно сценарио, ако работите не се сменат драстично и ако не се случи некакво чудо.

Реал Сосиедад игра одлично и е во трилингот екипи со Барселона и Реал Мадрид што се на врвот на табелата со по 22 бода.

На „Аноета“ редовно го победуваат Леганес, а според формата и квалитетот, и вечерва се апсолутни фаворити и ние ќе типуваме дека ќе имаат 25 бодови по мечот од 13-тото коло.

Предлог тип: 1 (1.85) Супер тип на Sport Life

 

Стандардно во дневната понуда на Sport Life со единствени квоти можете да ги одиграте следните три натпревари:

Сасуоло – Болоња (Серија А, 20.45 часот)

Предлог тип: Т1 2+&ГГ (2.85)

Ница – Бордо (Лига 1, 20.45 часот)

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.20)

Реал Сосиедад – Леганес (Ла Лига, 21 часот)

Предлог тип: 1&2-4 гола (2.65)

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести