Лајпциг гази се пред себе, Херта го чека во Берлин на ново гол-шоу

Херта – Лајпциг (Бундеслига, 15.30 часот)

Двете екипи имаат исклучително ефикасна серија на меѓусебни мечеви и во последните пет пресметки заедно постигнаа дури 26 голови.

Имаше дуели со резултат 6:2, потоа и 5:0, 3:2, 4:1… па се очекува ново гол-шоу, овојпат во Берлин. Лајпциг постигна неверојатна победа од 8:0 против Мајнц пред две кола, претходно го декласира и Волфсбург со 6:1 во меч од германскиот куп, а има хет-три од победи што ги заокружи со успех во Санкт Петербург и триумф од 2:0 против Зенит во меч од Лигата на шампионите.

Јулијан Нагелсман полека, но сигурно го склопува мозаикот и повторно потврдува дека е еден од најперспективните тренери во Европа.

Херта игра по принципот топло-ладно. Тргна со одлично реми, 2:2 против шампионот Баерн, но сега има повеќе порази од победи во Бундеслигата. И тие се ефикасни, но и примаат голови, па ќе типуваме нов ефикасен дуел меѓу двата бундеслигаши.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.96) Супер тип на Sport Life

 

Валенсија – Гранада (Ла Лига, 16 часот)

Валенсија ќе игра на крилјата на одличната победа против Лил во Лигата на шампионите. „Месталја“ повторно ќе биде вулкан и тврдина што тешко се освојува.

Популарните „лилјаци“ имаат шанса да дојдат до хет-трик, откако пред Лил го совладаа и Еспањол во меч од Ла Лига.

Гранада стартуваше одлично, но сега има два порази по ред и сака да избегне серија од неуспеси. Покрај одличниот противник и жешката атмосфера на „Месталја“ ќе ја имаат против себе и традицијата, која вели дека никогаш не ја победиле Валенсија во меч од елитната шпанска лига.
Ќе типуваме дека традицијата ќе продолжи со триумф на домаќинот.

Предлог тип: 1 (1.82) Супер тип на Sport Life

 

Интер – Верона (Серија А, 18 часот)

Интер конечно има тим што може рамноправно да се вклучи во трка за Скудетото во Италија. Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинес се опасен напаѓачки тандем, а „нероаѕурите“ со мали падови се конкурентни и можат да му ги замрсат сметките на неприкосновениот Јувентус.

Против Верона избраниците на Конте ќе ги лечат раните од болниот пораз во Дортмунд, кога беше прокоцкана предност од 2:0, па на крајот Борусија победи со 3:2.

Верона игра одлично, откако направи кам-бек во Серија А, освои 15 бода и игра мошне цврсто. Постигнаа и примија по 9 гола во 11 кола, па акцентот е на стабилната дефанзива. Последните меѓусебни дуели на овие две екипи беа ефикасни, а Интер има серијал од 14 меча без пораз од Верона.

Предлог тип: 3+ (1.73) Супер тип на Sport Life

 

Лестер – Арсенал (Премиерлига, 18.30 часот)

Лестер подготвува нова бајка од типот на историската и шампионска во сезоната 2015/16, кога Варди и соиграчите приредија сензација со освојување на титулата во Премиерлигата.

И сега популарните лисици имаат супер тим, што игра и атрактивно и ефектно, па позицијата број три по 11 кола во англиското првенство е одлична за избраниците на Брендан Роџерс.

Арсенал не игра на посакуваното ниво, Унаи Емери и играчите се под голем притисок, иако тимот има квалитет и за битка за титула. Освоени се само 17 бодови досега, што за Обамејанг, Лаказет, Пепе… и уште дузина екстра-квалитетни играчи е оценето како неуспех.

Против Лестер нема да играат Џака и Себалјос, што е дополнителен проблем за тимот од Лондон. Во последно време двете екипи одиграа неколку возбудливи натпревари со многу голови, па ќе типуваме дека и денеска на „Кинг Пауер“ често ќе се тресат мрежите.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.78)

 

Лил – Мец (Лига 1, 20 часот)

Лил испадна од трката за пласман во нокаут фазата во ЛШ, по поразот од Валенсија, па сега ќе може со сите сили да се насочи на што подобар пласман во домашното првенство.

Лани направија чудо со пласман на втората позиција зад шампионот ПСЖ, откако само една сезона претходно едвај се спасија од испаѓање од Лига 1.

Лил има подобар тим од Мец, против нив имаат и две победи по ред, но проблем за избраниците на Галтие може да биде заморот.

Сепак Лил е најдобрата домашна екипа во елитната француска лига со шест победи и само едно реми и „Пјер Моро“ според нас повторно ќе биде превисока пречка за гостинска екипа.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

- Оглас -

Најнови вести