Бока јуниорс нема да ја урне „Тврдината“ на Велез Сарсфилд

Велез Сарсфилд – Бока јуниорс (Суперлига, Аргентина 00 часот)

Точно на полноќ почнува дербито на 13, коло во аргентинското првенство, а „Тврдината“, или како што официјално се вика „Хозе Амалфитани“ стадионот на Велез Сарсфилд ќе гори за победа на своите миленици, во дуелот со великанот Бока јуниорс.

Двете екипи имаат огромно реноме во светскиот фудбал, не само во Аргентина, па се очекува спектакл. Велез има 10 титули во Аргентина, наспроти 33-те на Бока, што покажува дека и двете екипи имаат богата традиција и колекција од трофеи.

Познатиот поранешен фудбалер, Габриел Хајнце, сега во улога на тренер на Велез Сарсфилд ќе има тешка задача да најде рецепт како да се сопре Бока и да се добие мечот што значи многу во битката за врвот на табелата.

Многу работи за Велез ќе зависат од поранешниот играч на Реал Мадрид, Фернандо Гаго, кој е моторот на екипата. Посебен мотив ноќеска ќе има напаѓачот Огустин Бузат, кој не доби сериозна шанса во Бока јуниорс, па се пресели во редовите на Велез Сарсфилд.

Гостите имаат подобар тим со познати ѕвезди од рангот на Тевес, Салвио, Зарате, Абилја…, но „Тврдината“ со 50 илјади фанатични навивачи на Велез Сарсфилд тешко се освојува. Ќе типуваме на реми во аргентинското дерби на 13. рунда.

Предлог тип: Х (2.85)

 

Филаделфија 76 – Шарлот хорнетс (НБА, 00 часот)

Филаделфија остана без Бен Симонс, еден сестран кошаркар, што игра страшна одбрана, а знае и да асистира и да погодува, па тоа ќе биде хендикеп за 76-те.

Сепак според многу експерти Фили веројатно ја има и најдобрата стартна петорка во Лигата, со Ол-стар кошаркари од калибарот на Ембид, Хорфорд, Харис…Пристигна и Џош Ричардсон од Мајами, па со Симонс, тоа е одлична подлога за успеси на Филаделфија.

Клуб што оддамна ја чека четвртата титула во НБА лигата, а паузата од последниот пехар е 36 години. Ако останат здрави сите кошаркари, тогаш Филаделфија може да биде сериозен конкурент за шампионската круна.

Шарлот е во сосема поинаква позиција и за нив успех би бил и самиот пласман во пелјофот. Им замина најдобриот кошаркар, Берон Дејвис, но имаат млад тим, од кој допрва се очекуваат добри резултати.

Засега солидно се држат со 4 победи и пет порази, но сепак не се ниво на Филаделфија. Патем имаат и црна серија од 11 порази по ред против 76-те, па ќе одиграме дека домаќините ќе водат на полувреме и ќе го добијат мечот.

Предлог тип: 1-1 (1.33)

 

Чикаго блекхокс – Торонто мејпл лифс (НХЛ, 01 часот)

Ова е дуел на две екипи што имаат оставено длабока трага и во формирањето на НХЛ лигата и во нејзиниот развој. Чикаго и Торонто се основачи на најсилната хокеарска лига, како дел од познатото друштво на „Оригиналните шест“ кои во 1942 година ја формираа НХЛ и до 1967 година играа во формат со шест екипи.

Двете франшизи имаат вкупно 34 финалиња во битка за Стенли купот, а Торонто е поуспешен со 13 трофеи и 8 вицешампионски круни. Таму пехарот се чека долго, веќе 52 години, за разлика од Чикаго, град кој во оваа декада трипати правеше прослава во чест на своите хокеари, кои го освојуваа пехарот во НХЛ лигата.

Блекхокс имаат вкупно 6 трофеи, а уште 7 пати играа финале, па јасно е дека има огромен ривалитет меѓу двете екипи, иако се од различни држави и играат во различни конференции.

Новата сезона подобро ја почнаа хокеарите на Торонто. Со 22 бода се на четвртото место во Источната конференција. Двајцата врсници, Метјуз и Марнер, кои имаат по 22 години блескаат и заедно искомбинираа 39 поени досега. Метјуз е и трет стрелец во лигата со 13 гола, а Марнер е во топ-10 во втората важна категорија, со 14 асистенции.

Разигран сезонава е и Рајли со 13 прецизни додавања за погодок до соиграчите и три гола.

Кај Чикаго се уште има дел од хокеарите што се активни, а освојуваа титули во оваа декада.

Капитенот Тејс, потоа Шо, голманот Крафорд и Сад се дел од шампионската генерација на Чикаго, а и сезонава ги предводи Патрик Кејн, кој во моментов е хокеар број 1 во тимот со 17 поени (6 голови и 11 асистенции).

Торонто има помлад и поперспективен тим, а Чикаго има искусни волци, па ќе гледаме дуел на хокеари од различни генерации.

Во последно време дерби мечевите на Чикаго и Торонто изобилуваат со погодоци, па и за ноќеска нашиот тип е плус голови.

Предлог тип: > 5.5 гола (1.55)

 

 

Феникс санс – Бруклин нетс (НБА, 02 часот)

Кога се очекуваше пад на Феникс санс, поради драстичната казна за центарот Деандре Ајтон, тимот покажа карактер и успеа да се одржи на позитивен биланс од 5 победи и три порази на стартот од НБА лигата.

Бруклин се уште игра по принципот топло-ладно со скор 4-4, иако се засили со големата НБА ѕвезда Кајри Ирвинг. Бекот одлично се снајде, но на тимот му треба време за да почне да игра постабилно и да може да победува во серија.

Бруклин има одличен тим што е засилен и со Тајшон Принс, па е фаворит против младиот тим на Санс. Феникс во перспектива може да биде состав што ќе игра во плејофот, бидејќи има неколку големи таленти во тимот.

Ги предводи одличниот бек-шутер Девон Букер, тука е и Ајтон, кој е казнет со 25 меча, поради допинг, а покрај нив се и Убре, Шариќ…. И Рики Рубио пристигна во Феникс, па клубот што во ланската сезона имаше катастрофален биланс од 19 победи и 63 порази, сега ќе биде тврд орев за сите ривали.

Двете екипи играат брза кошарка, постигнуваат, но и примаат многу кошеви и ќе типуваме дека и ноќеска тој тренд нема да се смени.

Предлог тип: > 228.5 поени (1.75)

 

Портланд трејлблејзерс – Атланта хоукс (НБА, 03 часот)

Звучи малку и неверојатно податокот дека Портланд се уште нема победа на домашен терен. Во минатото „Мода Центар“, или попозната како „Роуз Гарден“ беше еден од терените што беа бедем за сите ривали во НБА лигата и сала во која тешко се победува.

Портланд има проблем со повредите на дел од клучните играчи, а покрај Нуркиќ и Пау Гасол, можно е против Атланта да не играат и Худ, Вајтсајд и Лабисие.

Товарот повторно ќе падне на извонредниот бековски тандем Лилард – МекКалум, но Трејлблејзерс немаат веќе избор и мора да ја прекинат серијата од три порази на свој терен.

И Атланта има проблеми, особено поради отсуството на младата ѕвезда Џон Колинс, кој е казнет со 25 меча поради допинг, исто како и Ајтон од Феникс. И Крабе нема да игра против својот поранешен тим Портланд, а сега и Винс Картер ќе биде отсутен, заедно со Тарнер и Парсонс, што значи дека Атланта ќе има доста проблеми ноќеска против Портланд.

Тре Јанг и Џабари Паркер се главните адути на Хоукс, кои имаат два порази по ред. Се очекува сефте победа на Портланд во „Мода центар“, а ќе типуваме дека ноќеска ќе падне Атланта.

Предлог тип: 1-1 (1.62)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести