Ќе грми од голови во Тампа

Ривер плејт – Клуб Атлетико Естудијантес (Аргентински куп, 01.10 часот)

Аргентинскиот куп има интересна приказна и по долг период лутање со форматот, се возобнови во 2011 година.

Ривер плејт има две титули, а на врвот на листата е вечниот ривал Бока јуниорс со три пехари. Бидејќи се апслотуни фаворити, сега популарните Милионери имаат голема шанса да се израмнат и ноќеска против вторлигашот Естудијантес и ако победат, потоа ќе играат и во евентуалното финале со подобриот од мечот меѓу Сентрал Кордоба и Ланус.

Клуб Атлетико Естудијантес е член на втората аргентинска лига и, како што е вообичаено во повеќето земји во Јужна Америка, има неверојатно долга фудбалска традиција и постои 121 година. Нема позначајни успеси, а ова може да му биде меч за клупска историја против градскиот ривал од Буенеос Аирес.

Ривер е светски познат клуб со огромна традиција и очекуваме да го потврди реномето со победа на неутрален терен во Кордоба.

Предлог тип: 1-1 (1.67)

 

Бафало сејбрс – Каролина хурикејнс (НХЛ, 01 часот)

Сезонава мечевите во НХЛ се суператрактивни со голем број погодоци, што е вистинска мамка за љубителите на динамичната игра на мраз.

Бафало долго очекува пласман во плејофот откако претходните пет сезони не се избори за доигрувањето за титулата. Клубот е формиран во 1970 година и заедно со Ванкувер канукс се двата клуба што немаат титула и најдолго чекаат на шампионски прстени во НХЛ-лигата.

Тргнаа одлично во новата сезона, но сега имаат драстичен пад со пет порази по ред. Младиот Џек Ејчел, кој има 23 години, им е ударна игла и хокеарот со најмногу поени, 19 (8 гола и 11 асистенции). Тимот имаше прекар „француската врска“ по триото легендарни Французи Перо, Мартин и Робер, кои беа главни столбови во тимот во раната фаза на настапите на Бафало во НХЛ-лигата.

Сега имаат доста Швеѓани во екипата, но и тоа не помага тимот да стигне до плејофот.

Каролина има една титула, освоена во сезоната 2005/06, а беше во слична позиција како и Бафало со серија од 4 сезони без плејоф, што ја прекина лани, со пласман во конференциското полуфинале.

Ураганите имаат млад тим со неколку есктра таленти од калибарот на Ахо, Свешников, Фогел, тука е и Тераваинен и се фаворити за победа.

Сепак, овде ќе ја почитуваме и традицијата на меѓусебните дуели, а на последните пет имаше многу голови.

Предлог тип: >5.5 гола (1.65)

 

Флорида пантерс – Винипег џетс (НХЛ, 01 часот)

Флорида меѓу последните екипи ѝ се приклучли на НХЛ-лигата откако беше основана во 1993 година. Почетокот на авантурата во најсилната хокеарска лига на светот за малку ќе ги одведеше и до пехарот во Стенли купот, но Колорадо ги сопре во финалето во 1996 година.

Оттогаш само уште четирипати учествуваа во плејофот и ја немаат минато првата рунда. Новата сезона ја почнаа солидна и моментно се шести во Источната конференција. Имаат перспективен тим што го предводат одличните Хубердо и Барков, кои имаат по 24 поени и се во топ-10 во лигата.

Винипег во последните две сезони беше рангиран во топ-фаворитите за титулата, но не успеа. Поблиску беше преклани, кога го загуби конференциското финале против Лас Вегас, а лани го сопре актуелниот првак Сент Луис.

И годинава имаат слични амбиции, но и многу проблеми со повредите. Во остуство на Литл, Летесту, Нурк и уште неколку одлични хокеари, главен адут им е Марк Шифеле. Моментно се осми во Западната конференција, но има уште доста да се игра, а Џетс ќе бидат многу посилни ако се вратат сите хокеари во составот.

Против Флорида во последно време одиграа неколку ефикасни мечеви, па и тука ќе типуваме дека ќе има повеќе од 5 гола.

Предлог тип: >5.5 гола (1.60)

 

Тампа беј – Њујорк ренџерс (НХЛ, 01 часот)

Тампа има страшен потенцијал што не го презентира најдобро на почетокот на сезоната. Со ѕвезди како Стамкос, Кучеров, Џонсон, Палат… тимот освои за нив скромни 18 поени досега.

Имаат една титула во НХЛ и неколку забележителни настапи во последните неколку сезони. Во последните пет настапи во плејофот имаат загубено едно финале за титулата и две конференциски финалиња, иако според тимот што го имаа беа фаворити и за пехарот.

Њујорк блесна во 2014 година, кога по долг период играше за титулата, но загуби од Лос Анџелес, а следната сезона токму Тампа беј го елиминираше во конференциското финале, а потоа беше поразен од на една од најпознатите НХЛ-франшизи и член на „Оригиналните шест“ што ја основаа лигата.

Годинава живнаа малку, во последно време играат одлично и имаат шанси за подвиг против Тампа. Сепак, и тука ќе играме на голови бидејќи и двете екипи се ефикасни.

Предлог тип: >6.5 гола (1.95)

 

Минесота вајлд – Аризона којотс (НХЛ, 02 часот)

Аризона забележа две блескави победи против двата фаворити за титулата во последните два меча. На пенали паднаа и прекланскиот и ланскиот шампион Вашингтон и Сент Луис, што е голем поттик за Којотите од Аризона.

Пред тие два меча, токму Минесота ја победи Аризона со 4:3 на гостински терен, па сега ќе има реванш.

Вајлд е меѓу екипите со најмногу примени голови во лигата, а одбраната не е на посакуваното ниво со 63 примени голови. Ефектот е поразителен, па Минесота е претпоследна во Западната конференција со 13 бодови, колку што има и Лос Анџелес кингс.

Тим што ги има во нападот Коиву, Паризи, Зукарело, Стал…. мора многу подобро, но засега нешто не штима како што треба во таборот на Минесота. Лани беше прекината серијата од настапи во плејофот, а како што им оди, се чини дека и оваа сезона во Минесота нема да се гледаат мечеви од доигрувањето за пехарот во Стенли купот.

Аризона е во сосема спротивен тренд и се обидува да ја прекине низата од пет сезони без плејоф, а засега им оди одлично и се наоѓаат на четвртото место во Западната конференција. Имаат многу солиден тим што го предводи ветеранот Фил Кесел, а засега најмногу покажува 23-годишниот Ник Шмалц.

Гостите се фаворити, се наоѓаат во подобра форма, но и овде ќе се обидеме со плус голови.

Предлог тип: >5.5 гола (2.10)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести