28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Јута не греши двапати, Џезерите подготвија стапица за волкот Таунс

Монтреал канедиенс – Отава сенаторс (НХЛ, 01.30 часот)

Монтреал, најтрофејниот клуб во историјата на НХЛ-лигата, игра солидно во новата сезона и има биланс 11-10, доволно за шестото место во Источната конференција.

Клод Жулиен има тешка задача да го води тимот што направи доста промени во ростерот кон плејофот. За популарните Канаѓани тоа е обврска. Плејофот се смета за почетна цел во секоја сезона за 24-кратниот првак, а секогаш главна цел е титулата.

Отава има 9 победи и 12 порази и тимот игра многу подобро од лани, кога завршија како последни во Источната конференција.

Ова е канадско дерби и ќе биде посебно интересно, а Монтреал има добра традиција против Отава. Тоа го потврдува и во последните неколку сезони и е без пораз во регуларен дел од Сенаторс на шест меча по ред.

Предлог тип: 1 (1.80) Супер тип на Sport Life

 

Њујорк ренџерс – Вашингтон визардс (НХЛ, 02 часот)

Вашингтон е лидер во Источната конфереција и тим со најмногу освоени бодови во досегашниот дел од сезоната во НХЛ. Момците од главниот град нанижаа две победи по ред и имаат 36 бода на врвот.

Блеска бекот Џон Карлсон со 27 асистенции и 8 гола, или вкупно 35 поени, што е четвртиот најдобар индивидуален ефект во Лигата.

Алекс Овечкин повторно е меѓу најдобрите напаѓачи во НХЛ со 15 гола, на третото место зад Пастрнак со 19 и Драјсајтл со 16 и заедно со Мек Дејвид, кој има ист учинок. Вашингтон повторно има шампионски амбиции, а ноќеска има добра шанса да си го збогати бодовното салдо против скромните Ренџери.

Њујорк не игра добро и е многу далеку од реномето што го има во НХЛ, како една од најпознатите франшизи и еден од основачите на Лигата.

Ренџерс се во криза, имаат два порази по ред и само 19 бода во долниот дел на табелата на Истокот. Вашингтон го порази Њујорк пред еден месец со 5:2 па и сега е фаворит.

Предлог тип: 2 (1.95)

 

Вашингтон визардс – Сан Антонио спарс (НБА, 01 часот)

Што се случува со Сан Антонио, екипата што играше страшно добра одбрана, одговор немаат ниту експертите за НБА-лигата. Грег Попович нема начин како да го мотивира тимот да ја поправи дефанзивата, а Спарс во минатото беа симбол за тим што игра одлична одбрана. Досега на 14 меча во новата сезона примија дури 1.605 поени, или во просек по 115 на меч.

Ноќеска ќе имаат противник по мерка бидејќи и Вашингтон е тим што сезонава не обрнува многу внимание на одбраната.

Бредли Бил е во топ-форма, но нема поддршка од соиграчите, па по 11 натпревари, Визардс имаат само 3 победи.

Интересни се и меѓусебните дуели на овие две екипи, а на последните три имаше вистинска ревија од кошеви. Заедно постигнаа вкупно 246, 241 и 251 поени, па очекуваме и ноќеска да биде суперефикасно во „Капитал уан арена“.

Предлог тип: >236.5 поени (1.88)

 

Мајами хит – Кливленд кавалирс (НБА, 01.30 часот)

Мајами е хит во новата сезона во НБА, игра неочекувано добро и има одличен биланс од 9-3. Од Жешките не се очекуваа вакви добри партии баскет, пред сè поради кадровските проблеми. Долго не им играат Вејтерс и Винслоу, кои се важни алки во тимот, си замина центарот Вајтсајд, а и Драгиќ поради повреда не играше на неколку натпревари.

Ноќеска Словенецот ќе биде во составот, но Винслоу и Вејтерс остануваат во аут, па Мајами ќе мора без нив да ја брка десетката.

Џими Батлер се покажа како вистинско засилување и тој е лидер на тимот што одлично гази.

Кливленд, според квалитетот на играчите, воопшто не заостанува зад Мајами, но тоа не се потврдува на терените во НБА, барем засега. Лав, Осман, Секстон, Томпсон… се одлични кошаркари, но на стартот на сезоната не го презентираат комплетно својот квалитет.

Коњаницата од Кливленд е скромна со 4 победи и 9 порази, а ноќеска ќе имаат уште еден проблем бидејќи нема да игра стартниот центар Тристан Томпсон.

Мајами веќе има една победа сезонава против Кливленд со 108:97 на гостински терен. Мечот беше решен уште по првото полувреме, кое Хит го доби со 68:44, па очекуваме слично сценарио и ноќеска. Мајами е незгоден ривал за Кливленд и има низа од шест победи на последните меѓусебни дуели, а ние ќе типуваме дека ноќеска серијата ќе стигне и до седмица.

Предлог тип: 1-1 (1.50)

 

Минесота тимбервулфс – Јута џез (НБА, 02 часот)

Минесота ја изненади Јута со победа од 112:102 на гостински терен завчера, иако гостите беа тотални аутсајдери, пред сè, поради фактот што не играше Ендрју Вигинс.

Крилото на Волците веројатно и сега нема да игра во дербито на Западната конференција. Јута има два неочекувани порази на последните два меча и нема да дозволи ново изненадување што, пред сè, тактички им го приреди Минесота.

Карл Ентони Таунс беше извонреден, ја доведе до очај инаку одличната одбрана на Јута со удари за три поени. Центарот на Минесота упати дури 15 шута за тројка што е клупски рекорд и погоди седум пати. Мечот го заврши со 29 поени, а Минесота имаше неверојатни 68,8 отсто погодени шутеви од поле во последната четвртина, со што ја декласираа Јута.

Сепак, Џез е сериозен тим со големи амбиции сезонава и очекуваме да најде рецепт за Таунс и да ја победи Минесота. За домаќините, отсуството на Вигинс, кој игра прекрасно сезонава со просек од 25,9 поени, е голем хендикеп.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

- Оглас -

Најнови вести