Динамо Загреб – Хајдук (ХНЛ, 18 часот)
На ред е вечното хрватско дерби и повторно навивачите на двата клуба бијат жестока битка во докажувањето кој е поголем клуб на домашната сцена.
Во новиот милениум, Динамо има многу повеќе титули и успеси, а хајдуковци се потпираат на долгата традиција како еден од најстарите клубови во Европа и на постигнувањата во поранешна Југославија.
Како и да е, дербито секогаш носи посебни возбудувања, без разлика на формата на двата состави. Динамо е фаворит, игра нова одлична сезона и е лидер во ХНЛ со 4 бода повеќе од Хајдук.
Популарните Модри имаат многу квалитетни играчи, добар дел од нив преку настапите во Динамо станаа репрезентативци, како Петковиќ, Оршиќ, потоа и Олмо и Гојак, а за нив голем интерес има и од големите клубови во Европа.
Денеска Динамо ќе бдие хендикепиран и ќе мора да го победи Хајдук без капитенот Аријан Адеми, кој е повреден, но може да биде подготвен за настап против Аталанта во Лигата на шампионите.
Хајдук е постојано во некаква транзиција и често менува раководства и тренери, но ова е најголемото дерби и не треба посебна мотивација. Очекуваме тврд меч со малку голови, а и традицијата го поткрепува со шест од последните 9 меѓусебни дуели што завршија со 0-2 гола.
Предлог тип: 0-2 гола (1.80)
Борусија Дортмунд – Падерборн (Бундеслига, 20.30 часот)
Во Бундеслигата ова ќе биде трет меѓусебен дуел на Борусија и Падерборн и билансот е една победа на Милионерите од 3:0 и реми 2:2.
Разликата во квалитет е голема во корист на Борусија, но проблем е што тимот од Дортмунд има тешко гостување на „Камп ноу“ против Барселона во Лигата на шампионите.
Треба да се победи Падерборн, да се сочуваат играчите кои имаа и обврски кон своите репрезентации и да се мисли и на дуелот со Барса, кој може да биде клучен за пласман понатаму во Лигата на шампионите.
Падерборн игра слабо сезонава, последен е во Бундеслигата само со една победа на 11 натпревари, но нема што да загуби на „Вестфален“ и типуваме дека барем еднаш ќе ја затресе мрежата на домаќините, кои се посилни и ќе ги освојат бодовите.
Предлог тип: 1&ГГ (2.18)
Бриж – Остенде (Жупилер лига, 20.30 часот)
Бриж одигра во рамките на очекувањата во фазата по групи во Лигата на шампионите и е на прагот на елиминација во конкуренција на ПСЖ и Реал, кои веројатно ќе одат понатаму. Сè уште постојат теоретски шанси Бриж да го прескокне Реал, но може да пропаднат веќе на следниот дуел ако Шпанците го победат ПСЖ.
Бриж има супер шанса во домашното првенство со победа против Остенде да направи 8 бода разлика во однос на Гент и девет во однос на Стандард, Антверпен и Мехелен.
Бриж е главен фаворит за освојување на нова титула во Белгија, па Остенде не би требало да биде голем проблем за нова победа, како загревање за дуелот со Галатасарај во Истанбул во вторник.
Патем, Бриж има пет победи по ред против денешниот ривал и типуваме дека ќе стигне и до шестка со ефикасен настап.
Предлог тип: 1&3+ (1.41)
Пари Сен Жермен – Лил (Лига 1, 20.45 часот)
ПСЖ и буквално го газеше Лил во последните 10-тина години и имаше серија од 16 меча без пораз во меѓусебните дуели до годинава.
Во април Лил конечно ја сопре црната серија против Светците од Париз, а тоа го стори на спектакуларен начин со победа од 5:1.
И двете екипи ги чекаат дуели од Лигата на шампионите идната недела, но веќе им е решена судбината, па немаат некаков резултатски императив. ПСЖ оди понатаму, па релаксирани го чекаат дербито со Реал во Мадрид, а Лил веќе испадна и нема шанси да игра дури и во Лигата на Европа, па и за нив овој меч е многу поважен од дуелот со Ајакс.
Лил има интересен тим и може да му зададе многу проблеми на шампионот. Гостите ќе се потпрат на контранапади и на брзите Бамба и Иконе, а опасни во офанзивата знаат да бидат и Јазичи и Ошимен.
ПСЖ секако е посилен тим од Лил, има светски познати ѕвезди, но ќе типуваме дека ќе прими барем еден гол вечерва во Париз, а очекуваме триото Икарди, Мбапе и Ди Марија, кои постигнаа по пет гола досега, да ја тресат мрежата на гостинската екипа.
Предлог тип: ГГ (1.97)
Леванте – Мајорка (Ла Лига, 21 часот)
Енис Барди ќе игра за Леванте, а на спротивната страна ќе го нема Александар Трајковски, кој е повреден и не може да настапи.
Ова е премиерен меч од 14-тото коло во Ла Лига и е многу важен за двете екипи. Бодовите од вакви натпревари, каде што тимовите се тука некаде со квалитет, вредат многу.
И Леванте и Мајорка се во солидна форма, но ќе видиме која екипа подобро ќе се снајде по паузата за настапите на репрезентациите.
И двете екипи имаат доста проблеми со повреди на играчите, а очекуваме исходот на мечот да го одлучуваат нијанси. Леванте е фаворит, пред се поради поискусните играчи и предноста да игра на домашен терен, но и Мајорка не смее да се отпише. Затоа се чини најдобро е да се типува на голови на првиот дуел од 14-тото коло во силната шпанска лига.
Предлог тип: 2-3 гола (2.02)
Во дневната понуда на Sport Life со специјални квоти можете да ги одиграте следните три натпревари:
Галатасарај – Басакшехир (Турција, 18.30 часот)
Предлог тип: 1Х&2-4 гола (2.30)
Борусија Дортмунд – Падерборн (Бундеслига, 20.30 часот)
Предлог тип: Т1 4+ (2.40)
ПСЖ – Лил (Франција, 20.45 часот)
Предлог тип: 1-1&3+ (2.25)