Гркот не ни донесе среќа, Македонија ќе гостува во финалето кај Грузија или кај Белорусија

Македонија немаше среќа на ждрепката денеска во Нион и ќе мора да игра финале на гостински терен во Сегментот Д ако го елиминира Косово во полуфиналето во Скопје или во Струмица.

Грузијците или Белорусите ќе бидат домаќини на финалето бидејќи така одлучи ждрепката, а победникот ќе има предност да игра на свој терен во нокаут-меч за ЕП против Македонија или Косово.

Полуфиналето со Косово ќе го играме на 26 март во Скопје или во Струмица, одлука што дополнително ќе ја донесе Фудбалската федерација на Македонија.

Финалето ќе се игра на 31 март, а Македонија ќе патува кај победникот на второто полуфинале во Сегментот Д, Грузија или Белорусија.

Д-ДИВИЗИЈА

Грузија – Белорусија, Македонија – Косово. Финалето ќе се игра во Грузија или во Белорусија

 

Ц-ДИВИЗИЈА

Шкотска – Израел, Норвешка – Србија

 

Б-ДИВИЗИЈА

БиХ – С. Ирска, Словачка – Р. Ирска

 

А-ДИВИЗИЈА

Исланд – Романија, Бугарија – Унгарија

 

- Оглас -

Најнови вести