Кога има Лига на шампиони, има и еуфорија за обложување

Реал Мадрид – ПСЖ (21ч, Лига на шампиони, петто коло)

Сите рефлектори ќе бидат насочени кон „Сантијаго Бернабеу“. Во Мадрид доаѓа ПСЖ предводен од мегаѕвездите Нејмар и Мбапе, а тука се и Кавани и Икарди.  Реал ќе ги нагости Светците кои имаат намера да го одржат победничкиот ритам во групната фаза и по петтото коло, додека пак на тимот на Зидан му е потребен уште еден позитивен исход за дефинитивно да го осигури пласманот во нокаут-фазата.

Токму дуел на овие два гиганти ја отвори новата сезона во ЛШ, а во Градот на Светлината се случи големиот пад на Кралот. ПСЖ славеше со 3-0 во мечот кој беше окарактеризиран како очаен за Реал.

Во рамки од големото европско натпреварување, Реал и ПСЖ се сретнаа вкупно петпати, на кои во три меча од нив славеше Реал, а одиграа и едно реми без голови покрај веќе споменатиот дебакл во Париз во септември. Сега се очекува реванширање, па затоа ќе типуваме чист кец на Реал во ова мегадерби.

Предлог тип: 1 (2.40)

 

Јувентус – Атлетико Мадрид (21ч, Лига на шампиони, петто коло)

И вториот мадридски клуб игра дерби, меѓутоа гостува во Торино, кај италијанскиот првак Јувентус. Атлетико си направи проблеми во Леверкузен во претходното коло со поразот од 2-1, па сега екипата на Симеоне ќе мора да го мине потешкиот пат за да стигне до успехот.

Јувентус веќе се пласираше во нокаут-фазата, но како што кажа Маурицио Сари, целта е да се освои првото место во групата Д. Тоа значи дека Старата дама ќе оди на триумф против Јорганџиите, кои пак никогаш досега не славеле во Торино. Ова ќе им биде трето гостување. Во претходните две не постигнале ниту еден гол, а примиле три.

Колку всушност има тешка мисија Атлетико, покажува фактот што Јуве сезонава уште нема претрпено пораз, додека мадриѓаните имаат само еден триумф во нивните последни пет меча во сите натпреварувања.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.65)

 

Тотенхем – Олимпијакос (21ч, Лига на шампиони, петто коло)

Жозе Мурињо уште во првиот ден од неговото раководење со Тотенхем го подигна моралот на екипата, па Петлите изминатиов викенд прекинаа низа од 12 меча без гостински триумф во Премиер лигата. Сега неговата нова мисија е да се запечати второто место во групата Б, првото им бега за пет бода и го држи Баерн Минхен.

Олимпијакос не може да му направи проблеми на европскиот вицепрвак иако може да покаже високо ниво на игра, како што го направи тоа во првата пресметка во Пиреја. Грците се вратија по негатива од 0-2 и ремизираа, меѓутоа ова е некој друг Тотенхем, предводен од Специјалниот, кој не дозволува никакви изненадувања.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.04)

 

Аталанта – Динамо Загреб (21ч, Лига на шампиони, петто коло)

Доста првотимци недостасуваат кај Динамо за овој меч, но Модрите во Милано ќе имаат огромна поддршка. Илјадници нивни навивачи се најавија дека ќе присуствуваа на „Сан Сиро“, па загрепчани ќе се чувствуваат како дома во повратниот дуел против Аталанта.

Хрватскиот првак покажа голем квалитет на стартот од оваа сезона во победата од 4-0 против тимот од Бергамо и доколку го повтори тој перформанс, ќе ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето.

Динамо има пет бода, исто колку Шахтар, Аталанта е последна само со еден бод, а групата Ц ја предводи Манчестер сити со 10 бода.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.28)

 

Манчестер сити – Шахтар Донецк (21ч Лига на шампиони, петто коло)

Шахтар додека стравува од конечниот исход од мечот меѓу Динамо и Аталанта, треба да мисли на себе како може да приреди изненадување на „Етихад“. Украинците се борат да бидат меѓу 16-те екипи во следната фаза, но и Манчестер сити уште ја нема завршено работата, а јасно е дека тим на Пеп Гвардиола не прави пресметки, туку напаѓа кон победа во секој дуел.

Во последното гостување на стадионот од Граѓаните, Шахтар претрпе дебакл од 6-0, а во вкупно петте меѓусебни дуели, победија само еднаш при резултат од 2-1, додека Сити четирите триумфи ги оствари без примен гол.

Предлог тип: 1 сигурна (2.10)

Квоти на денот во Sport Life:

Јувентус – Атлетико Мадрид 1X & 2-4 (2.15)

Реал Мадрид – ПСЖ Т12+ & ГГ (2.35)

Манчестер сити – Шахтар Доњецк 1-3I & 1-3II (1.80)

- Оглас -

Најнови вести