НХЛ класика меѓу Монтреал и Бостон со малку голови

Монтреал канедианс – Бостон бруинс (НХЛ, 01 часот)

Еден од класиците на мраз во НХЛ лигата стаса на ред, а ќе играат најтрофејниот клуб во историјата на најсилната лига, Монтреал со 24 титули и Бостон со 6 пехари, но и вкупно 20 финалиња.

Двете екипи се основачи на Лигата и дел од популарните „Оригинални шест“, па овие дуели без разлика на формата и на позицијата на табелата се со посебен шмек.

Монтреал е солиден сезонава, а Бостон одличен и се наоѓа на втората позиција во Источната конференција. Канаѓаните се осми, но ноќеска ќе имаат посебни мотиви да го добијат класикот.

Пред 20 дена Монтреал беше подобар од Бостон и славеше со 5:4, во еден од ретките ефикасни меѓусебни дуели на двата тима во последно време.

Поради големиот ривалитет најчесто има малку погодоци, но на шести ноември беше прекината серијата од шест меча со под 5.5 голови на дуелите мешу овие два тима.

Бостон со победа ноќеска може да избие на врвот во Источната конференција, но проблем им е што имаат доста повредени хокеари. Бержерон, голманот Раск, Милер, Бејкс, Ричи… се значајни поединци во одличниот колектив на Бруинс и ќе им биде тешко да се надомести нивното отсуство.

Бостон има подобар состав од Монтреал сезонава, но поради повредите ќе ја избегнеме двојката и ќе типуваме на помалку од 5.5 гола.

Предлог тип: < 5.5 гола (2.40)

 

Њу Џерси девилс – Минесота вајлд (НХЛ, 01 часот)

Во „Пруденшл центар“ ќе играат двете претпоследниопласирани екипи во двете конференции. Минесота има 22 бода во Западната конференција, а Њу Џерси е со два бода помалку само пред Детроит во Источната конференција.

Бодовите се многу значајни и иако се претпоследни и двете екипи не се далеку од позициите што водат во плејоф.

Кај Минесота повторно отустен ќе биде голманот Дубник, а нема да играат и искусниот Фолињо и Патерин што е хендикеп за Вајлд.

Њу Џерси нема значајни отсуства во екипата и ќе може речиси во комплетен состав да атакува на бодовите. Минесота нема пораз во регуларен дел од Њу Џерси на последните четири меѓусебни натпревари, па ќе типуваме дека и ноќеска нема да загуби.

Предлог тип: Х2 (1.64)

 

Чикаго блекхокс – Далас старс (НХЛ, 02 часот)

Ѕвездите од Далас се разиграа и се најдобриот тим во НХЛ, ако се сметаат последните 15 натпревари. Лошо почнаа, но сега се во топ-форма и газат се пред себе.

Џејми Бен се врати во составот и во првиот напад на Далас, а Старс играат како швајцарски часовник. Од нив се очекуваше да бидат претенденти за плејоф, па дури и сериозни кандидати за титулата и откако ги надминаа повредите на дел од играчите играат одлично.

Пред две ноќи Далас го победи Чикаго на пенали, откако во регуларен дел во цврст меч беше нерешено, 1:1. И ноќеска ќе се бие жестока битка на две одлични екипи, сега во Чикаго, а ќе типуваме дека серијалот на Далас ќе продолжи.

Предлог тип: Х2 (1.50)

 

Далас маверикс – Лос Анџелес клиперс (НБА, 02.30)

Лука Дончиќ ќе биде на нов испит, ноќеска во дуели со двајца одлични дефанзивци, Пол Џорџ и Кавај Ленард, но како игра тешко може некој да го сопре.

Белиот Меџик ги воодушевува НБА фановите со страшно добри партии баскет во втората сезона како играч на Далас во најсилната лига на светот. Лука си реди трипл-дабл учиноци како од шега и веќе го споредуваат со најдобрите кошаркари на сите времиња што оставиле неизбришлива трага во НБА.

Клиперс играат одлична кошарка, а имаат се што треба за да бидат и кандидати за титулата. Во градот на шоуто стасаа двете Ол-стар ѕвезди Ленард и Џорџ, па сега има многу повеќе опции за Клипрес и во нападот и во одбраната. Останаа двете резерви што се меѓу најдобрите во Лигата. Лу Вилијамс и Монти Харел знаат да играат и во двата правци, па тимот од Ел-Еј има страшна композиција што ќе биде тешка за победување против било кој тим во НБА.

И Далас е одличен тим, со ваков Дончиќ во екипата може да падне секој ривал, а тука се и Порзингис и Хардавеј, што ветува добри резултати и успеси на долг период.

Предлог тип: >224.5 поени (1.75)

 

Денвер нагетс – Вашингтон визардс (НБА, 03 часот)

Ноќеска ќе се судрат два различни концепти на кошарка во „Пепси центар“. Денвер е тимот со најмалку примени кошеви сезонава, а Вашингтон е ултраефикасен, па ќе се судрат одличната одбрана на домаќините со офанзивата на Визардс што ја предводи Бредли Бил.

Денвер има сериозен состав за големи дела, предводен од Јокиќ, Мареј, Харис, Милсап, Бартон… и една од најдобрите стартни петорки во Лигата.

На Вашингтон му недостасува Џон Вол, еден од најдобрите бекови во НБА, што и се чувствува на резултатите на Визардс.

Денвер е голем фаворит за победа, а очекуваме да го прифатат предизвикот на гостите за побрза кошарка и ќе типуваме дека ќе има многу кошеви.

Предлог тип: >223.5 поени (1.77) 

 

- Оглас -

Најнови вести