Ливерпул не и се плаши на тринаесетката

Бреша – Аталанта (Серија А, Италија 15 часот)

Како игра Аталанта нема да биде чудо Бреша да доживее висок пораз. Тимот од Бергамо лесно го победи Динамо Загреб во многу важен меч, а и претходно беше рамноправен противник на Јувентус, иако загуби дома со 1:3.

Бергамашите играат многу допадлив фудбал и ги собраа симпатиите на фудбалските фанови, па во тој стил, офанзивно и без калкулации продолжуваат и сезонава.

Проблем за нив е што не се навикнати на ритам со мечеви и во Серија А и во Лигата на шампионите, па ќе мора и да се калкулира со заморот.

Денеска нема да игра Толои, кој е важна алка во одбраната на Аталанта, а пак ќе паузира и најдобриот стрелец на тимот од лани, Дуван Запата.

Бреша има пет порази по ред во Калчото и серија од 8 меча без победа. И атмосферата во клубот не е најдобра, па Балотели беше избркан од тренинг, што му задава многу маки на Фабио Гросо. Домаќините имаат императив да не загубат, но во таква ситуација тешко се игра против опасни екипи, каква што е Аталанта.

Предлог тип: 2-2 (2.22)

 

Херта – Борусија Дортмунд (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)

На социјалните мрежи на шеговит начин е најавен мечот во Берлин. Ова ќе биде прв меч за Јирген Клинсман како тренер на Херта и можеби последен за Лусиен Фавр, како менаџер на „милионерите“. Можно е и со пораз Швајцарецот да остане предводник од клупата на еден од најталентираните тимови во Европа, но пожелно е да се избегне неуспех во Берлин.

Клинсман беше напаѓач, па ориентацијата ќе му биде Херта да игра офанзивно, а Борусија веќе долго време игра атрактивен фудбал, иако понекогаш се доживуваат и неочекувани порази и резултати.

Квалитетот е на страната на гостите, но некако притисокот врз Фавр е голем, па ќе типуваме дека и Херта и Борусија ќе постигнат најмалку по еден гол.

Предлог тип: ГГ (1.62)

 

Ливерпул – Брајтон (Премиерлига, Англија 16 часот)

Ливерпул сака да ја одржи предноста од 8 бода на врвот на табелата, а ривал од калибарот на Брајтон е таман за да се корегира киксот и ремито со Наполи во Лигата на шампионите.

Црвените се во страшен поход во Англија, имаат 12 победи и само едно реми и се очекува билансот на успеси денеска да се искачи за уште едно ниво.

Фабињо и Матип нема да играат против Брајтон, но Јирген Клоп има квалитетни играчи на располагање. Ливерпул има шест победи по ред против Брајтон, три од нив се со по еден гол разлика, но останатите три се многу убедливи со резултати од 6:1, 5:1 и 4:0.

Брајтон не игра лошо во новата сезона, но не е квалитет што може да му се спротивстваи на лидерот во Премиерлигата.

Предлог тип: 1-1&2+ (1.83)

 

Баерн – Баер Леверкузен (Бундеслига, Германија 18.30 часот)

Каков препород му се случува на Баерн со тренер што требаше да биде само привремено решение. Ханс-Дитер Флик максимално си ја користи шансата и ако продолжи вака сигурно ќе добие подолгорочна шанса да го води шампионот од клупата.

Под негова палка Баерн има четири победи на четири меча и гол-разлика од 16:0. Сепак денешниот меч е интересен и одбраната на првакот ќе биде на сериозен испит против гостите од Леверкузен.

На последните 5 меѓусебни дуели популарните „фармацевти“ секогаш даваат барем по еден гол, а лани и го победија Баерн со 3:1.

Гостите имаат квалитетни офанзивци, иако неизвесно е дали ќе игра големиот талент Каи Хаверц. Тука се Белараби, Аларио, Бејли, а се очекува во составот да се врати и Амири, кој е исто така многу перспективен играч.

Баерн е во топ-форма, Левандовски е незадржлив, а и останатите играчи на шампионот летаат на терен, па ќе типуавме победа на домаќинот во ефикасен меч.

Предлог тип: 4+ (1.80)

 

Валенсија – Вилјареал (Ла Лига, Шпанија 21 часот)

Локалното дерби доаѓа во незгоден момент за Валенсија. Популарните „лилјаци“ имаа многу тежок меч против Челзи во Лигата на шампионите, а сега ќе мора да одиграат уште еден дуел со незгоден противник. На ред е локалното дерби против „жолтата подморница“, која почна одлично во Ла Лига, но сега има три меча без победа.

Валенсија е незгоден ривал за Вилјареал и нема пораз на последните четири меѓусебни дуели. Последните два им беа во четвртфиналето од ланското издание во Европа Лигата и „лилјаците“ одлетаа во полуфинале со два победи.

И двете екипи се ефикасни, Вилјареал е трет во тој сегмент во Ла Лига, но одбраните засега и не им функционираат најдобро.

Проблем за Валенсија е што повторно нема да игра Кондогбија и веројатно и Черишев и Гуедеш, а неизвесни се и Дијакаби и Собрино.

И Вилјареал има повредени играчи, а сигурно нема да настапи Ибора, додека неизвесен е настапот на Бруно и Морено. И двете екипи имаат одлични напаѓачи и креативци, па ќе типуваме дека ќе се тресат мрежите на Силесен и на Асенхо.

Предлог тип: ГГ (1.70)

 

Во стандардната дневна понуда на обложувалниците на Sport Life со специјални коефициенти може да ги одиграте следните три пара:

 

Њукасл – Манчестер сити (Премиерлига, Англија 13.30 часот)

Предлог тип: 2&2-4 гола (2.00)

 

Челзи – Вест Хем (Премиерлига, Англија 16.00 часот)

Предлог тип: Т1 1+& T1 3+ (2.20)

 

Баерн – Баер (Бундеслига, Германија 18.30 часот)

Предлог тип: Т1 2+&ГГ (2.00)

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести