Лестер ја продолжува серијата победи против грогираниот Ватфорд

СПАЛ – Лече (Куп на Италија, 18.00 часот)

СПАЛ има незгодна серија од 7 меча без победа и има шанса против Лече да го прекине постот. Во 16-финалето во Купот на Италија се игра еден меч, па ќе нема шанса за поправен.

СПАЛ знае да одигра квалитетно на домашен терен, а потврда се осумте бодови од вкупно 9 што ги освои во Серија А.

Лече игра многу солидно, а поттик за нив е победата против Фиорентина на гостински терен во последното коло од Калчото. Еден меч е и победникот оди понатаму, па очекуваме отворен меч со многу голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.40)

 

Лестер – Ватфорд (Премиер лига, 20.30 часот)

Ватфорд гостува во многу незгодна ситуација кај опасните лисици на „Кинг пауер“. Лестер е веројатно и во најдобра форма во Англија, заедно со лидерот Ливерпул, а ќе го чека грогираниот Ватфорд, кој го отпушти и вториот тренер сезонава, а се одиграа само 14 кола во Премиер лигата.

Кике Санчес Флорес доби отказ, а пред него и неговиот сонародник од Шпанија, Хави Гарсија, беше отпуштен од раководството на фенерџијата во Англија.

Лестер игра одлично, Варди повторно е во гол-форма, а со соиграчите најавија битка за место во Лигата на шампионите. И што е најлошо за Ватфорд, имаат одлична традиција против денешните гости. Последен пат Ватфорд победил на „Кинг пауер“ во 2013 година во меч од Шампионат лигата.

Во моментов Лисиците се опасни и итри и се пресилни за Ватфорд, па типуваме единица најмалку со два гола во мрежата на Фостер.

Предлог тип: 1&T1 2+ (1.62)

 

Челзи – Астон вила (Премиер лига, 20.30 часот)

Челзи го направи киксот на колото во претходната рунда, а слабиот впечаток што го оставија избраниците на Френк Лампард против Вест хем не е неочекуван. Екипата е релативно млада и ритамот со настапи во Лигата на шампионите и во Премиер лигата си го зема данокот.

Вечерва Астон вила, екипа слична по квалитет и калибар со Вест хем, е гостин на „Стемфорд бриџ“, а очекуваме нов меч со офанзивен стил на игра.

Вила и против Манчестер јунајтед покажа квалитет и дека може да биде опасна за фаворитите, а Челзи ќе мора да атакува на победа по два порази по ред во Премиер лигата.

Избраниците на Лампард играат убав фудбал за око и вечерва се фаворити. Имаат четири победи по ред против Астон вила, се очекува и петтата, но ќе типуваме дека и гостите ќе постигнат барем еден гол.

Предлог тип: 1&ГГ (2.55)

 

Остенде – Бриж (Куп на Белгија, 20.30 часот)

Бриж го преживеа пеколот во Истанбул и има одлична позиција и предност пред Галатасарај за да се пласира во следната фаза во Лигата на Европа. Го чека меч на домашен терен со Реал Мадрид, но има време за завршниот меч за Бриж во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Бриж го победи Остенде во меч од Жупилер лигата пред неполни две седмици, но тој меч го играше на домашен терен. Вечерва се игра во Белгискиот куп, и тоа нокаут-меч, па фаворитот мора да внимава.

Бриж има шест победи по ред против Остенде, од нив три се на гостински терен, а се очекува и седмица во низа.

Предлог тип: 2 (1.50) Супер тип на Sport Life

 

Пари Сен Жермен – Нант (Лига 1, 21.05)

Во април годинава Нант го победи ПСЖ со 3:2 на домашен терен и ја прекина веројатно и најдолгата серија во Европа од 18 порази по ред од ист противник.

Канаринците играат солидно во новата сезона во Лига 1 и со 23 бода се во горниот дел од табелата. Првенството во Франција сега е поинтересно бидејќи ПСЖ и не е толку доминантен, па ќе мора да игра максимално сериозно ако сака нова титула.

Нант е противник по мерка за Светците, серијата од 14 победи на домашен терен за ПСЖ е импресивна, а Нант тешко дека ќе го повтори сценариото од 2002 година, кога за последен пат победи на „Паркот на принцовите“ во Париз.

Предлог тип: 1X&2>1 (2.02)

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести