Oд шампиони до фенерџии – „Иксот“ не им бега на црвените крилја и кралевите

Бруклин нетс – Филаделфија 76 (НБА, 00 часот)

Филаделфија е во опасен налет и има пет победи по ред, а Бруклин нареди два порази, па ќе се обиде да не дозволи трендот да продолжи.

Двете екипи лани играа меѓусебе во првата рунда од плејофот и Филаделфија славеше убедливо со 4:1 во победи.

И ноќеска се фаворити против Бруклин, екипа која имаше пех да им се повредат и Дурант и Ирвинг, а не игра ниту Леверт, што е огромен хендикеп за мрежичките.

Спенсер Динвиди, кој беше резерва сега им е главен адут и игра добро, но Филаделфија има и подобар состав во моментов и е во победнички залет. На гостите ќе им недостасува Ал Хорфорд, но имаат доволно квалитетни кошаркари за да ја запишат шесттата победа по ред.

Предлог тип: 2 (1.50)

 

Денвер нагетс – Њујорк никс (НБА, 02 часот)

И двете екипи влегуваат во добро расположение во новиот меѓусебен дуел, а имаат мини-серии од по две победи. Многу позначајни се триумфите на Њујорк никс, екипа што имаше 10 порази по ред, но успеа да ја сопре црната серија и славеше против Голден стејт и Сакраменто.

Ноќеска ги чека уште еден дуел со екипа од Западната конференција и тоа мошне незгоден ривал за нив. Денвер го победи Њујорк пред десеттина дена со убедливи 37 поени разлика, откако славеше како гостин во „Медисон Сквер Гарден“ со 129:92.

Нагетс ги газат Никс во последно време и имаат четири победи по ред, три од нив со двоцифрена разлика. Ноќеска за домаќините нема да игра Пол Милсап, кој е повреден, но Денвер има одличен состав и е за најмалку една класа поквалитетен од гостите од Големото Јаболко.

Предлог тип: Т1> 108.5 поени (1.88)

 

Голден стејт вориорс – Сакраменто кингс (НБА, 02.30 часот)

Голден стејт има шест победи по ред во меѓусебните дуели со Кингс, но сега се аутсајдери, бидејќи успесите се во некои подобри времиња за нив. Повредите на клучните играчи Стеф Кари и Клеј Томпсон и заминувањето на Кевин Дурант предизвика огромен пад на Воините, кои според билансот на победи и порази се најслабата екипа во НБА во досегашниот дел од сезоната.

Кошаркарите на Сакраменто се мајстори за неизвесни и драматични завршници во последно време. Одиграа неколку тешки натпревари и со по еден поен разлика ги победија фаворизираните Хјустон, потоа и Далас и Оклахома, а загубија од Њујорк и од Сан Антонио по продолжение.

На Кингс многу им недостасуваат Деарон Фокс и Марвин Бегли, двајца кошаркари кои се повредени. Со нив Сакраменто може до плејофот, а ако ноќеска го победи Голден стејт ќе биде во октетот најдобри во Западната конференција.

Гостите имаат подобар тим и ќе типуваме дека ќе победат.

Предлог тип: 2 (1.65)

 

Чикаго блекхокс – Минесота вајлд (НХЛ, 01 часот)

Чикаго доживеа вистински шок минатата ноќ и прокоцка предност од 3:0 против шампионот Сент Луис и за само 13 минути во последната четвртина прими 4 гола и загуби.

За Блекхокс со тоа продолжија маките и серијата порази. Ги имаат четири по ред и не играат добро, иако против Сент Луис имаа добри моменти. Имаат искусни играчи што освојувале и титули, но нешто не штима како што се очекуваше во тимот на Чикаго.

Минесота драстично ја подобри формата, во серијата од пет незгодни натпревари успеа да победи одлични екипи од калибарот на Тампа Беј, Едмонтон и Филаделфија и очекува да слави и во Чикаго и да ја искористи слабата форма на некогашниот шампион.

Чикаго има три победи по ред против Минесота, но ќе типуваме дека ноќеска гостите нема да загубат по четвртипат.

Предлог тип: Х2 (1.56)

 

Детроит редвингс – Лос Анџелес кингс (НХЛ, 01 часот)

Двете екипи што имаат титули во НХЛ лигата играат слаба сезона и се на последните места во своите коференции. Малку подобра форма покажаа во последно време и имаат по две победи на последните три меча, па се очекува меч без многу калкулации.

Детроит има проблеми со повредите на играчите и досега забележа само 9 победи и претрпе дури 25 порази, најмногу од сите екипи во Лигата. За нив речиси невозможна мисија е плејофот, нешто што засега е далеку и за Кингс, но не и недостижно, иако и тие се фенерџии во Западната конференција.

Сезонава веќе одиграа еден меч и Лос Анџелес славеше со 3:2 по продолженија. И ноќеска се фаворити, а според формата и квалитетот што го поседуваат двете екипи се тука некаде израмнети, па ќе се обидеме да типуваме дека во регуларниот дел ќе одиграат нерешено.

Предлог тип: Х (4.10)

 

 

- Оглас -

Најнови вести