Ново коло со повеќе среќа – Од 14 часот типувајте Спортска прогноза, „ајфонот“ го чека првиот добитник во втората сезона

Сè е подготвено за старт на новата рунда на Спортска прогноза, а мечевите од 16-тото коло можете да ги прогнозирате од 14 часот денеска, па сè до сабота до 16 часот, за кога е закажан почетокот на првите натпревари.

Новата авантура ќе ја почнеме повторно во Англија, со дуелите меѓу Брајтон и Шефилд јунајтед и Њукасл – Кристал палас, а како и секогаш, важно е стартот со прогнозите да биде перфектен.

За сабота, во 16-тото коло ви ги нудиме за прогнозирање и натпреварите меѓу Манчестер сити и Лестер и Вилјареал и Хетафе, кои почнуваат во 18.30 часот, а денот може да се заврши со одлична петка ако се погоди и исходот на дуелот во Лига 1 во Франција меѓу Стразбур и Сент Етјен од 20.45 часот.

Во недела традицијата вели дека грото од натпреварите што се играат од 12 часот во Шпанија, завршуваат со победа на домаќинот, а за да продолжи приказната, овојпат задолжен е тимот на Леганес во дуелот со Еспањол.

Сериозна задача за сите прогнозери ќе биде да се погоди исходот на дербито во Италија меѓу Аталанта и Милан од 12.30 часот, а потоа следува преселба во Шпанија.

Во Памплона од 14 часот Осасуна го чека на мегдан Реал Сосиедад. Миксот од 13 двојки што ви ги нудиме за прогнозирање продолжува со дуелите меѓу Лече и Болоња, потоа и Фортуна Дизелдорф и Унион Берлин, Тотенхем и Челзи и Јувентус и Лацио, кои ќе бијат битка за пехарот во Суперкупот на Италија.

За понеделник како финале на новото коло ви го нудиме мечот од турското првенство меѓу Денизли и Аланија.

Играта е забавна и едноставна, а наградите се одлични. Во втората сезона сè уште го чекаме мајсторот што ќе ги погоди сите 13 двојки во исто коло и ќе ја добие премијата IPhone XS што ја доделува Sport Life.

На резервната клупа овојпат ги оставивме мечевите меѓу Валјадолид и Валенсија, односно Сасуоло и Наполи, но точно погодени исходи на овие два дуели се многу важни во битката за Генерален пласман.

Тука продолжува супер интересната трка за лидерската позиција, која носи убава награда. Смарт телевизорот од 48 инчи ќе го краси домот на шампионот во нашата бесплатна игра.

Засега со 106 поени врвот го чува Христијан, а зад него во клубот 100 има уште 13 учесници. До крајот на втората сезона на Спортска прогноза има доста време, па сè уште има шанса за сите да се обидат да ја решат енигмата 13+2 и да добијат „ајфон“ и, секако, да бидат во игра за вредните награди во Генералниот пласман.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести