Филаделфија не знае за домашен пораз – 76-те играат за 15-ка

Детроит пистонс – Торонто репторс (НБА, 01 часот)

Детроит никако не успева да врзе серија натпревари со комплетен состав. Повторно неизвесен е настапот на првата ѕвезда во тимот Блејк Грифин, кој има мака со коленото што го оперираше пред извесно време. Покрај него, под знак прашалник е и настапот на Андре Драмонд. Центарот има инфекција на окото, а и двајцата не играа на последниот меч и епилогот беше катастрофален пораз од Вашингтон со 20 поени разлика. Капак на сè е и долгото отсуство на Реџи Џексон, кој не одигра ниту еден меч сезонава, а тоа е трилингот најдобри играчи на Пистонс.

Без нив, против шампионот Торонто шансите на Детроит се многу мали, но во НБА никогаш не се знае до последен момент кој ќе игра и дали Грифин и Драмонд ќе бидат во стартната петорка ноќеска против Репторс.

Кај гостите можно е да не игра Фред Ван Флит, што ќе биде хендикеп за Торонто, но не толку голем каков што е проблемот на домаќините. Ќе типуваме дека Детроит нема да ја мине границата од 105 поени.

Предлог тип: Т1 < 105.5 поени (1.88)

 

Филаделфија 76 – Мајами хит (НБА, 01 часот)

Кога Џоел Ембид не игра, Филаделфија не функционира најдобро, а по еден пропуштен меч во поразот од Бруклин, се очекува центарот на 76-те ноќеска да биде во составот на домашната екипа.

Со него во тимот и ротацијата е поинаква, бидејќи Ал Хорфорд ќе игра на својата природна позиција, крило, што му дава и сигурност на тимот и многу повеќе опции и во нападот и во одбраната.

Филделфија ноќеска ќе биде на сериозен испит против одличниот тим на Мајами. Ембид и соиграчите ќе ја бранат неверојатната серија од 14:0 кога играат на домашен терен. Тие се единствената непоразена екипа на свој терен и очекуваат и 15-ка по дуелот со Хит.

Мајами има големи проблеми со повреди или суспензии на дел од стандардните првотимци. Дион Вејтерс има клупска суспензија, трета сезонава поради недисциплина, и му тече казната од шест меча. Горан Драгиќ повеќе паузира отколку што игра во новата сезона, а повреден е и Џастин Винслоу.

Со такви проблеми тешко е да се очекува Мајами да го изненади најдобриот домашен тим во Лигата, па ќе типуваме победа на 76-те.

Предлог тип: 1 (1.40)

 

Минесота тимбервулфс – Њу Орлеанс пеликанс (НБА, 02 часот)

Не се знае кој е полош во последно време, Минесота со 7 порази по ред или Њу Орлеанс, екипа што нанижа 13 неуспеси во серија, што им е клупски рекорд.

Пеликанс се во транзиција и во период кога трае обновата на тимот без првата ѕведа Ентони Дејвис, кој си замина, но што е уште поголем проблем, и без првиот пик на драфтот Зион Вилијамсон. Поразите некако и не се неочекувани за тимот што имаше скромни амбиции и пред почетокот на сезоната и не беше меѓу топ-кандидатите за плејоф.

Сосема спротивна е ситуацијата кај Минесота. Волците имаат одличен тим, со две големи НБА-ѕвезди, Таунс и Вигинс, со искусниот Тиг, но моментно играат катастрофално и нанижаа 7 порази по ред.

Ноќеска можно е да не игра Таунс, што би бил нов голем малер за Минесота. Двете екипи сакаат да ја прекинат црната серија од порази, а фактор ќе биде и заморот. Минесота одмораше четири дена, а Пеликанс итаа на авион по вчерашниот пораз по продолженија од Бруклин. Ќе типуваме дека Тимбервулфс ќе ја прекинат низата од 7 порази во ефикасен меч.

Предлог тип: 1>233.5 поени (2.55)

 

Чикаго блекхокс – Колорадо авеланш (НХЛ, 02 часот)

Колорадо доживеа незгоден пораз од шампионот Сент Луис со 5:2 во битката за врвот во Западната конференција, но Авеланш сепак играат одлична сезона засега и се кандидати за конференциската титула. Им лежи стилот на игра на Чикаго, тимот што го победија на почетокот на овој месец со 7:3. И имаат четири победи против Блекхокс на последните пет меѓусебни дуели.

Чикаго конечно успеа да ја запре црната серија од порази и ја победи Минесота со 5:3, но и сè уште се претпоследни во Западната конференција. Против Колорадо играат тешко, во последно време зачестија поразите од Авеланш, па ќе типуваме дека гостите и ноќеска ќе бидат подобри и ќе ги освојат бодовите во легендарниот „Јунајтед центар“.

Предлог тип: 2&5+ (2.46)

 

Сент Луис блус – Едмонтон ојлерс (НХЛ, 02.30 часот)

Шампионот игра како што му доликува, шампионски и во новата сезона и е лидер во Западната конференција. Блус умешно го покриваат отсуствто на еден од најдобрите играчи Владимир Тарасенко и нанижаа три победи по ред.

Перон и О`Рајли се во форма, а ќе биде интересен дуел со дуото од Едмонтон, Мек Дејвид и Драјсајтл, кои се број еден и два на листата со најдобри поентери во Лигата. Тандемот на Едмонтон е помлад, па ќе се судрат искуството на Сент Луис и младоста на Ојлерс.

Двете екипи веќе играа меѓу себе сезонава и шампионот Сент Луис славеше убедливо, и тоа на гостински терен со 5:2. И во претходната сезона последниот меч му припадна на актуелниот НХЛ-првак со 7:2, па ќе типуваме на хет-трик во нов ефикасен меч на две одлични екипи.

Предлог тип: 1&5+ (2.66)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести