Арсенал ќе го почести дебитантот Артета со празнична победа

Борнмут – Арсенал (Премиер лига, Англија 16 часот)

Микел Артета ќе дебитира на клупата на Арсенал токму на празничниот ден, на Боксинг деј, и речиси и да не можеше да посака подобар ривал од Борнмут.

Арсенал има одлична традиција во дуелите со популарните Цреши со 7 победи и по едно реми и пораз, па и денеска е фаворит.

Проблем за Топчиите е незгодниот момент, во ситуација кога не играат добро и сменија тренер, а патем имаат и пробеми со повредите. Денеска нема да играат Калум Чемберс, Сеад Колашинац и Кјеран Тирни, а неизвесен е настапот на Хектор Белерин, на Себалјос, Мартинели и Холдинг.

Проблемот е во одбраната, па речиси сигурно Букајо Сака ќе игра на позицијата лев бек за да се закрпи дупката, што ќе биде хендикеп за гостите.

Борнмут со сензација и победа против Челзи во Лондон пред две кола ја прекина серијата од пет порази, но веднаш потоа повторно разочара со неуспех дома против Барнли. Клубот е во криза, не му оди добро против Арсенал, па ќе типуваме дека Артета ќе почне како тренер со победа.

Предлог тип: 2&ГГ (3.40) 

 

Шефилд јунајтед – Ватфорд (Премиер лига, Англија 16 часот)

Шефилд јунајтед игра прекрасна полусезона во Премиер лигата и со 28 бода е на петтото место на табелата. Денеска на гости му доаѓа тим од кој Јунајтед нема никогаш загубено меч во Премиер лигата.

Домаќините се комплетни и играат прекрасен фудбал, па се очекува и четврта победа по ред. Ватфорд е клуб со најмногу примени и најмалку постигнати голови на гости, но за фенерџијата во Премиер лигата голем поттик е победата против Манчестер јунајтед во минатото коло.

Трој Дини се врати во составот и со него Ватфорд сепак е поинаков тим, но според нас, нема шанси да го изненади одличниот тим на Шефилд јунајтед.

Предлог тип: 1 (2.05) Супер тип на Sport Life

 

Челзи – Саутхемптон (Премиер лига, Англија 16 часот)

И двете екипи во одлично расположение го чекаат Боксинг деј по победите на гостински терен против Тотенхем, односно Астон вила.

Челзи сепак и покрај големата победа против Тотенхем и нивниот поранешен тренер Жозе Мурињо, има само два успеси на последните шест меча и не смее денеска да си дозволи кикс. Можно е да не игра Аспиликуета, кој се пожали на повреда, а ако тој биде фит, Френк Лампард може да го изведе истиот почетен состав од дуелот против Тотенхем.

Саутхемптон игра многу подобро во финишот на првиот дел од сезоната отколку што тоа го чинеше на стартот и има три победи на последните пет дуели. Муса Џенепо повторно нема да игра, веројатно и Валери нема да настапи, а проблем е што и Шејн Лонг се жали на повреда.

Кај гостите очигледни се проблемите во дефанзивата, па Светците се екипа со најмногу примени голови во Лигата, заедно со Норвич. Челзи со Лампард на кормилото игра офанзивно, па се очекуваат голови на Боксинг деј на „Стемфорд бриџ“.

Предлог тип: 4+ (2.20) 

 

Лутон – Фулам (Шампионат лига, Англија 16 часот)

Лутон и Фулам играле пет меча меѓу себе во англиските лиги и сите пет се со 3 или повеќе голови. Лутон со 47 примени голови на 23 меча е убедливо најлошиот дефанзивен тим во Шампионат лигата, па не е неочекувано што се бори за опстанок.

Фулам со голема победа во дербито против Лидс ја прекина незгодната серија од три порази и очекува нов успех, денеска против аутсајдерот Лутон.

Гостите имаат штоф за камбек во Премиер лигата, го имаат моментно најдобриот стрелец во Шампионат лигата, Александар Митровиќ, и се фаворити. Фулам не смее да киксне, неуспесите против екипи од рангот на Лутон можат да бидат решавачки во битката за пласман во највисок ранг, па очекуваме гостите да ги освојат бодовите во ефикасен меч на „Кенилворт роуд“.

Предлог тип: 2&ГГ(3.05) 

 

Брентфорд – Свонси (Шампионат лига, Англија 16 часот)

Одбраната на Брентфорд е челична и фактор број 1 што клубот од Лондон е сериозен кандидат во битката за пласман во Премиер лигата. Имаат примено само 18 голови и во конкуренција на 24 екипи во Шампионат лигата се втори зад Лидс. Интересно е што и нападот не им е лош, а го имаат третиот стрелец во Лигата, Оли Воткинс, кој досега 13 пати ги тресеше противничките мрежи.

Свонси, исто како и Брентфорд, е во фина мини-серија од три меча без пораз, на око има и подобар тим од домаќините, играат одлично на гости, но беа комплетно надиграни од Брентфорд во октомври.

Избраниците на Томас Франк тогаш славеа со 3:0, а играта што ја прикажаа во Велс беше за десетка. Очекуваме интересен меч во еден од дерби-дуелите на 24-тото коло во Шампионат лигата и победа на домашниот тим.

Предлог тип: 1&0-4 гола (1.93) 

 

- Оглас -

Најнови вести