Будењето во Тампа почнува со победа против славниот Монтреал

Зак Лавињ (НБА, Чикаго булс – Атланта хоукс, 02.00 часот)

Чикаго сезонава лесно ја победува Атланта и веќе води со 2:0 во меѓусебните дуели. Последната победа им е од 12. декември, а блескаше бекот на Булс, Зак Лавињ со 35 поени.

Во последниот период 13. пик од драфтот во 2014 година игра извонредно и на четири од шест меча за Чикаго ја минуваше границата од 30 поени.

Просекот на Зак сезонава е 23.6 поени, но постојано расте, па може да се очекува подобрување и по мечот ноќеска против слабите Јастреби од Атланта. Гостите имаат дури 9 порази по ред, а подобрување не им донесе ниту враќањето на Џон Колинс. Очекуваме драстичниот пад во формата на најслабата екипа во НБА да ја искористи Лавињ и да постигне повеќе од 26 поени.

Предлог тип: >26.5 поени (1.87) 

 

Џејмс Харден (НБА, Хјустон рокетс – Бруклин нетс, 02 часот)

На Харден апсолутно му одговара стилот на игра на Бруклин и против Нетс игра феноменално. Годинава во јануари им даде 58 поени, а во единствената пресметка од оваа сезона против овој ривал постигна 36 поени.

Бруклин долго време има проблеми со повреди на клучните играчи, а и бековската линија е послаба за тандемот Ирвинг-Леверт, па на популарната Брада ќе и биде полесно да се справи со дефанзивната предна линија на гостите.

Харден е прв стрелец во НБА сезонава и од него се очекува да одигра нов ефикасен меч. Иако границата е висока, очекуваме Харден да постигне повеќе од 39 поени.

Предлог тип: >39.5 поени (1.87) 

 

Спенсер Динвиди (НБА, Хјустон рокетс – Бруклин нетс, 02 часот)

Кога се очекуваше Бруклин да страда поради повредите на Кајри Ирвинг и на Карис Леверт, во преден план излезе Спенсер Динвиди и тој игра одлично и е лидер на тимот што има позитивен биланс од 16 победи и 14 порази.

Динвиди требаше да конкурира за најдобар шести играч во Лигата, но сега е главен адут во стартната петорка на Нетс.

За кошаркар кој бешпе драфтуван како осми пик во втората рунда Динвиди се покажа како исплатлива инвестиција, а моментно со 22.7 поени е во Топ-20 според ефикасноста во НБА лигата.

Ќе биде интересно да се проследат дуелите на Динвиди со Харден и со Вестбрук, играчи кои и не играат којзнае каква одбрана, па очекуваме бекот на Бруклин да постигне повеќе од 26 поени.

Предлог тип: >26.5 поени 

 

Џулиус Рендл (НБА, Вашингтон визардс – Њујорк никс, 02 часот)

Крилниот центар на Њујорк никс игра на очекуваното ниво во финишот на годината, а на последните два меча е ултра-ефикасен.

На Вашингтон на мечот одигран пред четири ноќи Рендл му уфрли 35 поени, но сепак Њујорк загуби. Сега Никс имаат можност за реванш, а задачата може доста да им биде олеснета, ако се остварат најавите дека нема да игра Бредли Бил.

Секако се очекува нов ефикасен меч, во рангот на претходниот што заврши си победа на Визардс од 121:115. Во дуел на екипи што форсираат брза кошарка, Рендл одлично се снаоѓа и може повторно да изненади со 30+ поени, иако за плус ноќеска му требаат 21 поен.

Предлог тип: >20.5 поени (1.87)   

 

Тампа беј лајтнингс – Монтреал канедиенс (НХЛ, 01.00 часот)

Тампа не игра добро сезонава и има 40 бода, што не е во рангот на квалитетот на екипата. Стамкос, Кучеров, Хедман, Палат и останатите хокеари на еден од фаворитите за титулата мораат да почнат да прикажуваат многу подобри претстави, ако сакаат да ја остварат првичната цел, пласман во плејофот.

Домаќините имаат солиден биланс против Монтреал во последно време и ги добија последните два дуели на свој терен. Покажаа одличен хокеј на последниот меч против Флорида во локалното дерби и победија со 6:1, што им дава надеж дека 2020 година ќе биде многу подобра за нив.

Мечот со Монтреал им е многу значаен, бидејќи со победа ќе тргнат кон позициите што гарантираат настап во доигрувањето.

Монтреал е најтрофејната екипа во историјата на  НХЛ лигата со 24 шампионски круни, но и тие се со негативен биланс досега, со 18 победи и 19 порази. Искусниот напаѓач Томас Татар им е главен адут, но се чини дека според имињата имаат за нијанса послаб тим од Тампа.

Предлог тип: 1 (1.85) 

 

 

                

- Оглас -

Најнови вести