Замалек – Асван (Египет, 18.30 часот)
Замалек е гигант на египетскиот фудбал со 12 титули и дури 33 вицешампионски круни, па и сега е фаворит против Асван.
Кралскиот клуб има богата традиција и заедно со Ал-Ахли се двата клуба што играле во сите првенства во елитната лига на Египет.
Интересно е што на последните четири меѓусебни дуели со Асван двапати победија со по 1:0 на домашен терен и двапати ремизираа без голови како гости.
Асван има поскромна традиција и само девет сезони настапувал во најсилната египетска лига, иако клубот е основан во 1930 година.
Домаќините се фаворити и ќе типуваме дека ќе победат, но и ќе ја почитуваме традицијата со малку голови на меѓусебните мечеви, па очекуваме Замалек да го реши мечот во второто полувреме.
Предлог тип: Х-1&0-2 (7.00)
Дерби каунти – Барнсли (Шампионат лига, 20.45 часот)
Се е подготвено за постновогодишен спектакл на „Прајд парк“, каде што вечерва треба да дебитира Вејн Руни за Дерби каунти.
Клубот што лани испадна во последната фаза од баражите за пласман во Премиер лигата, сега повторно има исти амбиции, иако заостанува доста зад клубовите што се во позиција да играат плејоф според моментната ситуација на табелата во Чемпионшип лигата.
Сепак, со Руни во тимот, Дерби ќе биде конкурентен и ќе се обиде да анулира 10 бода негатива, колку што е заостанувањето зад Милвол, екипа што го има последниот билет за бараж на малку повеќе од половина пат до крајот на шампионатот.
Барнсли игра слабо сезонава, се наоѓа на претпоследното место на табелата и минува низ криза. Некогашниот премиерлигаш за којшто играше и нашиот Гоце Христов ќе бие битка за опстанок, а вечерва нема што да калкулира против Дерби.
Се очекува Руни да игра за домашниот тим, па спектаклот е загарантиран, а ние ќе типувема дека ќе биде и зачинет со голови.
Предлог тип: 3+ (1.82)
Свонси – Чарлтон (Шампионат лига, 20.45 часот)
Свонси има убава шанса да се врати на шестата позиција со победа против Чарлтон, екипа што ја победи со 2:1 во првиот дел од Чемпионшип лигата сезонава.
Велшкиот тим игра скромно на домашен терен и тука е причината што не се наоѓаат на некоја позиција погоре. Имаат амбиции да се вратат во Премиер лигата, но како што стојат работите, единствена надеж им е баражот бидејќи заостануваат премногу зад водечкиот двоец Лидс- ВБА.
Чарлтон одамна го носи епитетот „домашна екипа“, а тоа го потврдува и сезонава. На гостински терен освоија само 10 бода од можните 36, а според тоа како играат во последно време, им се насмевнува нов неуспех.
Предлог тип: 1 (1.55)
Ливерпул – Шефилд јунајтед (Премиер лига, 21 часот)
Ливерпул има неверојатно добра традиција во дуелите со новите премиерлигаши откако Јирген Клоп им е менаџер. Ги добија сите 11 дуели на домашен терен со гол-разлика од 33:4.
Лидерот на табелата игра во перфектна форма, а на мегдан му доаѓа хитот во досегашниот дел од сезоната, Шефилд јунајтед. Црвено-белите играат допадлив фудбал и досега освоија 29 бода, па се чини дека веќе ја остварија првичната цел, опстанок во Премиер лигата.
Проблем за Шефилд може да биде евентуалното неиграње на Џон Лундстрем, кој е многу важна алка во тимот, а го мачи повреда на глуждот.
Кај Ливерпул може да се почуствува и замор, Црвените играат во пеколен ритам, но не смее да се испушти големата предност од 10 бода со два меча помалку од ривалите во обидот конечно да се освои првата шампионска титула откако постои Премиер лигата.
Очекуваме Шефилд јунајтед да одигра добар меч, но Ливерпул сепак е пресилен за избраниците на Крис Вајлдер.
Предлог тип: Х-1 (4.15)
Црвена ѕвезда – Баерн (кошарка, Евролига 19 часот)
И двете екипи имаат шанса за пробив во топ-8 во Евролигата и не се без изгледи да бидат дел од екипите што ќе играат за титулата.
Но, во оваа фаза секој пораз може да значи големо заостанување зад конкурентите и за српскиот првак и за германскиот клуб.
Црвена ѕвезда е во подобра форма и нанижа две победи по ред, со што сигна до биланс од 7 победи и 9 порази. Баерн има два порази едноподруго и бележи и пад на формата и пад на табелата. Баварците се со скор од 6-10 и ќе се обидат да направат подвиг во Белград за да го стигнат ривалот.
Очекуваме тврд меч, што многу им значи на двете екипи и малку поени во „Штарк арената“ во Белград.
Предлог тип: <151.5 поени (1.85)
Во дневната понуда на Sport Life со поголеми коефициенти можете да ги одиграте следните типови на овие три натпревари:
Дерби каунти – Барнсли (Чемпионшип лига, 20.45 часот)
Предлог тип: 1Х&2-4 гола (2.25)
Свонси – Чарлтон (Чемпионшип лига, 20.45 часот)
Предлог тип: 1+I&3+ (1.95)
Ливерпул – Шефилд јунајтед (Премиерлига, 21 часот)
Предлог тип: Т1 1+I&T1 3+ (2.55)