Шоумените од Лос Анџелес ќе приредат шоу против големиот ривал од Детроит

Демиен Лилард (НБА, Мајами хит – Портланд трејлблејзерс, 00 часот)

Ол-стар бекот на Портланд игра во топ-форма, а пионерите конечно со победа против Вашингтон визардс ја прекинаа серијата од пет неуспеси по ред. Лилард постигна 35 поени, па сега ќе се обиде да биде лидер во нов триумф на Трејлблејзерс.

Мајами е посериозен ривал од Вашингтон, но на Демиен му лежи играта на Хит. Им даде 42 поени во октомври лани и кога игра како што умее, тешко се наоѓа ривал што ќе го сопре.

Данкан Робинсон и Кендрик Нан не се калибар на играчи што можат да го сопрат Лилард, па ќе типуваме нов ефикасен меч на бекот-шутер на Портланд.

Предлог тип: >25.5 поени (1.87)

 

Си-Џеј Мак Калум (НБА, Мајами хит – Портланд трејлблејзерс, 00 часот)

Плејмејкерот на Портланд нѝ беше во добитниот тим пред две ноќи кога ги погодивме сите пет предлог типови. Како што се вели тимот што победува не се менува, па повторно ќе се обидеме да типуваме дека Мек Калум ќе постигне повеќе од 20.5 поени, колку што е границата во додатокот за НБА лигата во Sport Life.

На последниот меч против Мајами, Си-Џеј беше извонреден и постигна 33 поени, а нема причина и ноќеска да не биде во добар ритам и да ја натрфрли границата од 20.5 поени.

Мотив повеќе и за него, но и за соиграчите е да не му се дозволи на Мајами да забележи хет-трик против Портланд.

Секако и многу важна би била победа на гостински терен, за да се задржи позицијата број 8 во Западната конференција на која моментно се пионерите од Портланд.

Предлог тип: >20.5 поени (1.80)

 

Колин Секстон (Кливленд кавалирс – Минесота тимбервулфс, 01.30 часот)

Младиот бек игра се подобро и според просекот од 18.5 поени е најдобар стрелец на Кливленд. Ја игра втората сезона и тоа многу подобро од дебитантските настапи лани, кога имаше 16.7 поени во просек по меч.

Секстон во трите досегашни натпревари против Минесота не успеваше да постигне повеќе од 18 поени, но сега ситуацијата е малку поинаква. Пред се тоа се должи на хаосот во противничкиот тим.

И буквално за ноќеска не се знае кој ќе игра за Тимбервулфс, екипа што има одличен состав, но и многу повредени играчи. Карл Ентони Таунс, една од двете ѕвезди на Волците сигурно нема да настапи, а неизвесен и е Ендрју Вигинс. Веројатно наме да настапи и искусниот бек Џеф Тиг, што е голема шанса за Кливленд да ја прекине серијата од три порази.

Секстон игра извонредно во последно време и на пет од шест натпревари успеваше да постигне 20, или повеќе поени. Толку му треба и ноќеска против хендикеприраните гости од Минесота за да оди во плус.

Предлог тип: >19.5 поени (1.87)

 

Феникс санс – Мемфис гризлис (НБА, 02 часот)

Ова е дуел на две талентирани екипи од кои се очекува многу во иднина. Мемфис игра одлично во овој период, а на последниот меч што го одиграа и буквално го растурија Лос Анџелес клиперс, екипа што многумина ја сметаат за еден од фаворитите за титулата.

Краудер, Џексон, Брукс, Морант…. си поиграа со фаворитите од Ел-Еј и славеа со 140:114. Тоа е голем потстрек да се продолжи во добар ритам, во обидот Мемфис да се вмеша во битката за позиции што водат во плејофот.

Пред нив на табелата со ист број на победи, 14, но со пораз помалку е Феникс. И Сонцата имаат многу талентиран тим што го предводи Букер, а тука се и Рубио, Ајтон, Убре…

Двата состави имаат доста млади играчи, кои играат експлозивна кошарка, па очекуваме многу поени и многу интересен дуел во Феникс.

Предлог тип: >230.5 поени (1.83)

 

Лос Анџелес лејкерс – Детроит пистонс (НБА, 04 часот)

Старото добро дерби што во 80-те и 90-те години од минатиот век одлучуваше за титулите во НБА лигата го нема стариот сјај, но секогаш е интересно да се потсетиме на големиот ривалитет на Лејкерс и на Пистонс.

Моментно шоумените од Ел-Еј се многу подобри, а Детроит се мачи со повреди на клучните играчи. Блејк Грифин се врати на паркетот, но не е докрај фит, па можно е да не игра ноќеска. Оддамна е отсутен и бекот Реџи Џексон, нема да игра ниту Лук Кенард што се заедно е голем хендикеп за Пистонс.

Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и соиграчите се најдобриот тим на Западот, а не се откажуваат ниту од битката со Милвоки за првото место во Лигата во регуларниот дел од сезоната.

Тука нема што да се калкулира, моментно Лејкерс се многу подобар тим и во подобра форма од големиот ривал, па ќе типуваме единица, комбинирано со повеќе од 220.5 поени на мечот.

Предлог тип: 1>220.5 поени (2.00)

 

 

- Оглас -

Најнови вести