Шарлот хорнетс – Индијана пејсерс (НБА, 01 часот)
Индијана има подобар скор од Шарлот во досегашниот дел од сезоната, но според моментната форма пред и по Новогодишните празници Хорнетс се во подобро расположение.
Забележаа две победи по ред, од кои последната многу вредна, против Далас по продолженија. Шарлот знае да одигра цврста одбрана, а кога се работи за екипи од иста конференција во НБА, секогаш постои одреден ривалитет.
Индијана се уште е во добар плус, има биланс од 22-14, но и два порази по ред. Според коефициентот се фаворити за победа, но ние ќе типуваме дека ќе има помалку кошеви од границата од 211.5 во Sport Life.
Предлог тип: <211.5 поени (1.67)
Вашингтон визардс – Бостон селтикс (НБА, 01 часот)
Волшебниците од главниот град на САД воопшто не играат лошо и во ситуација кога настапуваат речиси со комплетен втор тим. Имаат две победи и два порази во последните 4 меча, на кои играа без цела стартна петорка.
Повторно не се знае дали ќе игра Бредли Бил, а веќе одредено време ги нема и стартерите Брајант, Хачимура, одличната резерва Бертанс и Ол-стар бекот Џон Вол, кој се уште нема настап сезонава.
Иш Смит, Џордан Мек Ри и Трој Браун јуниор одлично одговорија на предизвикот и заедно со останатите резерви на Вашингтон го декласираа Денвер, а претходно го изненадија и Мајами.
Бостон е втората најдобра екипа во Источната конференција и има три победи по ред, секако е голем фаворит, но овде ќе типуваме на плус поени.
Како поткрепа на прогнозата ни е последниот меѓусебен меч на овие две екипи што заврши со победа на Бостон од 140:133.
Предлог тип: >225.5 поени (1.85)
Филаделфија 76 – Оклахома тандерс (НБА, 01 часот)
Оклахома ја победи Филаделфија во ноември со 127:119 и е во многу подобра форма од ривалот. Тандерс наредија пет победи по ред и се многу конкурентни за настап во плејофот.
Гостите имаат интересен тим со одлична стартна петорка, но и со добри резерви. Како игра во досегашниот дел од сезоната Денис Шрудер комотно може да конкурира за најдобар шести играч во Лигата.
Филаделфија направи промени пред стартот на сезоната и според експертите ја има веројатно и најдобрата стартна петорка, во која сепак се не штима како што треба.
Хорфорд се жали дека не добива доволно топки во нападот, Ембид ги искритикува сите соиграчи, а се жали и Џош Ричардсон. Атмосферата кај 76-те не е најдобра, па ќе типуваме дека Филаделфија нема да победи со двоцифрена разлика. За похрабрите тука може да се типува и чиста двојка.
Предлог тип: 2 со хендикеп од 9.5 поени (1.67)
Атланта хоукс – Денвер нагетс (НБА, 01.30 часот)
Јастребите се подразбудија по Новогодишните празници и играат солидно. Имаат победа и пораз во 2020 година, а играа против фаворитите Бостон и Индијана. Во тесен меч загубија од Селтикс и во возбудлива завршница ги победија Пејсерс.
Во тимот се врати Џон Колинс, а Тре Јанг игра одлично во континуитет, па Атланта очекува многу подобри резултати во продолжение од сезоната.
Денвер влезе во мала криза и има два порази и една победа во Новата година. Нагетс неочекувано загубија од Вашингтон, претходно беа декласирани и од Хјустон, а меѓу тие два меча ја победија Индијана.
Јокиќ и соиграчите можат многу подобро, а клуч за нивните успеси претходно беше добрата одбрана. Во моментов дефанзивата на Денвер не функционира и во просек примија 125 поени на дуелите што ги одиграа во 2020 година.
Атланта игра ултра брза кошарка и со таков пристап успеа да го изненади Денвер во ноември лани и победи на гости со 125:121. Очекуваме нов ефикасен меч и многу повеќе поени од 220.5, колку што е границата поставена во додатокот за НБА во Sport Life.
Предлог тип: >220.5 поени (1.90)
Сан Антонио спарс – Милвоки бакс (НБА, 02.30 часот)
Пред две ноќи Милвоки релативно лесно успеа да ги победи „мамузите“ од Сан Антонио со 127:118 и има одличен биланс во последно време против овој ривал. Бакс ги победија Спарс на пет од последните шест меѓусебни дуели.
Главен проблем за Сан Антонио е лошата игра во дефанзивата, нешто што во минатото беше заштитен знак на тимот. Тренер е ист, вечниот Грег Попович, но одбраната е неспоредливо послаба од таа што ја играше ѕвездениот тим на Сан Антонио со Данкан, Ленард, Паркер, Џинобили… во составот.
Милвоки моментно е најдобрата екипа во Лигата со биланс од 32 победи и само пет порази. Брзо го надминаа шокот по убедливиот пораз од Филаделфија за божикните празници и нанижаа пет победи по ред.
Адетокумбо се врати на паркетот и со него Милвоки повторно е непобедлив. И двете екипи играат брза кошарка, па очекуваме нов ефикасен меч, ноќеска во Сан Антонио.
Предлог тип: >224.5 поени (1.83)