Андре Драмонд (НБА, Детроит пистонс – Чикаго булс, 01 часот)
Детроит има многу проблеми со повредите на дел од главните адути уште од стартот на сезоната, па товарот најчесто паѓа на плеќите на искусниот центар Андре Драмонд.
И ноќеска во дербито со Чикаго, Пистонс ќе играат без Грифин, Џексон, Кенард… што е хендикеп, но тоа веќе трае извесно време и Детроит се навикна да игра со преполовен тим.
Добра вест за нив е што на спротивната страна нема да настапи центарот на Чикаго Вендел Картер, играч против кого Драмонд тешко се снаоѓа. Картер беше седми пик на драфот во 2018 година, но повредите засега го спречуваат да го потврди потенцијалот и високиот избор на драфтот.
Место него стартер на центарската позиција ќе биде Даниел Гафорд, неискусен кошаркар што нема квалитет да му се спротивстави на Драмонд, кој е еден од најдоминантните центри во лигата.
Предлог тип: >21.5 поени (2.00)
Зак Лавињ (НБА, Детроит пистонс – Чикаго булс, 01 часот)
Бекот на Чикаго блеска во Новата година и на четири од петте меча што ги одигра има просек од 31.2 поени со што е меѓу најдобрите во лигата.
Вкупниот просек сезонава му е 24.4 поени, а неговите одлични настапи, за жал на Чикаго немаа значаен ефект на резултатите. Булс нанижаа шест порази по ред и не ја користат блескавата форма на Лавињ.
Ноќеска е вистинската шанса за Чикаго да ја сопре црната серија од порази и да ја забележат првата победа во 2020 година.
Лавињ е во топ-форма, а цениме дека Михалик и Браун не можат да го сопрат летечкиот бик и дека Зак повторно ќе блеска со учинок над 26 поени.
Предлог тип: >26.5 поени (1.85)
Денис Шрудер (НБА, Оклахома сити тандер – Лос Анџелес лејкерс, 02 часот)
Резервниот бек на Оклахома игра одлично сезонава за Тандер и има просек од 18.4 поени, што е учинок за респект. Денис сигурно ќе биде еден од кандидатите за најдобра резерва во НБА лигата, ако продолжи да игра во ваков ритам.
Ноќеска ќе има посебен мотив, заедно со соиграчите, за првпат да го победат лидерот во Западната конференција во третиот меѓусебен меч. Двата ги загубија од Лејкерс, а и двете екипи се во одлична форма, па се очекува вистинско дерби.
Шрудер постигна 31 поен на првиот дуел со Лејкерс сезонава, а потоа беше запрен на 13 поени во вториот пораз од лидерот. Германецот е одличен и ќе типуваме дека ќе постигне повеќе од 18 поени.
Предлог тип: >18.5 поени (2.00)
Лука Дончиќ (НБА, Далас маверикс – Филаделфија 76, 02.30 часот)
Далас на последните два меча ги загуби двете дербија во Западната конференција и беше поразен и од Денвер и од Лос Анџелес лејкерс.
На тие два меча се покажа дека отсуството на Порзингис е голем хендикеп за нив и дека Дончиќ не може сам да победува.
Словенецот досега одигра два меча против Филаделфија и на двата имаше скромен учинок од вкупно 25 поени. Ноќеска повторно ќе игра против Бен Симонс, кој е одличен дефанзивец и има рецепт како да го сопре сезонава брилијантниот Ол-раунд играч на Далас.
Двете екипи ќе бидат ослабени, Далас без Порѕингис, Филаделфија без Ембид, па во фокусот ќе биде дуелот меѓу Дончиќ и Симонс. Ќе типуваме дека Бен со помош на соиграчите нема да му дозволи на Лука да ја мине границата од 30 поени.
Предлог тип: <30.5 поени (1.80)
Двајт Пауел (НБА, Далас маверикс – Филаделфија 76, 02.30 часот)
Центарот на Далас игра многу подобро во Новата година и на четири од шесте меча што ги одигра во 2020 година имаше двоцифрен учинок во поени.
Ноќеска ќе има повеќе простор за игра во офанзивниот дел, бидејќи вториот главен адут на Далас, Кристапс Порѕингис е повреден.
Пауел одлично соработува со Дончиќ, а Лука со прекрасните асистенции му помага на центарот на Далас да стане значајна алка во тимот што има големи амбиции.
Ноќеска и отсуството на Џоел Ембид ќе му отвори простор на Пауел да одигра на нивото на кое игра во последно време, иако и Ал Хорфорд, кој ќе му биде директен противник под кошевите е одличен дефанзивец.
Понудата во додатокот за НБА лигата во Sport Life за Пауел е на границата од 9.5 поени, а ние ќе типуваме дека добитна комбинација ќе биде плус поени.
Предлог тип: >9.5 поени (2.00)