Специјален меч за Леброн Џејмс, Кралот најави спектакл

Крис Пол (НБА, Минесота тимбервулфс – Оклахома сити тандер, 02 часот)

Оклахома игра солидна сезона и со четири победи по ред веќе е во убав плус од 8 триумфи со биланс 27-19. Допрва од Тандер се очекува уште повеќе, бидејќи имаат потенцијал за уште подобри резултати и остварување на целта – настап во плејофот.

Ветеранот Крис Пол е главен фактор за успесите и особено за прекрасните резултати на Тандер во последно време. Сè уште е еден од најдобрите плејмејкери во НБА-лигата, иако веќе влезе во 35-тата година од животот.

Во последно време Пол игра одлично и постигна вкупно 95 поени во последните четири победи на Оклахома.

На тие дуели постојано ја минуваше границата од 17.5 поени, колку што е во понудата на Sport Life за мечот против Минесота.

Двете екипи играат ефикасни меѓусебни мечеви, па очекуваме дека Пол одлично ќе се снајде во брзиот ритам и лесно ќе ја мине границата од 17,5 поени и ноќеска.

Предлог тип: > 17.5 поени (1.87)

 

Карл Ентони Таунс (НБА, Минесота тимбервулфс – Оклахома сити тандер, 02 часот)

Центарот на Минесота игра одлично, откако се врати по повредата, но и тоа нема ефект на резултатите на Минесота. Од тимот што има две ѕвезди од Ол-стар калибар и уште неколку солидни кошаркари се очекуваше многу повеќе. Повредите се дел од причините за лошите игри на Волците, кои имаат 8 порази по ред и негативен биланс од 15-30.

Таунс одигра шест меча по ред по повредата и на пет од нив постигнуваше повеќе од 26.5 поени, колку што е границата во додатокот за НБА во Sport Life.

Еден од најдобрите центри во НБА игра ефикасно против Оклахома и на последните три дуели против Тандер постигнуваше редум 41, 35 и 30 поени. Типуваме дека повторно ќе биде ефикасен.

Предлог тип: > 26.5 поени (1.90)

 

Данило Галинари (НБА, Минесота тимбервулфс – Оклахома сити тандер, 02 часот)

Популарниот Гало како што велат експертите за НБА лигата е еден од најпотценетите играчи во најсилната лига на светот. Одличен шутер со прекрасна техника, кој знае да игра и одбрана, а и без проблем да постигне 20+ поени на секој меч за Тандер.

Сезонава има просек од 19.5 поени, но против Минесота игра одлично и тоа за сите тимови за кои играше. Како член на Оклахома има одиграно два меча против Волците и беше ефикасен со 21 и 30 поени.

Ноќеска границата во додатокот на Sport Life за НБА лигата за Галинари е 20.5 поени, а ние ќе типуваме дека ќе има хет-трик од 20+ поени против Минесота.

Предлог тип: >20.5 поени (1.90)

 

Денис Шрудер (НБА, Минесота тимбервулфс – Оклахома сити тандер, 02 часот)

Резервниот бек на Оклахома е во топ-форма и речиси сигурно ќе биде еден од најсериозните кандидати за најдобар шести играч во НБА лигата.

Со просек од 18.7 поени е една од најефикасните резерви во најсилната лига на светот, а просекот му е уште повисок на последните мечеви што потврдува дека допрва од него ќе гледаме уште подобри партии баскет.

Шрудер знае набрзина и во серија да постигнува поени, на последните три меча постигна вкупно 74, па нема да биде изненадување и на четвртиот што следи ноќеска против Минесота да биде ефикасен и да стаса до 100 поени на четири меча.

Предлог тип: >19.5 поени (1.87)

 

Леброн Џејмс (НБА, Филаделфија 76 – Лос Анџелес лејкерс, 02.30 часот)

Ноќеска Леброн Џејмс ќе има посебни мотиви да биде ефикасен, бидејќи е на прагот да го мине Коби Брајант на третото место на вечната листа со најдобри стрелци во НБА лигата.

Му требаат 18 поени за да биде пред играчот кој го носеше истиот дрес, тој на Лос Анџелес лејкерс, каде сега игра и Џејмс.

Интересно е што Леброн се уште нема победа против Филаделфија, откако е член на Лејкерс. На еден меч не играше, на вториот настапи и доживеа дебакл. Филаделфија победи со 143:120, a Леброн постигна скромни 18 поени, па сега ќе се обиде да биде многу поефикасен и конечно да се радува на победа против 76-те.

Уште еден предизвик за големиот спортист е да се освои тврдината наречена „Велс Фарго Центар“ каде на 22 меча сезонава само две гостински екипи успеаја да победата, а Филаделфија има биланс од 20-2 кога игра дома.

Предлог тип: > 27.5 поени (1.87)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести