Чекани не го бијат Ливерпул

Интер – Фиорентина (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Интер нанижа три ремија во Серија А со ист резултат, 1:1, а во тој циклус го победи Калјари во купот со 4:1 и сега има одлична шанса повторно да победи, да ја прекине серијата од три нерешени резултати и да се пласира во полуфиналето во националниот куп.

Популарните Нераѕури играат добро против Фиорентина во последно време и имаат низа од пет меча без пораз против Виолетовите.

Фиорентина игра многу подобро откако кормилото го презеде новиот тренер Џузепе Јакини. Со него на клупата, на пет меча Фиорентина забележа три победи и има две нерешени и сè уште е без пораз.

Ова е нокаут-натпревар, во кој и двете екипи ќе одат на победа, а подобриот ќе игра со Наполи во полуфиналето, што се игра во два меча. Ќе типуваме дека Интер ќе ја победи Фиорентина, за прв пораз на Јакини како шеф на стручниот штаб на клубот од Фиренца.

Предлог тип: 1 (1.57)

 

Манчестер сити – Манчестер јунајтед (Лига куп, Англија, 20.45 часот)

Манчестер јунајтед знае да победува на „Етихад“ и славеше на две од последните три гостувања против градскиот ривал.

Сепак, предноста на Сити е голема, а првиот меч покажа дека популарните Граѓани во моментов се подобри од Црвените ѓаволи. Шампионот славеше со 3:1 и би било сензационално ако ја прокоцка шансата да игра во финалето во Лига купот на „Вембли“ против Астон вила.

И двете екипи мора да мислат на следните мечеви во Премиер лигата, а ќе бидат на сериозни искушенија. Сити ќе му биде гостин на Тотенхем во Лондон, а Јунајтед ќе игра со многу незгодниот Вулверхемптон на свој терен.

Двајцата тренери имаа кадровски проблеми, а се чини главоболката кај Солскјер е поголема, Јунајтед ќе игра без Рашфорд, веројатно и без Матиќ, а одамна надвор од редовите се и Рохо, Погба, Мектоминеј и Туанзебе.

Кај Сити, неизвесен е настапот на Марез, Лапорт и Кансело, а Сане е подолг период на рехабилитација. Во реваншот не би требало да има калкулации и очекуваме голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ (1.80)

 

Шарлроа – Бриж (Жупилер лига, Белгија, 20.45 часот)

Бриж долг период беше вистински кошмар за Шарлроа и имаше низа од 8 меча без пораз, во тој циклус и неколку убедливи победи од 5:1, 6:0.., но работите се сменија во последните две сезони.

Сега Шарлроа има две победи по ред против 15-кратниот белгиски првак и нема да биде чудо ако забележи и хет-трик.

Шарлроа игра многу цврсто, тешко прима голови и во таа категорија со 18 примени голови е веднаш зад Бриж, екипа која им дозволи на противниците само 11 пати да им ја тресат мрежата.

И двете екипи се во одлична форма, Бриж со 8 меча по ред без пораз, а Шарлроа уште подобро, со цели 12 натпревари на коишто освојуваше најмалку бод.

Во првиот дел од шампионатот Шарлроа го победи Бриж со 1:0 и ќе типуваме дека тимот чиј член е нашиот репрезентативец Ѓоко Зајков повторно нема да загуби од лидерот во Жупилер лигата.

Предлог тип: Х (3.35)

 

Вест хем – Ливерпул (Премиер лига, Англија, 20.45)

Вечерва по долг период ќе се види како функционира машинеријата на Ливерпул без Садио Мане. Сенегалецот е повреден и според сите параметри, тоа е голем удар за лидерот во Премиер лигата.

Но, Ливерпул има квалитетен ростер со одлични резерви и игра против ривал од кого нема загубено меч во англиското првенство од 2016 година.

Вест хем игра лошо според квалитетот на играчите што ги има, а тоа неодамна го потенцираше и капитенот Марк Нобл. Вечерва популарните Чекани ќе имаат многу проблеми и десеткуван состав.

За домаќините нема да играат Снодграс, Андерсон, Јармоленко, Фредерикс и Вилшер, а неизвесен е и настапот на Масуаку.

Ливерпул ќе ја искористи шансата и типуваме дека ќе ги разреши сите дилеми околу победникот уште во првото полувреме.

Предлог тип: 2-2 (1.97)

 

Марсеј – Стразбур (Куп на Франција, 21.05 часот)

Купот на Франција донесе неколку изненадувања и елиминации на Монпелје, Монако, Бордо…, а вечерва кој и да победи, нема да биде изненадување бидејќи се работи за меч на прволигаши.

Марсеј киксна против Анже со реми без голови во последното коло во Лига 1, па сега ќе има шанса за поправен и пласман во четврт-финалето. Играњето на жешкиот „Велодром“ знае да им даде крилја на домашните фудбалери, но вечерва гостин им е опасниот Стразбур.

Популарните Ле Расинг го растурија Монако на гостински терен во последното коло од францускиот шампионат и се во топ-форма. Лани во возбудлив меч од истата фаза, во осминафиналето на Купот, Стразбур го елиминира Марсеј на „Велодром“ по маратонски меч.

Тогаш гостите славеа на пенали, откако во регуларниот дел од мечот беше нерешено 1:1. Не е исклучено повторно да биде драматично, а се чини најдобра варијанта е да се типува дека и двете екипи ќе постигнат барем по еден гол.

Предлог тип: ГГ (1.98)

 

Во стандардната дневна понуда со единствени квоти во Sport Life можете да ги одиграте следните три натпревари:

Интер – Фиорентина – 1+I&3+ (2.15)

Вест Хем – Ливерпул – 2&1+I&1+II (2.00)

Сарагоса – Реал Мадрид – ГГ прво/второ (2.35)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести