Денвер има вистински Џокер за успех против Јута

Паскал Сијакам (НБА, Кливленд кавалирс – Торонто репторс, 01 часот)

Најдобриот стрелец на Торонто се врати во погон по повредата и со него во тимот актуелниот првак не знае за пораз. Нанижаа 7 победи по ред и ако го совладаат и сезонава лошиот Кливленд, ќе имаат рекордна серија, најдолга клупска во овој циклус на НБА-лигата.

Сијакам за неполни две сезони прераснува во еден од најдобрите кошаркари во најсилната лига на светот. Игра извонредно и сега, откако лани беше откровение и имаше голем удел во сензационалниот успех и освојувањето на првата НБА-круна на Репторс.

Има просек од 23,8 поени, а ноќеска ќе мора да мине и повеќе време на паркетот поради повредите на Ануноби, Холис-Џеферсон и Патрик Мекау. Можно е некој од нив тројца и да игра, но се знае кој ги влече конците на играта на Торонто. Сијакам е 15-ти стрелец во НБА-лигата според просекот на поени и очекуваме нов ефикасен меч од него.

Предлог тип: 23.5 поени (2.00)

 

Кајл Лаури (НБА, Кливленд кавалирс – Торонто репторс, 01 часот)

На претходниот меч со Атланта хоукс, Лаури стигна до клупскиот рекорд според бројот на асистенции. Со 11 прецизни додавања го мина Хозе Калдерон, а на тој меч како да беше насочен само кон таа цел, да ја мине бројката од 3.770 асистенции на Шпанецот. Лаури има 3.772 и уште долг период пред него за да го подобрува рекордот.

Канаѓанецот има одличен просек од 19,8 поени, а сезонава игра солидно против Кливленд и на двата меча што убедливо ги доби Торонто постигна 20 и 24 поени.

Очекуваме хет-трик од бекот на Репторс и ќе типуваме на плус поени.

Предлог тип: >17.5 поени (1.80)

 

Бредли Бил (НБА, Вашингтон визардс – Шарлот хорнетс, 01 часот)

Бил игра импресивно во последно време, но се е џабе за Вашингтон кога Волшебниците немаат магија во одбраната. Брзиот стил на кошарка им се одбива како бумеранг, па на последните два меча примија над 150 поени, што е неверојатно лош ефект.

Бил на тие два меча се обидуваше со ултраефикасна офанзива да ги покрие слабостите во одбраната на тимот. Постигнуваше 40 и 47 поени, но беа загубени и дуелот со Атланта и тој со Милвоки со 152, односно 151 примен кош.

За лична утеха Олстар-бекот на Визардс осетно си го подобри личниот просек во поени, кој сега му е 28,6 за шесто место на листата со најдобри стрелци во НБА-лигата.

Шарлот сака да игра цврста одбрана, но Бил е во налет и ќе одиграме на плус поени.

Предлог тип: > 27.5 поени (1.75)

 

Никола Јокиќ (НБА, Денвер нагетс – Јута Џез, 04.30 часот)

Популарниот Џокер ќе мора да извади џокер плус за да му помогне на тимот да победи во битката со еден од конкурентите за врвот во Западната конференција.

Јокиќ ќе има сложена задача против еден од најдобрите дефанзивци во Лигата, Руди Гобер, но има квалитет да го предводи драстично ослабениот тим до победа.

За Нагетс нема да играат Мареј и Милсап и што е многу важно за учинокот на Јокиќ, и Мејсон Пламли ќе биде отсутен. Резервниот центар е повреден, што значи дека Никола ќе мора да игра повеќе минути бидејќи овој дуел е исклучително важен. Двете екипи имаат еднаков биланс од 32-15, а Јокиќ може да оди над 23,5 поени.

Предлог тип: > 23.5 поени (1.90)

 

Донован Мичел (НБА, Денвер нагетс – Јута џез, 04.30 часот)

Мичел игра одлично во континуитет и е прв стрелец на Јута џез со просек од 25 поени. На последните пет меча редовно ја минуваше границата од 22,5 поени, која што за него е поставена за дербито со Денвер во додатокот за НБА во Sport Life.

Јута има биланс од 11-3 во јануари, но и два порази по ред, па и за Мичел и за останатите кошаркари на Џез ќе биде посебен мотив да се победи лутиот ривал и да се вратат на победничките патеки.

Добро за Донован е што ноќеска нема да игра одличниот дефанивец на Нагетс, Џамал Мареј, а и Гери Харис, кој исто така знае да игра добра одбрана, ќе има ограничена минутажа според најавите од таборот на Денвер.

Предлог тип: > 22.5 поени (1.80)

 

 

- Оглас -

Најнови вести