Во Sport Life и минусот може да ви донесе ќар

Детроит редвингс – Њујорк ренџерс (НХЛ, 01 часот)

Двете екипи играа ноќеска меѓусебе и во легендарниот „Медисон Сквер Гарден“ убедливо славеа домаќините со 4:2. Сега ќе се игра во „Литл Цезар арена“ во Детроит, но тешко дека може да се промени односот на силите.

Славниот Детроит редвингс е во историска криза и е најслаб тим во НХЛ лигата. Времињата на руската петорка и доминацијата на Редвингс за овој состав се неповторливи, а тешко и дека ќе се избегне последното место во Лигата на крајот од сезоната.

Њујорк има шанси за настап во плејофот, иако доста заостанува зад позициите кои гарантираат доигрување за титулата, па нема друг избор освен повторно вторпат за две ноќи да го победи слабиот Детроит.

Предлог тип: 2 (2.20)

 

Орландо меџик – Мајами хит (НБА, 01 часот)

Новото сончево дерби на Флорида повторно ќе го крене интензитетот меѓу двата локални ривали, а битката се бие за тоа која екипа ќе поведе со 2:1 сезонава. И двете екипи си победија убедливо на свој терен, а и на двата меча се играше црвста кошарка и исходот беше минус поени во популарната игра на кошеви во Sport Life.

Нешто слично се очекува и сега, бидејќи и тај-брејкот, ако до него дојде може да одлучува за позициите во евентуалниот настап во плејофот.

Проблем за Орландо е што е неизвесен настапот на Еван Фурние, еден од најдобрите стрелци во екипата. Подолго време отсутни се Ајсак, Амину и Огустин.

Гостите веќе немаат такви кадровски проблеми што ги пратеа со повреди на играчите од почетокот на сезоната. Драгиќ е фит, ќе игра и Батлер, па се чини дека Мајами е фаворит, иако според нас подобро е да се типува повторно на минус поени.

Предлог тип: < 208.5 поени (1.65)

 

Бредли Бил (Вашингтон визардс – Бруклин нетс, 02 часот)

Бекот на Вашингтон ја игра својата животна недела и на последните пет меча е постојано над 30 поени, а просекот во овој циклус му се неверојатни 39 поени.

Вкупно досега сезонава по меч, Бил има просек од 28.7 поени и ако биде ефикасен како што игра во последно време може да го мине Лука Дончиќ на петтата позиција на листата со најдобри стрелци. Разликата моментно е само 0.1 поен што е достижно за Бредли, кој е извонреден шутер.

И што е важно за него играта на Бруклин му одговара, бидејќи и Нетс играат брза кошарка со многу поени. Ќе биде интересни дуелите со Кајри Ирвинг и Спенсер Динвиди, а ние типуваме дека и шести меч по ред Бил ќе постигне над 30 поени.

Предлог тип: > 29.5 поени (1.80)

 

Кајри Ирвинг (Вашингтон визардс – Бруклин нетс, 02 часот)

Кајри ја потврдува високата класа со прекрасни настапи и за Бруклин, а играше симултанка во претходната ноќ против Чикаго и постигна 54 поени.

Му забележуваа дека му недостасуваат лидерски квалитети, но на терен еден од најдобрите плејмејкери постојано демантира со одлични игри.

Одбраната на Чикаго беше немоќна да го сопре вистинскиот волшебник со баскетот в рака и само го гледаа шоуто на Кајри.

Ирвинг за првпат ќе игра против Вашингтон како член на Бруклин, а јасно е дека играта без одбрана на Визардс потполно му одговара. Очекуваме нов ефикасен меч од бекот на Нетс и типуваме на плус поени.

Предлог тип: > 25.5 поени (1.87)

 

Тре Јанг (Далас маверикс – Атланта хоукс, 02.30 часот)

Јанг го докажува блескавиот талент и во втората сезона што ја игра во НБА лигата, а ноќеска како што велат Американците ривалитеот со Лука Дончиќ ќе биде ставем во мирување.

Лука е повреден и нема да игра, а приказната е позната, тие двајца лани беа најголеми кандидати за наградата „дебитант на сезоната“, што ја доби Словенецот.

Дончиќ беше избран како трет пик на драфтот, токму од Атланта и веднаш беше разменет за Јанг и за заштитен пик на драфтот во 2019 година.

Ривалитетот на радост на симпатизерите на НБА кошарката се развива и долго ќе гледаме битки за престижни признанија од двајцата веќе и докажани кошаркари од Ол-стар калибар.

Јанг игра импресивно и на последните 10 меча дури трипати постигнуваше повеќе од 40 поени и уште толку беше на 30+. Против Далас на досегашните два меча во кариерата беше скромен, па очекуваме трета среќа и нов меч со над 30 поени на третиот стрелец во Лигата.

Предлог тип: > 30.5 поени (1.85)

 

- Оглас -

Најнови вести