На Арсенал му се погоди – Топчиите ќе ја бркаат кризата против најдобриот муштерија

Барнли – Арсенал (Премиерлига, Англија 15 часот)

Арсенал е во чудна ситуација во Премиерлигата и има најмногу нерешени натпревари, 12, нешто што во минатото не било својствено за клубот од Лондон.

Артета ќе мора нешто експресно да промени, ако сака со топчиите да игра во Европа. Еден од најдобрите клубови во историјата на англискиот фудбал има три ремија по ред, но ако нешто е добро за нив, сега им следи меч со Барнли, еден од омилените противници.

Серијата на клубот од Лондон против Барнли е неверојатно добра и Арсенал има 11 победи по ред, од кои 10 се на натпревари од Премиерлигата.

Стилот на игра на Барнли, екипа што практикува цврст фудбал со многу контакти му одговара на Арсенал, кој има технички подобро потковани играчи. Домаќините се во мини-серија од две победи, но ќе ја следиме традицијата и ќе типуваме на Арсенал.

Предлог тип: 2 (2.25) Супер тип на Sport Life

 

Аталанта – Џенова (Серија А, Италија 15 часот)

Во Бергамо ќе се игра меч меѓу најефикасната екипа во Калчото, Аталанта и гостинот од Џенова, со втората најлоша одбрана во лигата.

Горан Пандев се обидува да помогне, игра во добра форма, но Џенова некако нема вистинска композиција и им следи тешка битка за опстанок. Одбраната на популарните „Грифони“ е порозна и прими дури 41 гол на 21 натпревар, па претпоследното место на табелата во Серија А и не е изненадување.

Аталанта ги собира сите симпатии на љубителите на фудбалот со отворена игра, без калкулации, а начинот на кој го декласираа Торино со 7:0 во минатото коло восхитува. Играат за гол повеќе што и се доапаѓа на фудбалската публика.

И попладнево против Џенова тренерот Џанпјеро Гасперини нема многу да менува, бидејќи на Аталанта и требаат бодови во обидот повторно да се избори за настап во Лигата на шампионите. И гостите од Џенова нема што да чуваат па ќе следи ефикасен меч во Бергамо.

И традицијата во дуелите меѓу овие две екипи, „влече“ да се типува на голови, а ние ќе се обидеме со ризична, но многу интересна игра што ја има во обложувалниците на Sport Life.

Предлог тип: 2-3I&2-3II (5.35)

 

Келн – Фрајбург (Бундеслига, Германија 15.30 часот)

Традицијата треба да се почитува, а таа вели дека Келн и Фрајбург во последните четири години играат многу ефикасни мечеви.

На последните пет пресметки секогаш имаше 3+, а во 2017 година и седмицата го круниса возбудливиот меч во Келн, на кој Фрајбург победи со 4:3.

Келн стартуваше одлично во продолжението од сезоната и нанижа четири победи, пред да биде декласиран со 5:1 во Дортмунд. Популарните „јарци“ го купија искусниот офанзивец Марк Ут од Шалке 04, а го пуштија во Штутгарт нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

На „Рајн Енерџи“ стадионот во Келн гостите тешко победуваат во последно време, но Фрајбург изненадувачки е една од најдобрите гостински екипи сезонава во Бундеслигата. Имаат амбиции за настап во европските купови, а Келн може со победа да побегне од опасната зона.

Предлог тип: ГГ3+ (1.85)

 

Атлетик Билбао – Хетафе (Ла Лига, Шпанија 16 часот)

Двете екипи си имаат интересна традиција и на последните пет меѓусебни дуели дури четири пати ремизираа. Одбраните им се одлични и на Атлетик и на Хетафе, па сѐ води кон уште еден мирољубив исход на дуелите на ривалите од Ла Лига.

Атлетик има најмногу ремија, 10 во Ла Лига, заедно со Валјадолид и Осасуна. Домаќините ќе мора да внимаваат на опасните контри на Хетафе, клуб што во последните две сезони игра одлично.

На „Сан Мамеш“ е тешко да се игра, ако сте гостинска екипа, но Хетафе има искусни и квалитетни играчи и одличен тренер во Пепе Бордалас. Тактички гостите се многу потковани. Бордалас донесе многу свежина во Мадрид и Хетафе продолжува да ги освојува симпатиите во Шпанија и Европа, па повторно е кандидат за висок пласман.

Атлетик игра солидно и се чини дека бод би им одговарал на двете екипи.

Предлог тип: Х (2.85)

 

Тотенхем – Манчестер сити (Премиерлига, Англија 17.30 часот)

Се уште се памети неверојатниот лански двомеч во Лигата на шампионите и подвигот на Тотенхем, екипа што го исфрли англискиот првак во четвртфиналето и потоа играше и финале против Ливерпул.

Мечевите на двата члена на големата шесторка на англискиот фудбал секогаш привлекуваат внимание, иако во овој период не можат да се пофалат со успех, што им одговара на квалитетот и на амбициите.

Манчестер сити веќе ја загуби титулата во многу рана фаза од шампионатот, па може да ги насочи мислите кон Лигата на шампионите. Голем проблем за Пеп Гвардиола се уште е стоперската позиција, барем додека на терен не се врати Емерик Лапорт. Нападот е одличен, но кога дефанзивата не е на нивото на кое се навикнати шампионите тешко се освојуваат титули.

Тотенхем има уште поголеми проблеми, а кај нив шкрипи во нападот. Се повреди Хари Кејн и за него тешко се наоѓа замена, иако пред некој ден пристигна супер-талентираниот Холанѓанец Стивен Бергвајн од ПСВ Ајндховен.

Тотенхем мора да оди на победа, ако сака да фати приклучок во битката за првите четири позиции што водат во Лигата на шампионите.

Предлог тип: ГГ (1.61)

 

Во стандардната дневна понуда со единствени коефициенти во Sport Life можете да одиграте:

Јувентус – Фиорентина Т1 1+I&T1 2+ (1.85)

Тотенхем – Манчестер сити 1+I&2+II (2.25)

Севилја – Алавес 1&2-4 (2.15)

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести