23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

На Валенсија ѝ се погоди во купот – Лилјаците се гости на тимот што редовно го победуваат

Ливерпул – Шрусбери (ФА куп, Англија 20.45 часот)

Јирген Клоп повторно одлучи младинците на Ливерпул да играат со Шрусбери во повторениот меч од четвртата рунда во националниот куп на Англија.

Популарниот ФА куп се цени на Островот, но Ливерпул има поинакви планови сезонава, а во преден план се одбраната на шаммпионската круна во Лигата на шампионите и да се освои долго очекуваната титула во англиското првенство.

Првиот меч очекувано покажа и слабости кај „децата“ на Ливерпул, пред сè неискуство. Откако поведоа со 2:0, дозволија Џејсон Камингс со два гола да израмни, а потоа Шрусбери имаше ретка шанса и да го елиминира гигантот.

Сега за вториот тим на Црвените следува нов предизвик, да се игра на легендарниот „Енфилд роуд“ пред своја публика. Ливерпул и во ваков состав е фаворит, но типуваме дека повторно ќе прими гол(ови) од членот на Лига 1 во Англија.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.85)

 

Дерби – Нортхемптон (ФА куп, Англија, 20.45 часот)

Вејн Руни почна да дава голови за Дерби, а популарните Овни имаат амбиции со легендата во тимот да се обидат да стигнат до позиции што водат во бараж за пласман во Премиер лигата.

Тоа е приоритет, но Дерби има убава шанса во повторениот меч со Нортхемптон на својот „Прајд парк“ да се избори за пласман во петтото коло од ФА купот.

Наградата за пат во осминафиналето е одлична, а една од двете екипи што ќе победи вечерва ќе му биде домаќин на Манчестер јунајтед.

Сосема реално е Руни да игра за Дерби против својот поранешен клуб Манчестер јунајтед, но сепак треба да се мине Нортхемптон.

И гостите си имаат своим сметки, меч против гигантот од Манчестер би бил голем подарок и за клубот и за нивните навивачи, па вреди да се вложи сè за победа против Дерби.

Првиот меч заврши без голови, а очекуваме да се игра цврсто и попретпазливо и денеска, на повторениот дуел за пласман во петтата рунда во ФА купот.

Предлог тип: 2>1 (1.98)

 

Вердер – Борусија Дортмунд (ДФБ покал, Германија 20.45 часот)

Вердер има шест порази на последните 7 меча во Бундеслигата и мечот во купот со разиграната Борусија му доаѓа во незгоден момент.

Флоријан Кохфелд вели дека оставка за него би била чин на бегање, но ако Вердер ги загуби следните два меча, против Борусија денеска и со Унион Берлин во сабота во Бундеслигата, отказот ќе биде неминовен за младиот 37-годишен тренер на Вердер.

Сега дилемата кај клубот од Бремен, и посебно кај Кохфелд, е дали да се игра со комплетен состав против Борусија и да се ризикува пораз и елиминација со заморени играчи пред поважниот дуел со Унион Берлин или да се одморат стандардните првотимци за мечот во сабота.

Милионерите секако се фаворити, играат одлично на почетокот на вториот дел од сезоната и постигнаа 15 гола на три меча.

Халанд се покажа како вистинско засилување и веќе постигна 7 гола само за 136 минути игра на трите стартни дуели во „жолтиот“ дрес на Борусија. Сè уште не бил стартер и можно е вечерва на „Везер“ за првпат да биде во стартните 11 на Борусија.

Очекуваме Вердер да настапи со комбиниран состав и ќе типуваме на победа на гостите во ефикасен меч.

Предлог тип: 2-2&ГГ (3.85)

 

Гранада – Валенсија (Копа дел Реј, Шпанија 21 часот)

Гранада има голема мака кога игра со Валенсија и неверојатно лоша серија од 15 меча без триумф против Лилјаците.

Валенсија ужива да игра против Ел Грана и има 13 победи и двапати реми со овој клуб од 2010 година. Тоа е ефект за респект кога се во прашање Лилјаците и мотив плус да се продолжи серијата.

Двете екипи играа меѓу себе во шпанскиот куп и пред четири години, тогаш во осминафинале, и во два меча Валенсија ја декласира Гранада со вкупен резултат од 7:0.

Валенсија го брани пехарот во купот и има обврска да одигра со комплетен состав и со сите сили да се обиде да ја елиминира Гранада за пласман во четврт-финалето.

Се игра еден меч, влогот е голем, но ќе типуваме дека Валенсија повторно ќе го урне „Лос Карменес“ и ќе игра во полфиналето на Копа дел Реј.

Предлог тип: 2 (2.45)

 

Оксфорд јунајтед – Њукасл (ФА куп, Англија 21.05 часот)

Во истата рунда пред три години Оксфорд јунајтед приреди сензација, го декласира Њукасл со 3:0 на домашен терен и потоа во драматичен меч испадна од Мидлсборо.

Њукасл во 2017 година на стадионот „Касам“ излезе со најдобар состав. Беа уверени дека ќе го елиминираат аутсајдерот, но беа декласирани.

Сега ќе бидат попретпазливи бидејќи успех им носи меч со Вест Бромич албион, екипа која е еден ранг пониско од нив и може да се победи за пробив далеку во националниот куп на Англија.

Но, Оксфорд јунајтед на „Сент Џејмс парк“ пред десетина дена одигра многу солидно, цврсто и бескомпромисно против премиерлигашот и успеа да обезбеди реприза, но сега на свој терен.

Иако се работи за разлика од два ранга во англиските натпреварувања, членот на Лига 1 не е без шанси против претсавникот на елитната Премиерлига.

Оксфорд јунајтед игра одлично сезонава на домашен терен и има само два порази на 13 меча, па ќе типуваме дека повторно ќе му зададе многу проблеми на Њукасл. Според нас, во тврд меч решението за патникот во петтото коло на ФА купот ќе „падне“ со повеќе голови во второто полувреме.

Предлог тип: 2>1 (1.98)

 

Во стандардната дневна понуда со три натпревари со специјални коефициенти во Sport Life можете да одиграте:

Ајнтрахт Франкфурт – Лајпциг 1+I& 2+II (2.25)

Монако – Анже 1Х&3+ (2.60)

Ливерпул – Шрусбери Т1 1+I& T1 2+ (2.35)

 

- Оглас -

Најнови вести