Ќе грми од голови во Тампа

Тампа беј лајтнингс – Питсбург пингвинс (НХЛ, 01 часот)

Мечевите меѓу овие две екипи во новиот милениум станаа вистински класици што одлучуваа и за титулите во НХЛ-лигата.

Питсбург е поуспешен со 4 финалиња во 21 век и вкупно шест во историјата на клубот зачинети со пет титули. Тампа играше двапати за трофејот во Стенли купот и освои една титула, а и двете финалиња ги играше во овој милениум. Ривалитетот е голем, а и двете екипи, интересно, моментно се израмнети со по 71 бод на делба на третата и четвртата позиција во Источната конференција.

Како што играат и Тампа и Питсбург, можно е да се очекува нов болкбастер од возбудливи дуели меѓу нив и во плејофот што ќе следува во НХЛ-лигата.

Сезонава одиграа еден меч меѓу себе и Грмотевиците од Тампа беа поуспешни со победа од 3:2. Традицијата најавува ефикасен меч бидејќи на последните 10 меѓусебни дуели на Тампа и Питсбург освен последниот, сите беа со шест или повеќе голови.

Предлог тип: >5.5 гола (1.50)

 

Отава сенаторс – Колорадо авеланш (НХЛ, 01.30 часот)

Џо Сакиќ, легендата на Колорадо и на НХЛ-лигата, врши одлична работа како Генерален менаџер на Лавината од Колорадо и тимот е еден од најдобрите во Западната конференција.

Со неколку мудри потези на последните драфтови и во размена на хокеари, Сакиќ и челниците на Колорадо вкомпонираа топ-тим што го предводи четвртиот најдобар поентер во лигата, Натан Мек Кинон. Како одличен потег се покажа и ангажманот на Андре Бураковски од Вашингтон, па Колорадо очекува многу сезонава.

Отава е во сосема спротивен тренд и клубот никако да тргне напред и да потсети барем малку на успехот од пред деценија и половина, кога Сенаторите играа финале во НХЛ.

Отава има три порази по ред, сезонава повторно ќе остане без плејоф, па очекуваме кризата кај домаќинот да ја искористи моќниот состав на Колоради и да победи.

Предлог тип: 2 (1.80)

 

Њујорк никс – Орландо меџик (НБА, 01.30 часот)

Никс имаат шанса по долг период да нанижат три победи по ред, но имаат и голем проблем. Се шпекулира дека ноќеска Маркус Морис, кој е една од двете главни ведети во тимот, нема да игра. За него има интерес од двата клуба од Лос Анџелес и можно е да биде разменет во последниот ден од мини-преодниот рок во НБА-лигата.

Веројатно нема да игра и бекот Берет, што би бил дополнителен хендикеп за тимот од Големото Јаболко. Њујорк сè уште се надева на подвиг и настап во плејофот, а токму Орландо е еден од ривалите за осмата позиција.

Меџик се на осмото место, но не играат добро и врзаа два порази по ред. На првиот меѓусебен меч сезонава беа подобри од Никс и славеа со 95:83. Очекуваме нов тврд меч со малку поени.

Предлог тип: < 209.5 поени (1.67)

 

Чикаго булс – Њу Орлеанс пеликанс (НБА, 02 часот)

И двете екипи се во лош период во кој имаат мини-серии од порази во своите конференции. Чикаго има три несупеси по ред и никако да стигне до посакуваното осмо место во Источната конференција. Зак Лавињ игра одлично, но има слаба поддршка од соиграчите, па Булс со биланс од 19-33 се деветти во поредокот на тимовите на Истокот од НБА.

И Пеликанс не можат да се пофалат со успеси, имаат два порази по ред и се далеку од плејофот барем засега. Тие се 11-ти моментно во Западната конференција со скор 20-31.

Ноќеска веројатно нема да игра Зајон Вилијамсон, првиот пик на последниот драфт во НБА-лигата. Го повреди прстот на ногата и е на листата повредени кај Њу Орлеанс. Неизвесно е кога ќе се врати на паркетот откако долго паузираше и од почетокот на оваа сезона, па одигра неколку натпревари и пак е повреден.

Чикаго има уште поголеми проблеми и ќе биде без тројца членови на стартната петорка. Против Њу Орлеанс нема да играат Марканен, Дан и одамна отсутниот Картер. Во ваква ситуација вреди да се типува дека Зак Лавињ ќе постигне повеќе од 26,5 поени, но ние ви предлагаме да одиграте плус поени на мечот.

Предлог тип: >230.5 поени (1.90)

 

Милвоки бакс – Филаделфија 76 (НБА, 02 часот)

Милвоки е само осмата франшиза во историјата на НБА-лигата што забележала 43 или повеќе победи во 50 меча во една сезона. Бакс играат импресивно и се убедливо најдобрата екипа засега.

Адетокумбо и соиграчите се единствени со едноцифрен број порази, ги имаат само 7 и еден од нив им е токму во дуелите со Филаделфија. Загубија дома убедливо со 109:121 на 25-ти декември, па ќе сакаат реванш.

Филаделфија има биланс од 31-20, но и три порази по ред и многу проблеми. Од ѕвездениот тим на 76-те се очекуваше многу повеќе, а епитетите дека ја имаат најдобрата стартна петорка во лигата не им носи многу бериќет.

Бен Симонс и Џоел Ембид не функционираат заедно како што се очекуваше, а и Хорфорд и Херис не се во форма, па стигнаа и три катастрофални порази со двоцифрена разлика.

Милвоки има 11 победи на последните 12 меча, сите кошаркари се здрави и орни за реванш, па ќе типуваме на победа на домаќинот во ефикасен меч.

Предлог тип: 1&>226.5 поени (2.30)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести