Волците со нов лик ќе бидат лесен плен за Лос Анџелес клиперс

Њу Џерси девилс – Лос Анџелес кингс (НХЛ, 01 часот)

Двете екипи имаат солидно реноме во НХЛ и освојуваа титули, но имаат и многу слаба сезона и се без шанси за настап во плејофот.

Трикратните прваци Девилс се нешто подобри со 48 бода на третото место одоздола на табелата во Источната конференција што е разочарувачки за екипата што петпати играше финале во Стенли купот.

Лос Анџелес има два пехари во три финалиња во НХЛ, но сезонава ќе паузира, бидејќи со 43 бода на последното место во Западната конференција нема никакви шанси за пласман во плејофот.

Во „Пруденшл центар“ ноќеска ќе се игра за гол повеќе без посебен императив, а и последните дуели меѓу одвие два екипи изобилуваа со голови.

Њу Џерси е во нешто подобра форма, откако со триумф од 5:0 против Филаделфија прекина една чудна серија од четири меча по ред на кои играше продолженија.

Предлог тип: 1&5+ (3.29)

 

Реџи Џексон (НБА, Детроит пистонс – Њујорк никс, 01 часот)

Во отсуство на Дерик Роуз кој е повреден и на Андре Драмонд, кој си замина од Детроит, бекот Реџи Џексон е главниот столб на Пистонс, екипа која има многу проблеми со повреди на кошаркарите.

Ноќеска сигурно нема да играат Роуз, Грифин и Кенард, а неизвесен е настапот на Михајљук, Морис, Томас и новите играчи Хенсон и Најт.

Домаќините немаат многу опции, им треба победа против забревтаниот Њујорк, екипа што забележа три успеси по ред, па ќе мора да се потпрат на Џексон.

Реџи е еден од подобрите бекови шутери во Лигата, но имаше многу проблеми со повредите. Сега е фит, игра добро и ќе типуваме дека ќе ја мине дваесетката против Никс.

Предлог тип: >20.5 поени (1.87)

 

Кристапс Порѕингис (НБА, Шарлот хорнетс – Далас маверикс, 01 часот)

Порѕингс е главниот адут на Далас во отсуство на првата ѕвезда Лука Дончиќ. Летонецот игра одлично, иако Маверикс имаат два порази по ред.

Имаше дури и голем проблем, го скрши носот на дуелот со Мемфис гризлис, но по куса пауза се врати на паркетот и јуначки го доигра мечот. Беше и најефикасен со 32 поени, но Далас загуби од Мемфис.

Се очекуваше Кристапс да паузира, но Летонецот одби и играше против Вашингтон, иако со поскромен учинок. Ноќеска за првпат ќе настапи против Шарлот, откако стана член на Маверикс и повторно ќе биде главна игла и во нападот и во одбраната на тимот од Тексас.

Далас има големи амбиции, бидејќи има многу солиден состав. И Порѕингис се подобро се вклопува, а тој е играч од Ол-стар калибар. Има долги раце и одлична техника, па може да игра на неколку позиции. Очекуваме од него да одигра ефикасен меч против Шарлот, иако не е комплетно фит.

Предлог тип: >25.5 поени (1.90)

 

Тери Розие (НБА, Шарлот хорнетс – Далас маверикс, 01 часот)

Шарлот е во криза со четири порази по ред, а единствена светла точка во циклусот неуспеси е Тери Розие. Бекот на Хорнетс игра ефикасно и добро, но без позначаен ефект на резултатите кои се лоши во овој период.

Розие досега само еднаш настапи против Далас како играч на Шарлот и беше извонреден со 29 поени, 6 скока и 8 асистенции. Хорнетс на 5. јануари го изненадија фаворитот со победа по продолженија.

И ноќеска повторно Розие треба да биде еден од главните адути на Стршлените, кои ќе сакаат да ја прекинат серијата порази. Ако Тери одигра како што знае, имаат шанси за подвиг, а очекуваме бекот на Шарлот повторно да биде ефикасен во вториот дуел со Маверикс сезонава.

Предлог тип: > 17.5 поени (1.87)

 

Минесота Тимбервулфс – Лос Анџелес клиперс (НБА, 02 часот)

Минесота го смени речиси комплетниот лик, откако ангажираа дури 7 нови кошаркари во мини-преодниот рок што заврши пред три дена.

Најпознато има е Деанџело Расел, кој дојде од Голден стејт вориорс во замена за Ендрју Вигинс. Допрва треба да се покаже дали Волците добро пазареа, а многу промени во ростерот ќе бараат и време за адаптација на новите кошаркари.

Сега Минесота има двајца кошаркари, Таунс и Расел, кои беа први пикови на драфтот и неспорно е дека Вулфс ќе имаат добар тим, но прашање е кога ќе се вклопи целосно мозаикот. Неизвесно е дали Расел ќе игра ноќеска против Лос Анџелес клиперс.

Гостите исто така беа активни во преодниот рок и пазареа одлично. Го донесоа првиот стрелец на Њујорк никс, Маркус Морис, кој нема да игра против Минесота, но ќе биде големо засилување во продолжението од сезоната.

Тимот од Лос Анџелес е во топ-форма. На паркетот се врати Пол Џорџ, па се големи фаворити за победа против Минесота, тим што сезонава веќе го победија двапати и водат со 2:0 во меѓусебната серија.

Предлог тип: 2 (1.38)

 

- Оглас -

Најнови вести