Младите сили на Утрехт и Ајакс знаат само за офанзива

Ботосани – Херманштат (Романија, Лига 1, 16.30 часот)

На „Мунисипал“ во Ботосани ќе играат две екипи што се во добра форма и што имаат убави серии без пораз.

Ботосани бие битка за пробив во топ-6 екипи што ќе играат за титулата, а ако вечерва го надигра Херманштат, ќе се пробие од седмото на петтото место.

Херманштат има интересна историја, а клубот го носи името на градот Сибиу, но со германски изговор. Популарно во Романија ги нарекуваат Германците. Клубот е основан во 2015 година и само за 3 години стигна во Првата романска лига, во која играат од 2018 година.

Гостите се во серија од 7 меча без пораз и ќе бидат незгоден ривал за Ботосани. Немаат императив да победат бидејќи не можат да конкурираат за место во плејофот, туку секако ќе играат плејаут за опстанок.

Типуваме дека двете екипи ќе постигна гол(ови), а предност има Ботосани, кој е и фаворит според коефициентите.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.40)

 

Неа Саламис – Докса (Кипар, Прва лига, 18.00 часот)

Екипата за која игра нашиот поранешен репрезентативец Душко Трајчевски е на последното место во кипарското првенство и има незгодно гостување во Ларнака, кај Неа Саламис.

Докса нема победено како гостин против Неа Саламис на последните три меча, а во тој циклус примија 8 гола и постигнаа само еден.

Докса има само една победа сезонава на 18 меча и таа ја забележа на гостински терен. Имаат само 8 бода на последното место, па би било чудо ако успеат да се спасат со настап во плејаутот.

Неа Саламис се бори за место во Топ-6 што води во доигрувањето за титулата и ако победи вечерва, ќе биде на посакуваното шесто место пред АЕЛ Лимасол со еден бод предност.

Докса игра слабо и типуваме дека четврти пат по ред ќе загуби во Ларнака од Неа Саламис.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

ФЦСБ – Академика Клинчени (Романија, Лига 1, 19.00 часот)

Стеауа, или како што сега се вика легендарниот романски клуб ФЦСБ е голем фаворит против симпатичната екипа на Академика Клинчени.

Поранешниот европски првак бие битка за титулата и мора да победи вечерва против клуб што е многу симпатичен проект.

Клинчени е формиран во 2015 година и само за четири сезони успеа да се пробие до највисок ранг на натпревари во Романија. Тоа е клуб со најмал стадион што воопшто игра(л) во елитната лига, а капацитетот е 4.500 места.

Сега ќе играат со големата Стеауа на националната арена во Букурешт што прима над 55 илјади гледачи. За младата екипа од Клинчени ова ќе биде вистинско доживување, но ќе мора да се помират со пораз бидејќи избраниците на Богдан Винтила се пресилни за Академика.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.15)

 

Јонг Утрехт – Јонг Ајакс (Холандија, Ерсте дивизија, 20 часот)

Двете младински екипи на големите холандски ривали Утрехт и Ајакс играат многу ефикасно во Втората холандска лига, па головите се чини и вечерва ќе ги има на стадионот во Утрехт.

Младинците на Ајакс се во многу подобра форма и немаат пораз на последните 10 натпревари. Со 64 голови тие се најефикасната екипа во Ерсте дивизија, а тренерот Ван дер Гаг форсира напаѓачки фудбал и тоа дава ефект.

Ајакс е на втората позиција со 50 бода и меч помалку од лидерот Камбур, кој има 54 бодови. И вечерва се очекува гостите предводени од третиот стрелец во Лигата, Ласина Траоре, да играат офанзивно против младите момци на Утрехт што ќе ги предводи Герамнецот Јонас Арвилер, кој е прв стрелец на клубот со 7 погодоци.

Последните меѓусебни дуели на овие две екипи беа многу ефикасни, имаше и седмици, па очекуваме нов меч со многу голови.

Предлог тип: 4+ (1.93)

 

Ленс – Гренобл (Франција, Лига 2, 20.45 часот)

Ленс игра во извонредна форма и нема пораз на последните 7 натпревари, со што се проби на втората позиција на табелата во Лига 2 во Франција.

Таа позиција води директно во најсилен ранг на натпревари во Франција, а ако Ленс и вечерва победи, ќе има големи 7 бода предност пред конкурентите и само два помалку од лидерот Лориен.

Ленс е клуб со солидно реноме во Франција, играше и европски купови, а еден двомеч одигра и со македонска Цементарница во рамките на Интертото купот.

Моментно по 22 кола во Втората француска лига, тие се екипата што ја има втората најдобра одбрана со 17 примени гола, само зад Валенсиен со 16.

Гренобл исто така игра цврсто и има 13 нерешени дуели, што е втор ефект според бројот на натпревари со реми зад 15-те на Нанси.

Гостите ќе се обидат да освојат бод што според формата и квалитетот на екипите, за нив би бил успех, па ќе типуваме на победа на домаќинот или реми со малку голови.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.93)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести