Мирољубив петок

Салцбург – ЛАСК (Типико Бундеслига, Австрија, 19 часот)

ЛАСК е екипата што по подолг период рамноправно му се спротивставува на неприкосновениот австриски првак Салцбург.

Биковите во новиот милениум нанижаа 10 титули и долг период беа апсолутно доминантни, но сега во Линц се раѓа братот близнак.

За ЛАСК во Австрија велат дека и буквално го копира рецептот на Салцбург, а темел е добрата младинска академија што актуелниот првак ја разви до совршенство.

ЛАСК оди по стапките на Салцбург и резултатите се видливи. „Црно-белите“ од Линц играат допадлив фудбал и имаат историска шанса да го урнат големиот фаворит и да се обидат да ја освојат првата титула во клупската историја.

Гостите заостануваат само за два бода зад Салцбург и ако одолеат денеска, ќе останат речиси во0 мртва трка за пехарот. Против Салцбург нема што да калкулираат, а досега играа офанзивно и во домашното првенство и во Лигата на Европа, па ќе типуваме дека ќе му дадат гол(ови) на австрискиот шампион. Секако, очекуваме и Салцбург да ја тресе гостинската мрежа, па типуваме на ГГ&3+.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.98)

 

Борусија Дортмунд – Ајнтрахт Франкфурт (Бундеслига, Германија, 20.30)

Милионерите од Дортмунд потклекнаа во Леверкузен и поразот од Баер ги врати чекор назад во битката за титулата. Сепак, за Борусија не е сè загубено бидејќи во дербито на колото двете водечки екипи Баерн и Лајпциг ремизираа, па разликата е четири, односно три бода.

Борусија стандардно игра суператрактивен фудбал и е најефикасната екипа во Бундеслигата со 59 постигнати голови. На гости им доаѓа екипа што драстично ја подобри формата. Ајнтрахт е во серија од четири меча без пораз, од кои три се победи и едно реми.

И популарните „Орли“ од Франкфурт се мераклии за голови, а треба само да се погледнат меѓусебните дуели за да немате дилема што да одиграте.

На последните 8 пресмeтки меѓу овие две екипи секогаш имаше ГГ&3+, пa нема да отстапиме од традицијата.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.80) Супер тип на Sport Life

 

Монако – Монпелје (Лига 1, Франција, 20.45 часот)

Двете екипи имаат добри тренери и резултатите им се солидни сезонава. И Монако и Монпелје се блиску до Рен, екипа што е на третото место и ако вака остане, би играл во квалификациите за Лигата на шампионите.

Монпелје заостанува за 4 бода, а Монако е шест чекори зад третопласираниот Рен. Амбициите и на двете екипи се да се дотурка барем до квалификациите за ЛШ, што би бил успех.

Ерменецот Мишел дер Закаријан играше за Монпелје како фудбалер и има 233 настапи, а сега е и менаџер на истиот тим и го предводи со успех.

Кај Монако имаше дури и комични ситуации со смена на тренерите, беше вратен. па повторно „избркан“ Леонардо Жардим, па сега Шпанецот Роберт Морено има задача повторно да ја донесе Лигата на шампионите во Малото Кнежевство.

Двете екипи се израмнети по квалитет, иако Монако има позвучни имиња, па некако „мириса“ на реми.

Предлог тип: Х (3.50)

 

Валенсија – Атлетико Мадрид (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Дербито во 24-тото коло во Ла Лига доаѓа во незгодно време за двете екипи. Првата причина е што и Валенсија и Атлетико имаат доста повредени играчи, а потоа тука се вбројува и настапот во Лигата на шампионите.

Атлетико ќе мисли на почетокот на двомечот со Ливерпул во вторник на „Ванда Метрополитано“, а и Валенсија нема лесна задача во двомечот со Аталанта што ќе почне во Милано во среда.

Третата причина е што и двете екипи не се во форма и резултатите и играта што ја прикажуваат во последно време не им одговараат на рејтинзите ниту на Валенсија, ниту на Атлетико.

Последните меѓусебни дуели на двете екипи од големата четворка на шпанскиот фудбал беа тврди со малку голови, па очекуваме уште еден таков дуел и ќе типуваме дека мечот на „Месталја“ ќе заврши без победник.

Предлог тип: Х (3.00) 

 

Вулверхемптон – Лестер (Премиер лига, Англија, 21 часот)

Волците се втората екипа со најмногу нерешени дуели во Премиер лигата, точно 11, зад Арсенал со 13, што е интересен податок ако се знае дека лани во целата сезона имаат вкупно 9 ремија.

Лестер не е мераклија на мечеви без победник и само четирипати ремизираше во 25 кола. Двете екипи се во солидна форма, иако Вулверхемптон има два меча без победа.

И амбициите им се европски, а Лестер е на позиција што гарантира настап во Лигата на шампионите. Лисиците имаат 49 бода на третото место и убава предност пред конкурентите од 10 бода.

И Волците не се далеку од позиција во Топ-4 што би ги одвела во ЛШ, а заостануваат само шест бода зад Челзи. Ако победат вечерва, тоа ќе биде голем поттик за нив да продолжат да бијат битка за настап во друштво со европскиот крем.

Лестер повторно е хит и со игрите потсетува на шампионската генерација од сезоната 2015/16, кога приредија подвиг и за првпат станаа англиски прваци. И двете екипи се речиси комплетни, по квалитет се речиси израмнети и ќе типуваме на реми.

Предлог тип: Х (3.20)

 

Во стандардната дневна шема од три натпревари со уникатни коефициент во Sport Life можете да ги одиграте следните три натпревари:

Борусија Дортмунд – Ајнтрахт Франкфурт 1&Т1 3+ (2.30)

Монако – Монпелје 1&2-5 гола (2.50)

Валенсија – Атлетико Мадрид 1+I& 1+II (2.15)

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести