Херта – Келн (15.30 часот)
Херта го доби првиот меч, откако си замина Јирген Клинсман и очекувам и денеска да победат против Келн. Тимот од Берлин има добар состав и полека ќе тргне напред каде што и му е местото, кон врвот на германскиот фудбал.
Имаат нов сопственик, кој е богат и сигурно повторно ќе се обидат да направат тим што од идната сезона ќе се бори за настап на европската сцена.
Келн има проблем со повреди на играчите и не верувам дека ќе успее да направи сензација во Берлин.
Предлог тип: 1 (2.40)
Фрајбург – Фортуна Диселдорф (15.30 часот)
На Фортуна и гори под нозете, бидејќи е во трилингот најзагрозени екипи во Бундеслигата и ќе се обиде да го изненади Фрајбург, но на „Шварцвалд“ стадионот тешко се победува како гостин.
Фортуна има само една победа на 11 гостувања сезонава во Бундеслигата и е најлошиот гостин, па очекувам така да остане и по денешниот меч.
Фрајбург игра добро, има шанси да обезбеди настап на европската сцена и очекувам да победи и да не дозволи третпат по ред Фортуна да си замине непоразена од „Шварцвалд“.
Предлог тип: Т1 (1.83)
Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм (15.30 часот)
Борусија држи ритам и се уште има добра позиција за да остане во битка за титулата до самиот крај. Се работи за една од најдобрите екипи во Германија, со висок рејтинг во едно од најсилните првенства.
Хофенхајм игра променливо и знае да изненади со победа против посилен противник, но и да загуби од послаб ривал.
Примија најмногу голови досега од Топ-10 екипите сезонава во Бундеслигата, одбраната им е послабиот дел од тимот и очекувам Борусија тоа да го искористи и да победи во ефикасен меч.
Предлог тип: 1&3+ (2.20)
Вердер – Борусија Дортмунд (15.30 часот)
Поразите на „Везер“ во Бремен скапо го чинат Вердер. Екипата ќе се бори за опстанок до самиот крај на шампионатот. Имаат само една победа на својот стадион, кој некогаш беше вистински бастион и тврдина што тешко се освојува.
Борусија Дортмунд има одлична и млада екипа, со полетни играчи и големи таленти. Играат офанзивно, без многу респект кон ривалите и таквиот пристап им носи добри резултати. Со Баерн се најефикасниот тандем екипи во Бундеслигата, а и денеска очекувам да презентираат дека се сериозни кандидати за титулата.
Вердер е во голема криза со четири порази по ред, па очекувам да загубат и по петти пат.
Предлог тип: 2-2&3+ (2.45)
Шалке 04 – Лајпциг (18.30 часот)
Дербито на 23. коло ќе биде неизвесно во меч на кој и двете екипи ќе се обидат да освојат многу значајни бодови. Шалке сезонава игра одлично на свој терен и загуби само од Баерн.
Лајпциг одигра супер меч против Тотенхем и има добар видик кон четвртфиналето во Лигата на шампионите. Ред Бул се конкурентни за титулата во Бундеслигата, но веројатно и заморот ќе си го направи своето.
Шалке е тактички, физички и психички одлично подготвена екипа и може да му се спротивстави на фаворитот. Го докажаа тоа со победа против Лајпциг во првиот дел од сезоната, што засега е и единствениот неуспех на Ред Бул на свој терен.
На домаќините ќе им недостасуваат тројца важни играчи, Калиџури, Сане и Стамбули, но и Лајпциг има проблеми, особено со отсуството на Лајмер, па и на Орбан и на Адамс.
Очекувам неизвесен меч и нерешен резултат во Гелзенкирхен.
Предлог тип: Х (3.80)