Лавовите од „Жерлан“ не ја плашат Старата дама

Брага – Глазгов ренџерс (Лига на Европа, 18 часот)

Првиот меч во Глазгов беше многу возбудлив, а домаќините успеаја да анулираат негатива од два гола и да ја победат Брага со 3:2.

На тој меч блескаше Јанис Хаџи со два гола. Синот на познатата романска легенда Георге Хаџи одигра одличен меч и беше најзаслужен за пресвртот.

Сега редот е на Брага да ја искористи предноста на домашен терен и да се обиде да го елиминира шкотскиот гигант. Португалскиот тим сезонава игра одличен фудбал и е на третото место во домашното првенство. Им треба минимална победа против Глазгов ренџерс за да игра во осминафиналето во ЛЕ.

Едуардо и Тормена се неизвесни за настап кај Брага, а за тимот што го предводи Стивен Џерард долго се отсутни Џермејн Дефо и Филип Хеландер. Двата тима имаат интересна низа од натпревари со повеќе голови во второ полувреме, а и вечерва се очекува да играат малку позатворено бидејќи еден гол може да го одлучи патникот во следната рунда.

Предлог тип: 2>1 (1.97)

 

Фулам – Свонси (Шампионат лига, 20.45 часот)

Фулам влезе во мини-криза со три меча без победа и падна на четвртата позиција на табелата во Шампионат лигата со пет бода зад Лидс и дури 12 зад лидерот ВБА.

Амбициите се знаат, клубот сака да избегне ризик и настап во баражот, па ќе се обиде да се најде на првите две позиции што водат директно во Премиер лигата.

Свонси се бори за да стигне во Топ-6 и да настапи во плејофот за да се врати во највисок ранг на натпревари. Велшкиот тим е многу незгоден за Фулам, особено кога е гостин на „Крејвен котиџ“ и нема пораз на овој стадион од 2009 година.

И двата состави имаат одлични напаѓачи, а и вечерва се очекуваат голови од првиот стрелец во Лигата, Александар Митровиќ за Фулам и од Андре Ају, кој досега постигна 11 погодоци за Свонси, двојно помалку од српскиот репрезентативец.

Предлог тип: ГГ (1.72)

 

Мидлсборо – Лидс (Шампионат лига, 20.45 часот)

Алиоски и соиграчите играат еден од клучните мечеви за директен пласман во Премиер лигата и ако го апсолвираат успешно тестот на „Риверсајд“, ќе можат полесно да ја продолжат трката за првите две позиции на табелата.

Клубиот од Јоркшир е еден од најдобрите гости во Шампионат лига и освои 28 бодови, што е солиден ефект. Марсело Бјелса има тим за Прва лига и Лидс и вечерва е фаворит против Мидлсборо.

Домаќините се еден од најенефикасните тимови во Лигата, а во минатото „Риверсајд“ важеше за терен на којшто многу тешко се освојуваа бодови. Сега приказната е малку поразлична и тимот што го предводи Џонатан Вудгејт бие битка за опстанок. Лидс не го победил Мидлсборо како гостин од 2015 година, но и традицијата постои за да се урива. Типуваме на победа на гостите со голови во второто полувреме.

Предлог тип: Х-2&2-5 (7.10)

 

Лион – Јувентус (Лига на шампиони, 21 часот)

Кога има свој ден, Лион може да победи секого во Европа, но факт е дека има скромна сезона, една од најлошите во новиот милениум. Далеку е од позициите што водат во Лигата на шампионите во домашното првенство, па ќе се обиде против фаворитот Јувентус да приреди подвиг.

Но, тоа е нешто што никогаш не го оствариле во два двомеча на европската сцена со Старата дама. Ги имаат и загубено двата меча против Јувентус на домашен терен со по 0:1, еднаш во фазата по групи во Лигата на шампионите и еднаш во Лигата на Европа.

Руди Гарсија одлично го познава тимот од Торино бидејќи од 2013 до 2016 година беше тренер на Рома. Гостите пристигнаа во Лион со познатите проблеми и отустни ќе бидат Даглас Коста и Мерих Демирал. Јувентус има широк ростер и одличен избор на играчи, па се очекува Роналдо и соиграчите победнички да минат низ Лион.

Предлог тип: 2 (2.15) Супер тип на Sport Life

 

Реал Мадрид – Манчестер сити (Лига на шампиони, 21 часот)

Вистински раритет е 13-кратниот европски првак да биде аутсајдер на домашен терен против екипа што никогаш не го освоила пехарот во КЕШ или во ЛШ, но овојпат Манчестер сити според коефициентите има предност.

Реал двапати беше поуспешен од англискиот клуб во мечеви од Лигата на шампионите, а последниот двомеч беше решен со еден гол. Во 2016 година во полуфиналето во ЛШ, Реал беше поуспешен со вкупен резултат од 1:0, а трагичар беше Фернандо, кој си ја затресе мрежата на „Сантијаго Бернабеу“ и го испрати најтрофејниот клуб во финалето. Реал тогаш ја освои титулата со победа од 2:1 против градскиот ривал Атлетико.

Проблемите на Сити се познати. На фудбалски план им фали еден стопер во одбраната, па Фернандињо принудно игра на таа позиција. Надвор од теренот имаат двегодишна казна од УЕФА и ако остане така, нема да играат во Лигата на шампионите во следните две сезони.

За нив сега е шансата конечно да се тргне во поход по највредниот европски клупски пехар, а имаат тим за таков подвиг.

Реал одигра лош меч против Леванте, иако има солидна сезона. Зидан против Гвардиола ќе бие една од главните битки и кој ќе подготви подобра тактика за ривалот, ќе оди понатаму.

Двете екипи имаа одличен офанзивен потенцијал и ќе типуваме дека ќе се тресат мрежите и на Едерсон и на Куртоа.

Предлог тип: ГГ (1.58)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life со уникатни квоти можете да ги одиграте следните три натпревари:

Брага – Глазгов ренџерс 1+I&3+ (2.15)

Лион – Јувентус Х2&2-4 гола (2.10)

Реал Мадрид – Манчестер сити Т2 2+&ГГ (2.70)

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести