Вегас е моќен, рулетот ноќеска ќе сврти на „кец“

Филаделфија флаерс – Њујорк ренџерс (НХЛ, 01 часот)

Дуелот на големите ривали од Источната конференција ќе биде многу интересен, најмногу поради фактот што и двете екипи се во победнички серии најдолги во моментов во нивната конференција.

Њујорк блеска со пет победи по ред и стаса во позиција да бие битка за пробив во Топ-8 екипи што ќе играат во плејофот.

Артеми Панарин е незадржлив и со мајсторски партии хокеј, во последно време се проби дури до третата позиција на листата со најдобри поентери во НХЛ. Напаѓачот на Ренџерс има 87 поени и тој е моторот на Њујорк, кој реди успеси во серија,

Зибанеџад и Стром го следат во чекор, Крејдер го продолжи договорот и по лошиот старт на сезоната сега Њујорк е хит во лигата.

И Филаделфија гази сигурно со четири победи по ред што ги исфрлија Флаерс на петтото место. И битката за втората позиција е реалност, ако продолжат да победуваат.

Интересно е што Филаделфија нема поединец што е во Топ-30 поентери во Лигата, но има одлично избалансиран тим. Двете екипи во последните десеттина дуели наизменично се победуваа, па очекуваме тежок и неизвесен меч што „мириса“ на продолженија, или пенали.

Предлог тип: Х (4.25)

 

Колумбус блу џекетс – Минесота вајлд (НХЛ, 01 часот)

Проблемите кај Колумбус само се мултиплицираат и расте бројот на повредени хокеари во многу незгоден дел од сезоната. До пред некој ден беа деветмина отсутни, а сега плус неизвесни за настап се и голманот Мерзликинс и напаѓачот Неш.

Во ваква ситуација Блу џекетс имаат само една победа во последните 10 натпревари и полека го губат здивот во битката за плејофот.

Пред две ноќи загубија од Минесота со 5:4 како гости и сега ќе се обидат да се реваншираат, иако во ваква ситуација со голем број на повредени хокеари, дел од нив и клучни играчи ќе биде многу тешка мисија.

И Минесота бие жестока битка за место меѓу октетот најдобри во Западната конференција и според нас е поблиску до победа во „Нешнвајд арена“ во Охајо.

Предлог тип: Х2 (1.62)

 

Торонто репторс – Шарлот хорнетс (НБА, 01.30 часот)

Шампионот Торонто има само два порази на последните 19 меча, а во циклусот од 17 победи успеа да го надигра и Шарлот со 112:110 по продолженија.

Тој меч се играше во Шарлот на 9. јануари, а оттогаш се сменија доста работи во таборот на Хорнетс. Малик Монк кој играше одлично во последно време е суспендиран поради тоа што одби да се појави на допинг тест, а неизвесен е настапот на стартниот центар Коди Зелер.

Торонто ќе игра без Марк Гасол, кој е подолго отсутен, а неизвесен е настапот на Серж Ибака и на Норман Пауел. Шампионот го декласира Шарлот на свој терен во ноември лани со 132:96 и повторно е голем фаворит.

Ние ќе типуваме дека Сијакам, Лаури, Ануноби и останатите кошаркари на Репторс ќе го декласираат гостинот со разлика поголема од 13 поени.

Предлог тип: 1 со хендикеп од 13.5 поени (1.83)

 

Милвоки бакс – Оклахома сити тандер (НБА, 02 часот)

Кога Оклахома го размени Расел Вестбрук за Крис Пол речиси никој не очекуваше екипата да стаса до позиција што води во плејофот. Тандер играат прекрасна кошарка предводени токму од ветеранот Пол, кој игра како во најдобрите денови. Му помага уште еден ветеран, Данило Галинари, кој е во топ-форма, а тука се и Адамс, Гилџиус-Александер, Шрудер…

Оклахома има штоф за успех и е незгоден ривал за сите екипи во НБА лигата. Ноќеска ќе бидат на најтешкиот можен испит против Милвоки, екипа која има најдобар биланс во лигата и е единствена со едноцифрен број на порази. Имаат 50 победи и само 8 неуспеси и можат да бидат само третата екипа во историјата на НБА што имала под 10 порази во регуларен дел од сезона.

Милвоки има четири победи по ред, Оклахома една повеќе и ова ќе биде дуел за мерак. Во единствениот меѓусебен меч сезонава Бакс во драматичен дуел ја победи Оклахома со 121:119.

Ќе типуваме дека гостите нема да бидат поразени со двоцифрена разлика.

Предлог тип: 2 со хендикеп 10.5 поени (1.88)

 

Вегас голден најтс – Бафало сејбрс (НХЛ, 04 часот)

Вегас моментно е екипата со најдолга серија победи, нанижаа 7, а имаат убава шанса и за осмица. Финалистот од 2018 година повторно е хит во НХЛ лигата и како игра повторно е меѓу најсериозните кандидати за титулата.

Имаше многу критики за тренерот Питер де Бур, отако Вегас на почетокот на оваа година имаше 6 порази на 7 меча, но 51-годишниот стратег ги издржа сите напади и сега повторно е во фокусот и може да биде и во изборот за најдобар тренер во регуларниот дел од сезоната.

Бафало полека ги губи шансите за настап во плејофот и на двесеттина меча до крај на регуларниот дел од сезоната заостанува за 10 бода зад екипите што се на осмото место, или тука некаде, околу последната позиција што води во доигрувањето.

Ноќеска гостите немаат што да калкулираат, бодовите се неопходни, но во моментов тешко се победува расположената екипа од градот на коцката. Вегас во серијата од 7 победи што е актуелна успеа да победи четири екипи од Источната конференција и типуваме дека ноќеска ќе ја прокнижи и петтата или вкупно 8 по ред.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

- Оглас -

Најнови вести