Колумбус и Ванкувер можат и на бис во Националната арена

Денвер нагетс – Торонто репторс (НБА, 00 часот)

Ова ќе биде дерби на двете вторпласирани екипи во двете конференции во НБА лигата, а и Денвер и Торонто ќе имаат поправен испит по шокантните порази.

Шампионот загуби од Шарлот на домашен терен, што е големо изненадување и ќе се обиде да избегне трет пораз поред, нешто што на Репторс не им се случило во 2020 година.

Денвре беше декласиран од Лос Анџелес клиперс со 132:103 во меч во кој Нагетс ниту еднаш не водеа. Двете ударни игли на тимот Јокиќ и Мареј играат одлично, но тимот има пад и три порази на последните пет меча.

Добро за Денвер во мини-кризата е што немаат повредени кошаркари и со полн погон ќе се обидат да го победат шампионот.

Торонто со овој меч ја почнува серијата од пет гостувања, а тренерот Ник Нурс најави дека и кошаркарите што ги мачат повреди ќе патуваат по Западот. Марк Гасол веројатно нема да игра, неизвесен е и настапот на Фред Ван Флит и на Серж Ибака. Очекуваме неизвесен меч и ќе типуваме на минус поени.

Предлог тип: < 219.5 поени (1.67)

 

Сакраменто кингс – Детроит пистонс (НБА, 00 часот)

Сакраменто и Детроит се во слична ситуација и двете екипи се далеку од позициите што водат во плејоф, но шансите не се исчезнати.

Кингс играат одлилно во последниот период и имаат четири победи на пет меча, па се доближија до посакуваното осмо место во западната конференција на само 4 победи.

Лук Волтон најде интересен концепт и често ги менува двете ѕвезди во тимот Де Фокс и Хилд, како стартери, што очигледно дава резултат.

Фокс е неизвесен за настап против Детроит поради стомачни проблеми, но изјави дека ќе стисне заби и ќе игра.

Детроит направи неколку промени во тимот, а најважната е што си замина корпулентниот центар Андре Драмонд. Двејн Кејси најави дека се подготвува тим за идните сезони, а останаа уште пет ветерани, меѓу нив и веријатно главниот кошаркар на Пистонс Дерик Роуз.

Тој беше најефикасен во убедливата победа на Детроит против Сакраменто со 127:106 на последниот меѓусебен дуел. Пистонс имаат шест победи помалку од Бруклин, екипа што е осмопласирана во Источната конференција и иако шансите за плејоф им се мали нема да се предадат. Ќе типуваме на плус поени.

Предлог тип: > 213.5 поени (1.75)

 

Колумбус блу џекетс – Ванкувер канукс (НХЛ, 01 часот)

Голема гужва има за позициите што водат во плејофот и во двете конференции во НХЛ лигата, а ноќеска многу важен меч играат осмопласираниот Колумбус од Истокот и шестопласираниот Ванкувер во Западната конференција.

Последните пет меѓусебни дуели им беа ефикасни, со најмалку пет гола, но можено е ноќеска да се игра малку поцврсто и попретпазливо, бидејќи во оваа фаза победите вредат многу, а бодовите можат да значат сериозен исчекор кон плејофот.

Кај Колумбус се намали бројот на повредени хокеари, беа дури 11, а сега се седуммина, но и тоа е премногу во критична фаза од шампионатот.

Блу џекетс скапо го плаќаат големиот проблем со здравствениот билтен и имаат 10 порази на последните 11 натпревари. Сега ќе се обидат да направат пресврт против многу солидниот тим на Ванкувер.

Канукс имаат два порази по ред, ни една блескава победа против лидерот на Истокот Бостон со неверојатни 9:3. Се чини дека и двете екипи во ваква позиција се со израмнет квалитет, па ќе типуваме на „нула“ во регуларен дел и решение на победникот по продолженија, или на пенали.

Предлог тип: Х (4.15)

 

Њу Орлеанс пеликанс – Лос Анџелес лејкерс (НБА, 02 часот)

Лејкерс апсолутно доминираат против Њу Орлеанс и водат со 3:0 во меѓусебниот скор пред стартот на последниот дуел на овие две екипи сезонава.

Можно е Леброн Џејмс да не игра за гостите, откако ноќеска се врати на паркетот по едне меч пауза. Неговиот настап поради проблеми со препоните.

На последниот меч пред пет ноќи Кралот Џејмс беше најефикасниот кошаркар на паркетот и постигна 40 поени против Њу Орлеанс, па јасно е што би значело негово отсуство за Лејкерс.

Пеликанс се надеваат дека ќе можат да го изненадат фаворитот и дека ќе се доближат на само две победи негатива до осмопласираниот Мемфис, екипа што ноќеска ги победи шоумените од Лос Анџелес.

Имаат и добра подлога, бидејќи Зајон Вилијамсон одлично се вклопи во тимот и стана првиот тинејџер што има учинок од 20+ поени и 10+ скока на десет меча по ред. Во строј се и Инграм, Холидеј, Бол… па ќе биде интересен новиот дуел на дел од играчите што играа за Лејкерс, против езерџиите, веројатно без Леброн Џејмс.

Предлог тип: 1 со хендикеп 4.5 поени (1.62)

 

Голден стејт вориорс – Вашингтон визардс (НБА, 02.30 часот)

Навивачите на Голден стејт се надеваа дека конечно ќе го видат во акција нивниот миленик Стефон Кари, но тоа нема да се случи ноќеска, иако беше најавено.

Кари ќе мора да почека уште малку за да го одигра првиот меч сезонава за Воините. Во негово отсуство прва ѕвезда во тимот треба да биде Ендрју Вигинс кој пристигна во клубот пред Ол-стар викендот.

Голден стејт немаа шанси за плејоф, а се обидуваат да го избегнат последното место во Лигата. Со триумф против Феникс ноќеска успеаја да ја прекинат серијата од 8 порази.

И интересно претходната победа, пред да почне циклусот 8 неуспеси им бепе против Вашингтон и тоа на гости.

Визардс се деветти во Источната конференција со пет победи помалку од осмопласираниот Бруклин и ноќеска мора да победат ако сакаат да продолжат да се надеваат на плејоф.

Бредли Бил е во топ-форма и очекуваме тој да диктира темпо во ефикасен меч со многу кошеви.

Предлог тип: > 234.5 поени (2.10)

 

 

- Оглас -

Најнови вести