Германија има куп-бајка од четвртата лига што сонува полуфинале

Сарбрикен – Фортуна Дизелдорф (ДФБ покал, 18.30 часот)

Четвртолигашот Сарбрикен е бајката во германскиот куп и е единствениот клуб што остана во битка за пехарот, а не игра во Бундеслигата.

Сите победи во купот му беа на домашен терен, а и сега ќе се обиде да приреди уште еден подвиг против Фортуна. Ќе му бидат домаќини на фаворитот за пласман во четвртфиналето, но не се без шанси.

Сарбрикен е лидер во Регионалната лига Југозапад и има реални шанси да се пробие до Третата лига. Сепак, приоритет е настапот во купот бидејќи им се отвори шанса во нокаут-меч како домаќини да се пласираат и во полуфиналето. Капитенот Цајц ќе се врати во составот откако го пропушти мечот со Балинген. Сарбрикен нема примено гол во првите два меча од пролетниот дел, па одбраната ќе биде адут на четвртолигашот.

Фортуна е фаворит, игра во Бундеслигата, а ќе се обидат да го коригираат киксот од последното коло, кога прокоцкаа предност од 3:0 против Херта и освоија само еден бод.

Уве Рослер најави и промени во стартниот состав, а на Фортуна нема да ѝ биде лесно во Фолклинген.

Предлог тип: Х (3.70)

 

Шалке 04 – Баерн (ДФБ покал, 20.45 часот)

Давид Вагнер нема решение како да ја сопре кризата кај Шалке, тим што прими 8 гола на последните два меча во Бундеслигата, а не постигна ниту еден. И сега им доаѓа тим што е во опасен налет и дава голови како од шега.

Баерн постигна 16 гола на последните четири меча и доаѓа во Гелзенкирхен како голем фаворит. Тимот функционираше како часовник против Хофенхајм и во ситуација кога не им играше Роберт Левнадовски, најдобриот стрелец и прв голгетер во Бундеслигата. Им дадоа шест гола, а како што играа, можеа да постигнат барем уште толку.

Баерн му оди на мегдан на тимот што му е омилен ривал и против кого нема пораз на 21 меч по ред. Само на последните два меѓусебни дуели е 8:0 во голови за Баварците. Во оваа фаза во купот играа и во 2017 година и тогаш Баерн на домашен терен лесно славеше со 3:0.

Последната победа на Шалке 04 против денешниот ривал е во полуфиналето на популарниот ДФБ куп во 2011 година и тогаш клубот од Гелзенкирхен го освои пехарот. Баерн е фаворит и ќе победи.

Предлог тип: 2&2-5 гола (1.76)

 

Челзи – Ливерпул (ФА куп, 20.45 часот)

Интересен податок е дека осминафиналето во ФА купот, или токму фазата во која ќе играат вечерва Челзи и Ливерпул, е највисокиот дострел на европскиот првак под команда на Јирген Клоп.

Германецот некако и не му посветува големо внимание на националниот куп на Англија, па и вечерва веројатно ќе игра со комбиниран состав. Во претходната рунда против Шрусбери, Ливерпул играше комплетно со младинскиот тим и успеа да мине понатаму.

Челзи има доста проблеми со повреди, што се одразија и на резултатите во Премиер лигата и во Лигата на шампионите. За Сините вечерва нема да играат Тами Абрахам, Н`Голо Канте, Кристијан Пулишиќ и Хадсон-Одои, а можно е и Лампард да одмори уште некој играч.

Последен пат меѓу себе Челзи и Ливерпул во ФА купот играа во финалето во 2012 година, кога тимот од Лондон го крена пехарот по победата од 2:1. Очекуваме меч на тимови со доста нови лица на теренот и одлука за победникот на пенали.

Предлог тип: Х (3.35)

 

Ридинг – Шефилд јунајтед (ФА куп, 20.45 часот)

Ридинг има четири порази по ред од Шефилд јунајтед од ерата кога двете екипи беа во Шампионат лигата. Домаќините ќе се обидат да го изненадат премиерлигашот, но сезонава тешко е да се игра против одличниот тим во црвено-бели дресови.

Шефилд јунајтед е пријатно изненадување во Премиер лигата и бие битка дури и за позиции што водат во Лигата на шампионите.

Ридинг сè уште се надева на пробив до место што води во баражот за влез во најсилната англиска лига, но заостанува доста, дури 11 бода зад Престон. Ова е убава шанса и за двете екипи да се пласираат во четвртфиналето на ФА купот, а според нас, Шефилд е многу поблиску до победа.

Предлог тип: 2 (1.80)

 

Вест Бромвич албион – Њукасл (ФА куп, 21 часот)

Њукасл има голем проблем со ефикасноста и на последните четири меча во Премиер лигата нема постигнато ниту еден гол, што е малку повеќе од шест часа игра без погодок.

Вечерва ќе му гостуваат на најефикасниот тим во Шампионат лигата, но и ВБА го чека дуелот со Њукасл во лошо расположение по неочекуваниот пораз дома од Виган.

Во ФА купот последен пат двете екипи играа во 2010 година и тогаш Вест Бромвич славеше со 4:2 на домашен терен. Сепак, таква ефикасност немаат на последните меѓусебни дуели и шест од последните 7 завршија со 0-2 гола.

Очекуваме тврд меч на две екипи со приближно ист квалитет, иако играат во различен ранг на натпревари.

Предлог тип: Х (3.15)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life со посебни коефициенти можете да ги одиграте следните натпревари:

Трабзонспор – Фенербахче ГГ&4+ (3.10)

Шалке 04 – Баерн 2&T2 3+ (2.00)

Ливорно – Фрозиноне 1+I&1+II (2.05)

 

 

- Оглас -

Најнови вести