31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Јасен е планот на прогнозерите – Двојка во Менхенгладбах и двојка во Манчестер за атак на „ајфонот“

Сабота е ден за Спортска прогноза, во тек е 26-то коло, а вие имате време денеска до 16 часот да ги типувате 13-те двојки од основната програма, плус двата резервни пара што важат во битката за Генерален пласман.

Ова коло е исклучително интересно со два деби дуели во Германија и Англија, што ретко се поклопуваат во ист викенд.

Во Бундеслигата на ред е дербито меѓу двете Борусии, а во Менхенгладбах ќе гостуваат Милионерите од Дортмунд. Според вашите прогнози што се пристигнати досега фаворити се гостите, кои имаат и убава традиција од 10 победи по ред против имењаците од Менхенгладбах. Се очекува нов триумф на Борусија Дортмунд, варијанта што ја имаат прогнозирано 67 проценти од вас.

Вториот меч што привлекува огромно внимание е дуелот на двата Манчестери, Јунајтед и Сити, во градската битка за превласт. И тука според прогнозерите на нашата бесплатна игра фаворити се гостите, а 52 посто од вас очекуваат двојка на „Олд Трафорд“.

Ви нудиме уште дузина интересни мечеви за прогнозирање, па не е доцна да се вклучите во трката за „IPhone XS“ што за прогнозерот со точно погодени 13 двојки ќе го додели обложувалницата Sport Life.

Sport Life има интересен концепт за играта што е бесплатна, па ве наградува и за еден и два промашени натпревари. Учесниците во Спортска прогноза што ќе погодат 12 пара, ќе добијат ваучери од по 1.000 денари, а за две утки има награден ваучер од 500 денари.

Втората сезона на Спортска прогноза донесе и интересна битка во Генералниот пласман. Тука се бројат и поените од двата резервни пара што за вас ги подготвуваме за секое коло.

Моментно на врвот веќе подолго време неприкосновен е Христијан Т. со 179 поени и двоцифрена разлика пред најблиските конкуренти.

Наградата за шампионот во конечен поредок е ТВ Смарт од 48 инчи, а следните четворица најдоброрангирани ќе добијат многу поени за одличен шопниг со СЛ Маркетот на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести