На АЗ Алкмар му требаат голови за титула, Ден Хаг често ќе ја вади топката од мрежа

Арсенал – Вест Хем (Премиерлига, Англија 16 часот)

Арсенал игра променливо, а киксот против Олимпијакос и елиминацијата во Европа Лигата ги доведе до тешка ситуација. Топчиите сега имаат само еден излез, ако не сакаат да останат и втора сезона по ред без Лигата на шампоионите, а тоа е да редат само победи во Премиерлигата.

Имаат 8 бода помалку од четвртопласираниот Челзи, па јасно е дека мисијата е тешка, но не и невозможна. Дербито во Лондон ќе биде интересно и е дуел на домаќинот со најмногу нерешени дуели, 13, во Премиерлигата и гостинот Вест Хем кој ретко ремизира и има само шест нерешени во 28 кола.

Арсенал има императив да победува, а и на Вест Хем не му е сеедно, бидејќи бие тешка битка за опстанок. Сепак домаќините се поквалитетни и ќе типуваме дека ќе ги освојат бодовите.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

Вулверхемптон – Брајтон (Премиерлига, Англија 16 часот)

Фудбалерите на Вулверхемптон стана мајстори за пресврти, а сезонава имаат еден куп мечеви на кои први примаа гол, но и не ги губеа натпреварите.

Мечот со Тотенхем во минатото коло е најсвеж пример дека избраниците на Нуњо Санто Еспирито имаат победнички дух и негативата од 0:1 и 1:2 ја претворија во победа од 3:2, со два гола во второто полувреме.

На последните четири меча Волците дури трипати заедно со ривалот даваа, или примаа најмалку два гола во продолжението од мечот. Одлично и возбудливо второ полувреме стана заштитен знак за Доерти, Хименес, Жота и останатите играчи во портокалови дресови.

И Брајтон има неколку ефикасни втори полувремиња, на двете екипи им требаат бодовите, па ќе типуваме дека во вторите 45+ минути ќе има најмалку два и најмногу четири погодоци.

Предлог тип: 2-4 гола во второ полувреме (2.22)

 

Барселона – Реал Сосиедад (Ла Лига, Шпанија 18.30 часот)

Барселона е најефикасниот тим во Шпанија со 62 постигнати гола, иако во последно време токму нападот е проблематичен. Отсуството на Луис Суарес им задава многу маки на Каталонците, но работите полека се средуваат со доаѓањето на Мартин Брајтвајт.

Данецот е квалитетен офанзивец што го потврди и со епитетот најдобар стелец на Леганес и може да и помогне на Барса да се преброди отсуството на Суарес.

На гости кај второпласираната екипа во шпанското првенство доаѓа опасниот Реал Сосиедад. По ланската скромна сезона сега играат многу подобро. Реал Сосиедад е третата најефикасна екипа во Ла Лига со 43 гола, а имаат одличен офанзивен потенцијал, иако на клупа им седи првиот стрелец Жозе Вилијан.

Исак, Порту, Ојарзабал, Одегард, Јанузај…. можат да ја надиграат секоја одбрана во Шпанија, а и традицијата вели дека е сосема извесно дека ќе има Гол-Гол на „Камп Ноу“.

На шест од последните седум меѓусебни дуели на овие екипи се тресеа и двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (1.68)

 

АЗ Алкмар – Ден Хаг (Ередивизија, Холандија 18.30 часот)

АЗ Алкмар е во транс по победата против Ајакс во минатото коло и сега има израмнета позиција со по 53 бода во трката за титулата со главниот фаворит во Ередивизија.

АЗ веќе нема грижи со настапите во Европа Лигата, испаднаа од ЛАСК и можат комплетно да се посветат на борбата со Ајакс за пехарот во холандското првенство.

Во Холандија за првакот при ист број на бодови на две или повеќе екипи одлучува гол-разликата, па јасно е дека АЗ Алкмар ќе настојува да ги полни мрежите на послабите ривали.

Ден Хаг е од тој калибар и се бори за опстанок, АЗ заостанува за 10 гола зад Ајакс, иако има две победи против Копјаниците во оваа сезона, па се очекува офанзива од првата минута на домашниот тим.

АЗ Алкмар има и силен арсенал напаѓачи. Боаду и Идриси се во Топ-5 на листата на стрелците со 14, односно 13 голови. Ако се додаде и Копмајнерс на 14. место со 9 гола, јасно е дека АЗ може да го декласира Ден Хаг.

Предлог тип: 1-1&4+ (2.50)

 

Хетафе – Селта (Ла Лига, Шпанија 21 часот)

Филозофијата на одличниот стратег Пепе Бордалас повторно дава резултати и Хетафе е конкурент за место што води во Лигата на шампионите.

Мадриѓани играат многу стрплив, тактички беспрекорно конципиран фудбал и имаат успех. Ветераните Мата и Анхел повторно се извонредни во нападот, Кукуреља, Максимовиќ, Суарес, Амрабари се феноменални зад нив, а и одбраната функционира како швајцарски часовник, па успесите на малиот Хетафе не се веќе изненадување.

Селта неочекувано е во битката за опстанок, иако има состав со одлични индивидуалци. Аспас, Систо, Рафиња, Мина, Смолов…. имаат квалитет за многу подобар пласман од 17. место во Ла Лига.

Разликата во квалитет не е голема, иако Хетафе има 20 бода разлика во однос на Селта. Домаќините се фаворити, но ќе мора да се помачат за да ги освои бодовите. Ќе типуваме на триумф на Хетафе, со голови во второто полувреме, што е чест рецепт за победа на тимот од Мадрид.

Предлог тип: Х-1&2-5 гола (8.25)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life можете да ги одиграте следните три натпревари:

Ливерпул – Борнмут 1-1&3+ (2.40)

Барселона – Реал Сосиедад Т1 1+I& T1 3+ (2.45)

Борусија М. – Борусија Д. 1+I&2+II (2.35)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести