Бостон се мачи со повреди, Индијана ќе ја искористи кризата на Келтите

Индијана пејсерс – Бостон селтикс (НБА, 00 часот)

Пејсерс успешно ја завршија серијата од пет гостувања, со победа против одличниот тим на Далас и со биланс од 4-1 во тој циклус се вратија дома и го очекуваат дербито со Бостон.

Добра вест за тренерот Нејт Мекмилан е што на терен се врати крилото Ти-Џеј Ворен, кој е еден од најдобрите кошаркари во тимот. Отсутен е Мајкл Брогдон и тоа е хендикеп, особено што бековската линија е ослабена и со неиграњето на Џереми Лемб.

Бостон има многу повеќе проблеми во последно време со повредите. Џејсон Тејтум, Гордон Хејворд и Берон Дејвис стискаат заби и играат, иако не се комплетно фит, а ноќеска повторно ќе го нема стартерот Џејлен Браун.

Тоа се одрази и на резултатите на Келтите, кои имаат два порази по ред. Индијана го победи Бостон на гостински терен во единствениот меѓусебен дуел сезонава. Пејсерс се многу незгоден тим и ќе типуваме дека ќе ја искористат ситуацијата и предноста да играат на домашен терен.

Предлог тип: 1 (2.20)

 

Џулиус Рендл (НБА, Вашингтон визардс – Њујорк никс, 00 часот)

Крилото на Њујорк е во топ-50 стрелци во НБА-лигата со просек од 19,3 поени и е најдобриот кошаркар во тимот што повторно има слаба сезона.

Никс се само со теоретски шанси за плејоф бидејќи имаат 9 победи помалку од Орландо на 18 меча до крај на регуларниот дел. Играат порелаксирано, а таквиот стил му одговара на Рендл, играч околу кого ќе се прави костурот на тимот за следните сезони.

Рендл особено добро игра против Вашингтон и на трите меча сезонава против Визардс има просек од 28,7 поени, што е далеку над вкупниот негов просек сезонава.

Никс имаат три победи на последните пет меча и имаат можност со победа да ја израмнат серијата од 4 меча против Вашингтон, а за успех им треба Рендл во најдоброто издание. Ќе типувема не плус поени на крилото на Никс.

Предлог тип: >21.5 поен (1.95)

 

Бредли Бил (НБА, Вашингтон визардс – Њујорк никс, 00 часот)

Бил не играше на едниот од трите меча против Њујорк и Визардс беа поразени. На останатите два меча постигна по 30 поени за победи на Вашингтон, екипа која води со 2:1 во меѓусебните мечеви со Никс во оваа сезона.

Бредли против Мајами ја прекина серијата од 21 меч на кои постигнуваше најмалку 25 поени, а сега најавува нов почеток и нова серија ефикасни мечеви.

Вашингтон има мали шанси за настап во плејофот, но Бил вели дека додека има надеж, ќе се борат за пласман во доигрувањето.

Бекот на Вашингтон е втор стрелец во најсилната кошаркарска лига на светот со просек од 30,4 поени и отприлика толку и му треба против Њујорк за да оди во плус. Ќе типуваме дека ќе биде над просекот на дуел на кој Вашингтон мора да победи.

Предлог тип: >31.5 поени (1.87)

 

Расел Вестбрук (НБА, Хјустон рокитс – Минесота тимбервулфс, 01 часот)

Хјустон е единствениот тим во НБА што има двајца кошаркари во Топ-10 листата со најдобри кошгетери. Харден е кралот на стрелците, а Вестбрук е на седмата позиција со просек од 27,5 поени.

Рас малку подзапре во последно време и Хјустон доживеа четири порази по ред. Тој е срцето на тимот, иако Харден е главната ѕвезда.

Кога Вестбрук игра на препознатливо ниво, и Ракетите функционираат беспрекорно, иако од февруари, кога си замина центарот Клин Капела, играат во чудна формација и без класична петка во тимот.

Вестбрук играше на два од трите меча сезонава против Минесота и постигна 30 и 45 поени. Очигледно е дека му лежи играта на Волците, кои како и Хјустон играат ран-енд-ган кошарка, па очекуваме суперефикасен меч и ново шоу на Рас.

Предлог тип: >30.5 поени (1.85)

 

Демиен Лилард (НБА, Портланд трејлблејзерс – Феникс санс, 03 часот)

Портланд и Феникс ќе играат вторпат меѓусебе во краток рок, а Сонцата беа поуспешни пред три ноќи и славеа со 127:117.

На тој меч Лилард постигна 24 поени, што е малку за него со оглед како игра сезонава. Сепак Олстар-бекот на Портланд има оправдување бидејќи непосредно пред тој меч направи камбек по повредата. Сезонава има постигнато и 27 и 33 поени на дуелите против Феникс, а ноќеска ќе мора да одигра уште подобро и поефикасно.

На Портланд му треба победа за да не биде во негатива од 1:3 во меѓусебните дуели со Феникс, што би можело во одредена варијанта и да одлучува за плејофот.

Лилард е еден од најдобрите бекови-шутери во НБА и очекуваме со учинок над 30 поени да го потврди тој епитет.

Предлог тип: >29.5 поени (1.95)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести