Пред „Месталја“ е лудница, Валенсија оди во тотална офанзива за подвиг

Алберт Селадес има многу проблеми со повреди на играчите, но Валенсија мора во комплетна офанзива во обид да приреди подвиг и да анулира висока негатива од 1:4 против Аталанта.

Тренерот на Лилјаците се одлучи со тандемот Родриго и Гамеиро да напаѓа на празната „Месталја“. Вечерва од 21 часот ќе нема навивачи на трибините, но тие се собраа пред култниот стадион во голем број за да им дадат поддршка на своите миленици.

Во исто време, од 21 часот, Лајпциг со предност од 1:0 од првиот меч ќе го почне реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Тотенхем.

Состави за двата дуели од 21 часот:

Валенсија: Силесен – Вас, Коклан, Дијакаби, Гаја – Парехо, Кондогбија, Солер, Торес – Родриго, Гамеиро.

Аталанта: Спортиело – Џимшити, Калдара, Паломино – Хатебур, Де Рон, Фројлер, Госенс – Пашалиќ, Иличиќ, Гомес.

 

Лајпциг: Гулаши – Клостерман, Упамекано, Халстенберг – Лајмер, Сабицер – Ангелино, Мукиеле – Нкунку, Шик, Вернер.  

Тотенхем: Лорис – Орие, Алдервирелд, Танганга, Сесењо – Дајер, Винкс – Ло Селсо, Али, Ламела – Моура.

- Оглас -

Најнови вести