Лавина од проблеми има Колорадо, опасните Ренџери подготвуваат изненадување

Филаделфија 76 – Детроит пистонс (НБА, 00 часот)

Филаделфија е најдобриот тим сезонава на домашен терен со извонреден биланс од 28 победи и само два порази. Популарните 76-ки имаат многу проблеми со повредите, но во „Велс Фарго центарот“ се непобедливи.

Не им играат двајцата Олстар-играчи Џоел Ембид и Бен Симонс, а и Џош Ричардсон е повреден, па и неговиот настап е неизвесен.

Во уште поголема „каша“ е Детроит, екипа што и буквално се распадна сезонава. Не им игра првата ѕвезда Блејк Грифин, со него отсутен е и Дерик Роуз, а третата НБА-ѕвезда Андре Драмонд го трампаа во Кливленд.

Ноќеска нема да играат и Кенард и Хенсон, па јасно е кој е фаворит за победа на мечот од Источната конференција.

Предлог тип: 1-1 (1.45)

 

Атланта хоукс – Њујорк никс (НБА, 00.30 часот)

Овој меч е само за престиж, а и двете екипи немаат шанси за настап во плејофот. И Атланта и Њујорк имаат по 20 победи, а Хоукс со еден меч повеќе имаат и еден пораз повеќе, 46 во однос на Никс, кои 45 пати беа порзени во оваа сезона.

Двете екипи ќе можат да играат релаксирано, а кога е така, можат да приредат кош-шоу. Досега одиграа два меча меѓу себе и гледачите во „Медисон Сквер гарден“ и во арената „Стејт Фарм“ гледаа ултраефикасна кошарка.

Њујорк го доби мечот на свој терен со 143:120, а потоа Атланта се реваншираше со триумф од 140:135 по продолженија. И сега ќе типуваме дека ќе има плус поени.

Предлог тип: >231.5 поени (1.85)

 

Мајами хит – Шарлот хорнетс (НБА, 00.30 часот)

Мајами ѝ парира на Филаделфија со скор 27-4 на домашен терен и е во триото најдобри домашни екипи во НБА, заедно уште со Милвоки.

Хит беа убедливи на првиот меч сезонава против Шарлот и ги декласираа со 117:100. Мајами е многу компактна екипа, покриена одлично на сите позиции, но во последно време ги мачат повреди.

За мечот со Шарлот неизвесен е настапот на Батлер, Нан, Хиро и Хаслем, а сигурно нема да игра центарот Леонард. Ако триото Батлер, Нан и Хиро не играат, тоа ќе биде голем хендикеп за домашниот тим.

За Шарлот нема да настапи Монк, што сепак е помал проблем за гостите од тој што го има Мајами со повредите. Хорнетс имаат многу мали шанси за настап во плејофот, а Жешките од Мајами тешко губат дома, па ќе типуваме дека ќе има реприза или нешто слично на исходот од првиот меѓусебен меч на двете екипи.

Предлог тип: 1-1 (1.52)

 

Далас маверикс – Денвер нагетс (НБА, 01 часот)

Два многу возбудливи натпревари одиграа Далас и Денвер сезонава и еднаш со поен разлика ги победија Нагетс, а претходно Маверикс славеа со три поени предност.

И сега се очекува неизвесен меч на две екипи што ќе играат и во плејофот во Западната конференција. Ова ќе биде и интересен дуел на две екипи чии глави ѕвезди се од просторите на поранешна Југославија.

Лука Дончиќ ќе ги предводи домаќините, а Никола Јокиќ ќе биде командант на гостинскиот состав. Во последната фаза од регуларниот дел на сезоната вреди многу, во битката за подобри позиции пред стартот на плејофот.

На двата меча што ги одиграа сезонава имаше под 215,5 поени, па очекуваме хет-трик.

Предлог тип: <215.5 (2.00)

 

Колорадо авеланш – Њујорк ренџерс (НХЛ, 03 часот)

Колорадо има две победи по ред против њујоршките ренџери на домашен терен, но тимот од Големото Јаболко победи во единствениот меѓусебен меч сезонава со 5:3.

Колорадо има шанса со победа да го стигне шампионот Сент Луис на врвот во Западната конференција, а предност ќе им биде што немаат голем императив да победат бидејќи плејофот е речиси сигурен за нив.

Ренџерс се во сосема поинаква ситуација и бијат голема битка за да се пробијат во Топ-8 во Источната конференција. Имаат тежок распоред до крај, но влегоа во добра форма кога им е најпотребно. Особено добро игра Мика Зибанеџад, хокеар кој неодамна постигна пет гола на ист меч и стана само третиот Ренџер во клупската историја со таков подвиг.

Колорадо има многу маки со повредите, нема да настапат дури седуммина хокеари, а огромен проблем ќе им биде ако не игра и Нејтан Мекинон, најдобриот поентер во екипата со фантастични 93 поени.

Типуваме дека мотивираниот гостин ќе ги искористи проблемите на Колорадо и дека нема да загуби во регуларниот дел од мечот.

Предлог тип: Х2 (1.82)

 

 

- Оглас -

Најнови вести