Кошаркарите на Црвена ѕвезда по голема драма го добија првиот натпревар од финалната серија против Партизан во јадранската АБА-лига. „Црвено-белите“ како домаќини по 150 минути игра победија со 85-82 и не му дозволија на противникот да дојде до брејк на стартот од серијата.
Целиот натпревар се играше израмнето, а двете екипи постојано се менуваа во водство. Партизан ја доби првата четвртина со три разлика, па Црвена ѕвезда во втората возврати со иста мера за нерешени 39-39 на полувремето.
Натпреварот слично продолжи и во второто полувреме, а третата четвртина им припадна на домашните со три разлика, предност што се покажа како клучна на крајот бидејќи натпреварот заврши со +3 за Црвено-белите, а во последниот период немаше победник.
Нанали со 27 поени беше убедливо најефикасен на натпреварот, но и тоа не беше доволно за победа на Партизан. Во редовите на победничката екипа Матеус постигна 18 поени, додека Теодосиќ додаде 14.