36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Германците не оставаат ништо на случајот

Бундеслигата ќе го скрши мразот од топ 5 лигите во Европа и прва ќе се врати во натпреварувачки погон. Веќе следната сабота, на 16 мај, ќе се одиграат мечевите од 26-тото коло, или прво по прекинот на сезоната поради пандемијата со корона-вирусот.

Како што е веќе познато навивачите немаат пристап на стадионите, да се игра без публика е еден од главните услови за продолжување на сезоната. Веќе се познати и дел од мерките до кои ќе мора да се држат фудбалерите и сите присутни за време на натпреварите.

Имено, играчите ќе мора да се навикнат да не се ракуваат, поточно контакт со раце не е дозволен. Плукање на тревата исто така е забрането, а играчите ќе излезат без деца-маскоти на терените, исто така ќе нема тимско фотографирање пред мечот. Двете екипи немаат право истовремено да се упатат од тунелите кон терените.

Погодоци ќе се слават само со краток контакт со лакто или дел од копачките. Што се однесува за клупата, резервите и тренерите ќе мора да носат заштита во текот на целиот натпревар, а меѓу нив мора да има едно празно место додека седат. Секако една од поинтересните рестрикции е дека тренерите имаат дозвола да ги тргнат маските само кога даваат инструкции на играчите, логично пропратено со 1,5 метар растојание.

Треба да се напомене дека на играчите им е лимитирано времето во соблекувална, секој поединечно може да ја користи до 40 минути максимум.

Распоред за 26-тото коло:

Борусија Дортмунд – Шалке 04, сабота, 16 мај, од 15.30 часот

Аугсбург – Волфсбург, сабота, 16 мај, од 15.30 часот

Фортуна Диселдорф – Падерборн, сабота, 16 мај, од 15.30 часот

Хофенхајм – Херта, сабота, 16 мај, од 15.30 часот

Лајпциг – Фрајбург, сабота, 16 мај, од 15.30 часот

Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Менхенгладбах, сабота, 16 мај, од 18.30 часот

Келн – Мајнц, недела, 17 мај, од 15.30 часот

Унион Берлин – Баерн, недела, 17 мај, од 18.00 часот и

Вердер Бремен – Баер Леверкузен, понеделник, 18 мај, од 20.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести