Головите се стандардна опција за резервите во Белорусија

Славија Мозир резерви – Городеја резерви (Белорусија, 13 часот)

Резервите на Городеја ја имаат најлошата одбрана во Лигата и досега примија неверојатни 33 гола на девет меча, или во просек скоро четири на натпревар.

Со таква одбрана и само со едно реми се последни на табелата, па според досега прикажаното, младите играчи на Городеја тешко ќе можат да се надеваат на настап за тимот А во скоро време.

Единствен кој отскокнува е Артем Волович, 21-годишно момче, кој е стрелец на четири гола, односно половината од вкупниот учинок на целиот резервен состав. Волович веќе настапи и на еден меч за тимот А и тој е веројатно перспектива на клубот и еден од ретките што може да се надева на добра сениорска кариера.

Резервите на Славија Мозир се малку подобри од ривалот, но и тие имаат скромен учинок само од една победа и реми и дури 7 порази. Го имаат најнеефикасниот напад само со 7 постигнати голови, или помалку од еден по меч.

Од лигата за резерви во Белорусија се испаѓа само ако и тимот А испадне од најквалитетната белоруска лига, па и двете екипи можат да бидат спокојни и да се надеваат дека нивните повозрасни колеги ќе имаат успеси и ќе опстанат во Првата лига. Овој меч е без некаков посебен резултатски императив, па ќе типуваме дека ќе има голови.

Предлог тип: 2+I&4+ (2.22)

 

Солигорск резерви – Белшина резерви (Белорусија, 13 часот)

Вториот тим на Солигорск ужива во последно време кога противник им се резервите на Белшина. Имаат три победи по ред против овој ривал со гол-разлика 14:2.

Кај домаќините особено добро игра 18-годишниот Илја Черњак, кој постигна шест гола на 7 одиграни натпревари и сè повеќе се наметнува како опција и за првиот тим на Солигорск.

Белшина е во лоша форма, има четири меча по ред без победа и три неуспеси против Солигорск на последните три меѓусебни дуели.

И двете екипи се ефикасни, постигнаа по 18 голови во досегашните 9 кола, па очекуваме да се игра во трендот на последните нивни меѓусебни мечеви, со многу голови.

Предлог тип: 4+ (1.98)

 

Мусонгати – Атлетико Олимпик (Бурунди, 14 часот)

Домаќините се во серија од шест меча без пораз и имаат шанси за титулата бидејќи со победа ќе му се доближат само на еден бод на лидерот Ле Месажер Нгози.

Мусонгати игра одлично на домашен терен и има само еден пораз на последните 16 меча, а и сега очекуваат триумф и продолжување на трката за титулата.

Атлетико Олимпик сè уште нема обезбедено опстанок и има пет бода повеќе од 14-топласираниот тим, кој би испаднал заедно со двата најлоши состави во Првата лига на Бурунди.

Гостите ги храбри добрата форма што ја презентираа на последните пет меча, на кои забележаа четири победи.

Мусонгати е фаворит, но ќе има сложена мисија и голем императив за победа, што типуваме дека ќе ја оствари во меч со два до три гола.

Предлог тип: 2-3 гола (1.92)

 

Неман – Торпедо Жодино (Белорусија 18 часот)

Ова е дуел на две екипи што тешко даваат и примаат голови во меѓусебните дуели. На последните десет средби само еднаш успеаја да ја минат границата од 0-2 гола, и тоа пред две години, кога Торпедо на домашен терен славеше со 3:0.

Моментно гостите се во многу подобра позиција и форма и со 18 бода се на второто место зад првиот фаворит за титулата БАТЕ Борисов. Ако го победи Неман, повторно ќе се доближи само на еден бод заостанување зад БАТЕ и ќе продолжи да се надева дека имаат квалитет и сили за подвиг и за титула.

Неман има два порази по ред и двојно помалку бодови од денешниот ривал, а се наоѓа во опасната зона за испаѓање. Ако сакаат да се надеваат на подвиг и победа против фаворитот, ќе мора да најдат начин како да ја надитрат втората најцврста одбрана во белорускиот шампионат.

Торпедо тешко прима голови, мечот е важен за двете екипи, а традицијата вели дека повторно и десетти пат на последните 11 меѓусебни дуели може да биде од 0-2 гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.53)

 

- Оглас -

Најнови вести