Фрајбург – Баер Леверкузен (20:30 ч.)
Откако натпреварите во Бундеслигата продолжија без присуство на гледачи, не е привилегија да се игра на свој терен. Во досега одиграните 27 меча, домаќините имаат само пет победи, а гостите се радувале на 12 средби, додека 10 дуели завршиле нерешено.
Токму затоа мора да се внимава на овој податок, но и факт е дека Баер Леверкузен има поквалитетен состав од Фрајбург. На последните пет меѓусебни дуели Фрајбург нема ниедна победа, а има постигнато само еден гол против Фармацевтите. Леверкузен на гости сезонава има девет победи во 14 дуели, па фактот дека сега нема да има ни притисок од публиката, само ја олеснува задачата да стигне до нови три бода.
Предлог тип: Х2&2-4 (1.86)
Рад – Црвена ѕвезда (19:30 ч.)
Речиси по три месеци пауза, денеска продолжува првенството во Србија, и тоа по скратен систем. До крајот треба да се доиграат само уште четири кола, а фактот дека Ѕвезда има 11 бода предност, значи дека со евентуален триумф против Рад, Црвено-белите ќе слават нова титула.
Рад е во зоната за испаѓање, но од Федерацијата одлучија да нема испаѓање сезонава, која беше необична поради пандемијата со корона-вирусот, што значи дека домаќините немаат апсолутно никаков мотив дури и да се обидат да направат изненадување.
Предлог тип: 2&3+ (1.58)
Дармштад – Гројтер Фирт (18:30 ч.)
Домаќините се со надеж дека може да стигнат барем до третото место во втората германска лига и на тој начин да се борат за влез во елитата. Во 13 меча на свој терен, Дармштад има само еден пораз, но дури осумпати одиграл нерешено.
И гостите не се без шанси, посебно ако се знае дека на последните два меча со овој ривал стигнале до победа. На последните пет меѓусебни средби секогаш имало барем два гола, па и сега се очекува ефикасен меч.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.83)
Силкеборг – Нордсјиланд (19 ч.)
И во Данска продолжи фудбалот, а Силкеборг е тимот кој е закован на дното на табелата само со 15 бода од 24 меча. Тоа е тим кој важи дека прави „распродажба“ на бодови кога игра дома, па во 12 средби освои само осум бода, додека останатите одат на конто на гостите.
Нордсјиланд е солидна екипа која игра офанзивно и дава речиси по два гола на меч, но има и слаба одбрана.
Предлог тип: Х2 & ГГ (1.90)
Салцбург – Австрија Лустенау (20:45 ч.)
Салцбург е екипата која најмногу профитираше за време на корона-кризата во цела Европа. Тимот кој беше со три бода зад Ласк Линц во првенството, сега е нов лидер во Австрија, откако Ласк доби казна со одземање на шест бодови поради непочитување на прописите за тренирање во време на пандемија.
Денеска Салцбург има можност да се радува на трофеј, и тоа во Купот. Во финалето за противник го има второлигашот Австрија Лустенау, за кого огромен успех е и тоа што стигна до мечот за трофеј. Сѐ освен убедлива победа на фаворитот, ќе биде големо изненадување.
Предлог тип: 4+ (2.12)