Баер подготви аспирини за грогираниот Шалке 04

Мајнц – Аугсбург (Германија, 15.30 часот)

Мајнц и Аугсбург се блиску до опстанок и реми им одговара и на двете екипи, најмногу заради лошиот распоред на двата главни конкуренти Фортуна и Вердер.

Падерборн е веќе испаднат, а Мајнц има три бода повеќе од Фортуна, која ќе игра во следното коло со Лајпциг на гости и иста дистанца во однос на Вердер, екипа што мора да му излезе на мегдан на моќниот Баерн во следната рунда.

Аугсбург е пред Мајнц со еден бод разлика, па некако личи дека најреален исход е „нулата“. Интересно е што во мечеви од Бундеслигата двете екипи меѓусебе не ремизирале на последните 8 дуели. Време е за реми што им одговара и на Мајнц и на Аугсбург.

Предлог тип: Х (3.35)

 

Шалке 04 – Баер Леверкузен (Германија, 18 часот)

Тимот од Гелзенкирхен има невидени проблеми по рестартот на сезоната и има четири порази и едно реми од 16. мај. Тренерот Вагнер е на големи маки, бидејќи има дури девет повредени играчи, голем дел од нив стандардни во првата постава.

На сето тоа доаѓа и многу незгоден гостин за Шалке. Баер има златна шанса со победа да и побегне на Борусија Менхегладбах за три бода во битката за четвртото место, последно кое води во Лигата на шампионите.

Фармацевтите ќе играат без Белараби и Бендер, веројатно и без Хаверц, но се поквалитетни од осетно хендикепираниот домаќин, кој е во лоша форма. Патем, Баер е непоразен на последните пет гостувања на „Велтинс арена“ која сега ќе биде и празна, поради забраната за присуство на навивачи во услови на пандемија со Ковид-19.

Предлог тип: 2&ГГ (3.15)

 

Реал Мадрид – Еибар (Шпанија, 19.30 часот)

Играчите на Реал Мадрид ќе мора брзо да се привикнат на помалиот стадион „Алфредо Ди Стефано“ што може да им биде проблем на почетокот на мечот со Еибар.

Кралскиот клуб одлучи да се пресели на помалиот стадион и на премиерниот меч во Ла Лига по рестартот на сезоната ќе мора да најде чаре и за помалите димензии на игралиштето и за ривалот од Баскија.

Еибар ќе се обиде да се брани, за нив и бод ќе биде огромен успех, но Реал е фаворит и типуваме чиста единица со најмалку два гола во мрежата на гостите.

Предлог тип: 1&Т12+ (1.39)

 

Салцбург – ЛАСК (Австрија, 19.30)

Еден момент и невнимание на ЛАСК, но и строгата казна на австриската федерација ги уништи надежите на клубот од Линц за втора титула во клупската историја.

Приказната е позната, играчите на тренинг ги прекршија строгите правила од протоколот во услови на пандемија и беа казнети со шест бода. И наместо да тргнат во плејофот со предност од три бода пред Салцбург, останаа зад нив за три бода.

Потоа одиграа лоши три меча во доигрувањето и паднаа дури на четвртата позиција. Сега главна цел ќе им биде битка за второто место, за да можат да настапат во квалификациите за ЛШ.

Салцбург речиси сигурно ќе ја освои седмата титула по ред и вкупно 14. во Австрија. Тоа веќе ќе биде извесно ако успее да го совлада ЛАСК. Двете екипи немаат што да бранат и очекуваме реприза од двата меча што ги одиграа сезонава со четири, односно пет гола.

Предлог тип: 4+ (2.28)

 

Марибор – Алуминиј (Словенија, 20.30 часот)

Поразот на Олимпија од Целје му отвара пат на Марибор да бие битка и за титулата во Словенија. Разликата е 7 бода, но Марибор има меч помалку од Олимпија и од Целје, кој му бега за пет бода.

Алуминиј има одлична сезона, но тргна во кам-бекот на првенството со пораз од Мура што не им дозволи да го прескокнат Марибор. Ова е второто дерби на колото, по мечот меѓу Олимпија и Целје и ќе одлучува која екипа ќе фати приклучок во битката за титулата.

Традицијата е на страната на најтрофејниот клуб во Словенија. Марибор кој е 15-кратен првак има 10 меча по ред без пораз од Алуминиј и типуваме дека ќе ги освои бодовите и денеска.

Предлог тип: 1&ГГ (3.10)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life со специјални коефициенти можете да ги одиграте следните три натпревари:

Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид (Шпанија, 14 часот)

Предлог тип: Х2&2-3 гола (2.90)

Шалке 04 – Баер Леверкузен (Германија, 18 часот)

Предлог тип: 1+I&2+II (2.75)

Реал Мадрид – Еибар (Шпанија, 19.30 часот)

Предлог тип: 1&ГГ (2.90)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести