Баерн нема дилеми, вечерва слави шампионска титула против тимот кој им е редовен „пациент“

Тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик, е нестрплив кога се работи за освојување на титулата во Бундеслигата. Стратегот на германскиот гигант вели дека вечерва по дуелот со Вердер Бремен, играчите на Баерн треба да се радуваат на нов голем трофеј.

Баерн Минхен моментно има седум бода повеќе од Борусија Дортмунд, која е единствена со теоретрски шанси да го сопре германскиот гигант. Само уште една победа, односно три освоени бодови се доволни за Баерн и официјално да стигне до јубилејната 30-та титула.

„Сакам да ја завршиме работата против Вердер. Тоа е нашата цел. Влеговме во страшна форма и сакаме да продолжиме во тој ритам. Сега главна цел е одбрана на титулата во Германија“, вели Флик.

Баерн во моментов има 12 победи  во низа во сите натпреварувања и сигурно ќе сакаат таа низа да продолжи, а Вердер Бремен е како нарачан противник. На последните 18 дуели меѓу денешните ривали немало дилеми. Баерн Минхен победувал, а во есенскиот дел од оваа сезона Баерн на свој терен во Минхен беше убедлив со 6:1.

 

- Оглас -

Најнови вести