Штутгарт има зицер за Бундеслига што не се промашува

Ајнтрахт Франкфурт – Шалке 04 (Германија, 18.30 часот)

И двете екипи имаат доволно бодови за да не стравуваат за опстанок, иако сезонава не беа на очекуваното ниво. И Ајнтрахт и Шалке разочараа, па тешко дека ќе можат да стигнат до европски настап следната сезона.

Мечот без публика на „Комерцбанк арената“ во Франкфурт ќе биде ревијален, само за престиж, па може да се очекува отворен и напаѓачки фудбал.

На последните десетина меѓусебни дуели со ретки исклучоци не беа ефикасни, но сега нема причина да не се игра за гол повеќе.

Проблемите на Шалке 04 се веќе познати. Дури 10-мина фудбалери им се повредени, меѓу нив и капитенот Омар Маскарел, а нема да игра и неговата замена Даниел Калиџури поради жолти картони. Интересно е што и третата опција за капитен Гвидо Бургшталер е повреден, па тренерот Вагнер треба да одбере четврта опција.

Шалке нема победа на 13 меча по ред во Бундеслигата, а и денеска не е фаворит. Ајнтрахт е поблиску до триумф, но ние ќе типуваме на голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.03)

 

Штутгарт – Сандхаузен (Германија 2, 18.30 часот)

Штутгарт има зицер за Прва лига и со победа денеска ќе му побегне на Хамбургер за еден бод на две кола до крајот на Цвајта.

Дарко Чурлинов малку игра во услови кога се бие тешка битка за пласман во Бундеслигата, но можно е да добие шанса против Сандхаузен.

Гостите се безбедни на 10-тото место и речиси сигурно продолжуваат во Втората лига, па немаат посебни амбиции. Штутгарт игра променливо во продолжението на сезоната, но ваква шанса не смеат да пропуштат и на две кола до крајот да го преземат од Хамбургер второто место што гарантира влез во Првата лига за следната сезона.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

Еибар – Атлетик Билбао (Шпанија, 19.30 часот)

Дербито на Баскија е многу важно за двете екипи, особено за Еибар. Домаќинот бие битка за опстанок, но ќе игра против ривал што го нема победено на последните 8 официјални дуели.

Против Реал Мадрид на премиерата од продолжението на сезоната Еибар одигра солидно, иако загуби. Атлетик Ја има третата најдобра одбрана во Ла Лига и повторно ќе се обиде со цврста игра да ја продолжи низата од успеси против локалниот ривал од Баскија.

Гостите имаат подобар тим, домаќинот е со поголеми мотиви, па се очекува тежок меч. Типуваме дека Атлетик нема да загуби на натпревар со малку голови.

Предлог тип: Х2&0-3 гола (1.63)

 

ЛАСК – Штурм (Австрија, 20.30 часот)

ЛАСК го загуби и големото дерби со Салцбург и за неполн месец доживеа огромен дебакл. Од први фаворити за титулата, најпрво сами си направија проблем, па беа казнети со одземање на шест бода, а потоа и не успеаја да победат ниту еднаш откако има камбек на Типико Бундеслигата.

Сега загрозен им е и настапот во европските купови за следната сезона, па победа против Штурм им е императив. Клубот од Линц има многу солиден состав, иако го зафати криза, а дуелот со последнопласираната екипа во плејофот му е шанса за сефте триумф во посткорона ерата.

ЛАСК нема пораз од Штурм на последните четири официјални меѓусебни натпревари и типуваме дека таа серија ќе продолжи.

Предлог тип: 1&3+ (2.22)

 

Манчестер сити – Арсенал (Англија, 21.15 часот)

Конечно по долга пауза од три и пол месеци денеска ќе се игра премиерлигашки фудбал. За рестартирање има два меча, а вториот меѓу Манчестер сити и Арсенал е дерби.

Популарните Граѓани од Манчестер ќе мора да му ја предадат титулата на Ливерпул, кој им бега за убедливи 25 бода. Сепак фудбалерите на Сити имаат мотиви за игра и ќе сакаат да ја одбранат вицешампионската позиција и што подобро да се подготват за августовските мечеви во Лигата на шампионите.

Арсенал ќе се обиде да фати приклучок во битката за позициите што носат настап во европските купови. Топчиите се во неудобна позиција, заостануваат зад главните конкуренти за пласман во Лигата на шампионите, но подвиг на празниот „Етихад“ добро би им дошол како голем поттик за продолжението на сезоната.

Арсенал ќе се обиде да ја прекине долгата низа од шест порази против Сити, но тоа ќе биде тешко. Типуваме на победа на домаќинот со голови во мрежите на двата тима.

Предлог тип: 1&ГГ (2.45)

 

- Оглас -

Најнови вести