Пет сигурни меча и три опасни дуели за одличен коефициент од 250 нудат прогнозерите

Вкупно 853 прогнозери беа дел од јубилејното 30-то коло на Спортска прогноза и ги дадоа своите предвидувања за понудените 13 меча за овој викенд. Вчера се одиграа пет меча, а за денеска и утре остануваат да се доиграат уште осум средби. Вкупно четворица од прогнозерите имаат максимални пет погодоци од одиграните вчерашни средби.

Според прогнозите на играчите на Спортска прогноза, од денешните седум средби, дури пет меча имаат изразити фаворити, па преку 80 отсто имаат идентично мислење за конечен тип. Дури 83 отсто веруваат во победа на Селта Виго против Алавес, Преку 91 отсто очекуваат победа на Челзи на гости кај Астон вила, а неверојатни 95 отсто се дека Валенсија ќе ги освои трите бода на свој терен против Осасуна.

Валенсија не е најголем фаворит денеска. Таа улога ќе му припадне на Интер кој на „Џузепе Меаца“ ја пречекува Сампдорија, а дури 96,6 отсто очекуваат победа на домаќините. Секако и Реал Мадрид е голем фаворит за победа на гости кај Реал Сосиедад, а во Кралевите веруваат дури 85 отсто.

Од сите мечеви кои се играат денеска посебно интересно ќе биде градското дерби на Ливерпул, каде Евертон е домаќин на лидерот во Премиер лигата. Тимот на Јирген Клоп е фаворит и за двојка се одлучиле 70 отсто од 853-цата прогнозери. Њукасл дома го пречекува Шефилд, а „кец“ чекааат 58 отсто.

Единствениот икс од преостанатите осум меча се очекува да биде на последниот, утрешен меч меѓу Вилјареал и Севилја. За мирољубив крај типуваат 54 отсто од прогнозерите.

Ако се направи тикет од овие осум меча кои се дел до понудата на Спортска прогноза, според најчесто избраните типови, вкупниот коефициент е одлични 250,15 што значи дека со само 20 вложени денари можната добивка е 5.000 денари.

ТИКЕТ ОД ПРЕДВИДУВАЊАТА НА ИГРАЧИТЕ НА СПОРТСКА ПРОГНОЗА

1309                           Селта Виго – Алавес                1            2.00 коеф.

1009                           Њукасл – Шефилд ј.                 1            3.15 коеф.

1010                           Астон вила – Челзи                  2            1.57 коеф.

1310                           Валенсија – Осасуна                 1            1.92 коеф.

1101                           Евертон – Ливерпул                  2            1.65 коеф.

3004                           Интер – Сампдорија                  1            1.38 коеф.

2848                           Соседад – Реал Мадрид           2            1.78 коеф.

2847                           Вилјареал – Севилја                  Х            3.25 коеф.

——————————————————— Вкупен коефициент:     250,15

 

- Оглас -

Најнови вести