Романскиот Ливерпул нема да прокоцка шанса за победа

Газ Метан – Универзитатеа Крајова (Романија, Лига 1, 19 часот)

Кристијано Бергоди одлично ја подготвил Универзитатеа за продолжението на првенството, а четирикратниот романски првак е единствената екипа со максимален учинок во плејофот.

Популарните студенти чекаат титула 29 години и сега имаат златна шанса за освојување на пехарот. Моментно се на второто место во плејофот со 35 бода, но во минатото коло направија брејк со триумф од 3:2 кај Клуж, кој е лидер и актуелен шампион.

По рестартот, Универзитатеа има три победи и стопи три бода предност од четирите што ги имаше актуелниот шампион Клуж. Вечерва Студентите повторно ќе гостуваат, сега кај последнопласираниот Газ Метан.

Тимот од Крајова допатува во Медијас за да продолжи две добри серии. Имаат три победи по ред во плејофот за титулата и четири против Газ Метан.

Типуваме и на петти успех по ред во меѓусебните натпревари на екипата што има одлични шанси и за петтата титула во Романија, а ќе ја почитуваме и традицијата која покажува дека на мечевите меѓу Газ Метан и Универзитатеа има доста голови.

Предлог тип: 2&ГГ (3.45)

 

Санта Клара – Маритимо (Португалија, Примеира, 20.15 часот)

Двете екипи играат солидно во продолжението од првенството, а интересно е што ја победија Бенфика во последните две кола и речиси му ја подарија титулата на Порто.

Санта Клара е во безбедната зона, во средината на табелата со 38 бода и нема грижи за опстанок, што сè уште не е случај со Маритимо.

Гостите се само 4 бода над зоната за испаѓање на пет кола до крајот на шампионатот и денеска не смеат да загубат. Предност за Маритимо е што домаќините се без императив, но и традицијата со 3 победи и едно реми на последните четири меѓусебни дуели со Санта Клара.

Предлог тип: Х2 (1.64)

 

Кротоне – Беневенто (Италија, Серија Б, 21 часот)

Беневенто веќе го прослави враќањето во Серија А и лидерот во Втората лига може да игра релаксирано до крајот на сезоната. Избраниците на Филипо Пипо Инѕаги одиграа извонредно и го израмнија рекордот на Асколи од 1977/78, како две екипи кои на 7 кола до крајот на првенството обезбедиле промоција во Калчото.

Кротоне може да му се приклучи на Беневенто бидејќи е на втората позиција, која исто така гарантира пласман во Серија А. Битката за вицешампион во Втората лига ќе биде жестока бидејќи има 5-6 екипи што се закана за Кротоне.

Денеска тие као домаќини се фаворити, им треба победа за да се задржат на второто место, а Беневенто во последните 7 кола ќе игра само за престиж.

Типуваме на единица, а како поткрепа е податокот дека Кротоне никогаш не загубил на свој терен од популарните Вештерки и билансот им е 6 победи и две нерешени.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

Чарлтон – Милвол (Англија, Чемпионшип, 21.15 часот)

Двајца поранешни играчи на Чарлтон во различни генерации сега ќе бидат противници како менаџери на двете екипи. Ли Бојер, кој е сега тренер на Чарлтон, имаше многу повпечатлива фудбалска кариера од Гери Роувет, а денеска ќе треба да покаже и дека е подобар во тренерската струка.

Задачата за пргавиот Бојер, кој имаше неколку незаборавни инциденти како играч, ќе биде сложена, а Чарлтон ќе игра против една исклучително лоша традиција. Имаат црна серија од 13 меча без победа против Милвол и се чини во моментов и послаба екипа.

Милвол се бори за да фати една од позициите што водат во доигрувањето за едно место во Премиер лигата и е благ фаворит.

Чарлтон бие битка за опстанок, а и двете екипи тешко даваат голови, особено во продолжението на сезоната.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.59)

 

Атлетико Мадрид – Мајорка (Шпанија, Ла Лига, 22 часот)

Премиерниот меч од 34-тото коло во Ла Лига ќе биде многу интересен. Се ближи финишот на сезоната, па бодовите во оваа фаза се исклучително важни.

Атлетико е во многу покомотна ситуација од Мајорка и дури и со реми нема да си ги расипе плановите и позицијата за настап во Лигата на шампионите.

Чоло Симеоне одлично ја подготви екипата што е без пораз по камбекот на Ла Лига и има 4 победи и 2 нерешени. Атлетико е фаворит според квалитетот, но нема да му биде лесно против Мајорка.

Гостите доаѓаат на празната „Ванда Метрополитано“ со кренат гард и ќе мора да играат напаѓачки. Мајорка има пет бода помалку од Селта и ќе мора да најде начин да ги надомести во последните пет кола, ако не сака да се врати во Втората лига.

Очекуваме и Александар Трајковски да добие шанса да игра и ќе типуваме дека гостите ќе постигнат барем еден гол.

Предлог тип: ГГ (2.90)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life со специјални коефициенти можете да ги одиграте следните три натпревари:

Жирона – Сарагоса 1Х&2+ (1.95)

Санта Клара – Маритимо Х Било кога (1.80)

Атлетико Мадрид – Мајорка 1&2-4 (2.05)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести